Чавушоглу: Ние сме природни сојузници, а сега веќе ќе бидеме партнери и во НАТО

Со Македонија уште пред да биде поканета во НАТО имавме природно сојузништво и во сите официјални документи на НАТО каде се споменуваше Македонија беше истакнато дека ја признаваме земјата под уставното име. 

Ние сме природни сојузници, а сега веќе ќе бидеме партнери и во НАТО, истакна шефот на дипломатијата на Република Турција, Мевлут Чавушоглу на денешната заедничка прес-конференција со неговиот домаќин министерот за надворешни работи Никола Димитров.

-Со Македонија уште пред да биде поканета во НАТО имавме природно сојузништво и во сите официјални документи на НАТО каде се споменуваше Македонија беше истакнато дека ја признаваме земјата под уставното име. И во понатамошниот период нашата поддршка ќе продолжи. Националното Собрание на Турција го ратификува Пртоколот за членство во НАТО пред мојата посета и затоа сме особено среќни. Поради изборите имавме доцнење, но сега тој процес е завршен, а откако ќе продолжи и во другите земји се надевам дека Македонија и официјално ќе биде членка на НАТО што е од суштинско значење за регионот, рече Чавушоглу.

Тој изрази поддршка и за евроинтеграцијата на земјата и кажа дека се надева оти Македонија во октомври ќе ги започне преговорите за членство во ЕУ. Ја најави и посетатата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на нашата земја која е во подготовка.

Министерот Димитров се заблагодари на Турција за ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО.

-Тоа не менува ништо суштиски бидејќи ние сме сојузници уште од првиот ден на нашата независност, но сега и формално, а наскоро како идна членка на Алијансата ќе станеме и во таа смисла сојузници со пријателска Турција, рече Димитров.

Тој се заблагодари на Турција и за проектот за дигитализација на архивот на нашето МНР реализиран со поддршка од турската агенција за соработка и развој – ТИКА, кој денеска во просториите на Министерството беше пуштен во употреба. Со дигитализацијата ќе се овозможи пристап до архивите и нивна достапност за научни истражувања.

Во однос на економската соработка Чавушоглу оцени дека трговската размена континуирано расте, но потребни се уште напори да се постигне зацртаната цел таа да дистигне вредност од една милијарда долари, а во тоа помагаат, додаде и околу 100 турски компании кои инвестирале во земјава. ТИКА нагласи тој во земјава досега реализирала 900 проекти со вредност од околу 100 милиони долари.

Чавишоглу вчера во Скопје присуствуваше на одбележувањето на тригодишнината од неуспешниот обид за државен удар во Турција. Во тој контекст турскиот министер за надворешни работи се заблагодари на народот на Македонија, за поддршката и солидарноста со Турција во тој период. Нагласи дека ФЕТО е терористичка организација, која со својата мрежа во 160 држави во светот е закана и за нашата земја и рече дека очекува конкретни чекори во насока на нивните барања за ФЕТО.

Во рамки на дводневната официјална посета на Македонија, министерот Чавушоглу се сретна и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, а треба да има средба и со премиерот Зоран Заев.

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер