МЗ: Дисперзираниот систем на пациентите во уште четири други општини, се решава децениски проблем со Центарот за зависности

  Во тек се подготовки за дисперзија на дел од пациентите кои се вклучени во програмата за третман и превенција од зависности во Центарот во Кисела Вода. 

Со ова се решава деценискиот проблем со Центарот за зависности во Кисела Вода. Пациентите кои се вклучени во програмата за третман и превенција на зависности ќе бидат распределени согласно општината во која живеат и според локациите на кои ќе бидат пунктовите, соопшти денеска Министерството за здравство.

Од Министерството посочуваат дека дисперзијата ќе следи во општинските пунктови кои се наоѓаат во поликлиниките „Јане Сандански", во населба Ченто и Бардовци и во Градската општа болница „8 Септември" во Карпош.

-Министерството за здравство смета дека во интерес на пациентите е поддршката од лекарите да ја имаат во пункт во својата општина или општината која е најблиску до локацијата на која се наоѓа пунктот. Во овие пунктови, пациентите ќе добиваат метадонска терапија, додека проценката за промена на терапија ќе ја прави психијатарот кој е одговорен за пациентот и истиот ќе утврди колку пати неделно пациентот треба да ја зема терапијата. Со оглед на тоа дека во пунктовите ќе бидат третирани околу 120 пациенти, кои се дел од програмата за лекување и третман, веќе нема да се создава метеж околу пунктовите и ќе се зајакне контролата на целиот процес, се вели во соопштението од Министерство за здравство.

На лекарите, сметаат од Министерството, ќе им биде олеснета работата бидејќи ќе имаат помал број на пациенти. Распределувањето на психијатрите е во рамки на внатрешната организација на јавната здравствена установа во која се вработени и во која ја извршуваат здравствената дејност во однос на лекување на зависностите, а тоа е Психијатриска болница–Скопје.

Во тек се административните подготовки на пунктовите кои се веќе просторно опремени. Штом завршат овие подготовки, пунктовите веднаш ќе бидат пуштени во функција. Министерството за здравство нагласува дека ниту еден пациент не смее да биде дискриминиран по ниту еден основ, и оти нивна обврска е да се грижиме за секој пациент подеднакво.

-Едно од основните човекови, загарантирани права е да добие здравствена заштита. Секој има право на достапна и квалитетна здравствена заштита и услуга. Дисперзијата е системско решение кое Министерството за здравство успеа да го реши во полза, пред се на пациентите, потоа и на сите граѓани во земјава. Ваквите процеси треба да бидат поддржани од сите нас, само така ќе напредуваме, нема потреба од стигми и стравови. Целиот процес на лекување на овие пациенти ќе биде строго контролиран, а во него, покрај здравствените работници ќе бидат вклучени и сектори од други министерства, невладиниот сектор кој работи со оваа целна група на лица, но и семејствата на пациентите, се додава во соопштението од МЗ.

Од Министерството веруваат дека овој процес на дисперзија од Кисела Вода во другите општини на овие пациенти е во интерес на заедницата, на напредок на здравствениот систем и соодветен третман на пациентите.

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите од НАТО

 Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите од НАТО, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

„Руската Федерација никогаш не била закана за НАТО. Ние немаме ниту геополитички ниту воени интереси да ги нападнеме земјите од блокот, ние едноставно го штитиме нашиот народ на нашите историски територии“, рече Шојгу на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки. на Шангајската организација за соработка во главниот град на Казахстан, Астана.

Шојгу нагласи дека Русија секогаш вложувала максимални напори за одржување на стратешката стабилност и рамнотежа на силите во светот. /МИА

Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко

 Полицијата сомничи малолетник од струмичко село дека вчера извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко, соопштија денеска од СВР Струмица.

Според соопштението, вчера во Полициската станица во Струмица во присуство на родител бил повикан малолетникот, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки се преземаат мерки за негово расчистување.

Инаку, вчера полицијата информираше за уште еден случај за обљуба врз малолетничка. Четиресет и пет годишен жител на Радовиш се сомничи дека во периодот од јануари до април во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.

Лазаров го објави поширокиот список за баражот со Фарски Острови

Во стручниот штаб предводен од Лазаров за дуелите против Фарски Острови е вклучен и поранешниот долгогодишен репрезентативец Стојанче Стоилов.

Вкупно 36 ракометари, од кои петмина интернационалци, се најдоа на поширокиот список кој селекторот на македонската машка репрезентација Кирил Лазаров го објави денеска за мајските бараж натпревари против Фарските Острови за пласман на Светското првенство во 2025 година.

Во стручниот штаб предводен од Лазаров за дуелите против Фарски Острови е вклучен и поранешниот долгогодишен репрезентативец Стојанче Стоилов.

Македонските ракометари првиот бараж натпревар против Фарски Острови ќе го одиграат на 8 мај на гостински терен, а реваншот е на 12 мај во Скопје, со почеток во 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

Повикани ракометари:

НИКОЛА МИТРЕВСКИ ФК ПОРТО

МАРТИН ТОМОВСКИ РК ВАРДАР 1961

МАРКО КИЗИЌ РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

ИВАН ГАЛЕВСКИ РК АЛКАЛОИД

ЦВЕТАН КУЗМАНОСКИ РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

ПЕТАР АТАНАСИЈЕВИЌ РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

ГОЦЕ ОЈЛЕСКИ ГРК ОХРИД

ДИМИТАР ДИМИТРИОСКИ ЦД БАЛОНМАНО АТЛЕТИКО ВАЉАДОЛИД

НИКОЛА КОСТЕСКИ ТАЛЕНТ ПЛЗЕН

НИКОЛА СТОИЛЕВ ГРК ОХРИД

МАРТИН ПОПОВСКИ ГЦ АМИЧИТИА Цирих

ЖАРКО ПЕШЕВСКИ РК ЕВРОФРАМ ПЕЛИСТЕР

МИЛАН ЛАЗАРЕВСКИ РК ВАРДАР 1961

НИКОЛА МАРКОСКИ РК АЛКАЛОИД

МАРКО СТОЈКОВИЌ РК АЛКАЛОИД

МИХАИЛ АЛАРОВ РК ВАРДАР 1961

ВАЛЕНТИН КАРАСМАНАКИС РК АЛКАЛОИД

КРИСТИЈАН АТАНАСОВ ГРК ТИКВЕШ 2014

ТОМЧЕ СТОЈАНОВСКИ РК БУТЕЛ СКОПЈЕ

ТОМИСЛАВ ЈАГУРИНОСКИ РК ВАРДАР 1961

МАРТИН ВЕЛКОВСКИ РК АЛКАЛОИД

ФИЛИП НИКОЛОВ РК БУТЕЛ СКОПЈЕ

МАРТИН СЕРАФИМОВ РК АЛКАЛОИД

ДАВИД САВРЕВСКИ РК АЛКАЛОИД

ДАМЈАН МИТЕВ РК АЛКАЛОИД

МАРТИН КАРАПАЛЕВСКИ РК ВАРДАР 1961 г

МАРКО МИТЕВ РК АЛКАЛОИД

МАРИО ТАНКОСКИ РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

ИВАН ЈОНОВ РК АЛКАЛОИД

ЕМИЛИЈАН ЖОРГОСКИ РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

ПАВЕЛ АТАНАСИЈЕВИЌ РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

ФИЛИП КУЗМАНОВСКИ РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

ФИЛИП ТАЛЕСКИ Спорт Бенфика (ПОР)

МИХАЈЛО МЛАДЕНОВИЌ РК АЛКАЛОИД

МАРКО МИШЕВСКИ РК ВАРДАР 1961

ГОРАН ХРИСТИЈАНСКИ ГРК ОХРИД.

притисни ентер