Фото: Костими за капење „Лето 2019“

Девојки избирајте, мажи слободно гледајте!  Вака кратко може да се опише  модната ревија за лето 2019 во Мајами.

Времето на годишните одмори е во полн ек, во Мајами деновиве се одржа модна ревија на костими за капење „Лето 2019“.

На ревијата беа презентирани костими за капење за сите жени.

Голема забава со попусти и изненадувања за отворањето на новото Веро и Џамбо во Тетово

„Веропулос“ в понеделник (26 август) ќе го одбележи отворањето на реновираниот маркет во Тетово кој сега добива и свој „Џамбо“ маркет. 

Со многу забавни активности за најмладите и со специјални попусти и подароци за потрошувачите, компанијата „Веропулос“ в понеделник (26 август) ќе го одбележи отворањето на реновираниот маркет во Тетово кој сега добива и свој „Џамбо“ маркет. Станува збор за маркетот лоциран на улицата Борис Кидрич бб, кој беше третиот Веро маркет отворен во земјава по двата отворени во Скопје при крајот на деведесеттите години и кој сега доби нов, модерен лик согласно светските трендови во малопродажбата.

Големата забава по повод отворањето на реновираниот Веро маркет и нова продавница Џамбо ќе почне во 16 часот и ќе биде наменета за целото семејство. За најмладите ќе се организираат забавни игри со слатки награди, дружење со омилените ликови од цртаните филмови и многу интересни подароци за сите. За возрасните, Веро маркетот ќе понуди специјални попусти, акции и изненадувања. Притоа, за секоја сметка над 1.000 денари направена во периодот од 26 дo 28 август, потрошувачите во овој маркет ќе добијат ваучер од 100 денари кој може да го искористат за пазарување во новиот „Џамбо“ маркет.

 Освен во добрата музика и забавата, посетителите на отворањето ќе уживаат и во бројни дегустации на различни производи што ќе се одвиваат пред Веро маркетот.    

- Проширувањето на мрежата Веро маркети и продавници „Џамбо“ е настан кој традиционално го одбележуваме заедно со нашите потрошувачи, со забавни содржини во кои главниот фокус секогаш е врз најмладите. Концептот на „Веро“ и на „Џамбо“ е да понудат сѐ на едно место за целото семејство, а тоа подразбира на едно место да овозможат најдобри цени, најквалитетни производи, врвна услуга и поразлично шопинг искуство во кое подеднакво ќе уживаат сите генерации. Концептот на отворање „Веро“ и „Џамбо“ маркети под ист покрив покажува извонредни резултати, така што го применивме и кај модернизираниот маркет во Тетово и планираме да го применуваме секаде каде што тоа ќе го дозволат просторните услови – вели Љубица Короскоска, маркетинг-директор на компанијата „Веропулос“ во Македонија.        

Оваа компанија досега во Македонија има отворено 13 Веро маркети во Скопје, Тетово и Битола, како и продавници „Џамбо“ во трите градови.

В недела ќе се плива маратон на Мавровско Езеро

 Во водите на Мавровско Езеро в недела ќе се одржи шестата трка од Македонскиот куп во далечинско пливање. 

Пливачкиот маратон е дел од годинешното одбележување на празникот „Успение на Пресвета Богородица" во селото Леуново.

Натпреварите во три возрасни категории за пливачи од 12 до 14 години, од 15-17 и над 18 години, ќе започнат во 13 часот на стартот од Маврови Анови во близина на амбулантата, а целта ќе биде во близина на хотелот „Радика". Должина на патеката зинесува три километри.

Натпреваривачите ќе се бодуваат според правилата на Меѓународната федерација за пливачки спортови (ФИНА) за трки на отворени води.

Според најавите, се очекува да настапат пливачи од повеќе македонски клубови од Македонија.

Прогласувањето на најдобрите и доделувањето на наградите ќе се одвива во Леуново по завршувањето на трките.

Организатори на овој натпревар е Националната пливачка федерација, Општина Маврово-Ростуше, пливачкиот клуб „Охридски бранови", Кајак Клуб „Бабуна". Пријавувањето ќе трае до 25 август и тоа може да се направи на адресата nacionalnaplivackafederacija@yahoo.com. 

Видео: Дебитна картичка со вграден скенер за отпечатоци од прсти

Оваа технологија ќе придонесе за додатна безбедност во користењето на вашите дебитни картички.

Досега читачи за отпечатоци од прсти беа вградувани во паметните телефони од повисокиот сегмент, па преку нив можевте да ги регистрирате вашите дебитни картички и да ја имате опцијата за безбедно плаќање. Отсега оваа функција ќе можете да ја имате директно на вашата дебитна картичка.

притисни ентер