Врховниот суд ја потврди делумната одговорност на Холандија за убиството на 350 луѓе од Сребреница

Врховниот суд на Холандија, денеска ја потврди поранешната одлука според која Холандија е делумно одговорна за смртта на 350 луѓе од Сребреница во јули 1995 година пренесуваат холандските медиуми.

Убиените сребреничани за кои Холандија има одговорност прво биле протерани од базата на холандскиот баталјон на Обединетите нации на 13 јули 1995,а потоа биле ликвидирани.

Заев: Стануваме дел од најмоќната воено-безбедносна и политичка алијанса на светот

Премиерот Заев заедно со министерката за одбрана Шекеринска и претседателот на собранието, Џафери, остварија средба со адмирал Џејмс Фого, командантот на американските поморски сили за Европа и Африка. 

Средбата се одржа на носачот на авиони „Хари С. Труман“.

Тоа беше можност одблиску да се доживеат импресивните воени способности на воено поморските сили на САД, кои им служат на американските, но и на сите граѓани на земјите – членки на НАТО алијансата, напиша на Фејсбук премиерот Заев.

Путин и Зеленски за прв пат се сретнаа во Париз

Во Париз денес се одржува состанок на германската канцеларка Ангела Меркел, претседателот на Франција Емануел Макрон но и рускиот и украинскиот лидер Владимир Путин и Володимир Зеленски.

Четворката се состана за да пробаат да најдат решение за прекин на петгодишните  конфликти на истокот од Украјна, а средбата е означена како клучна.

Инаку, ова е прв состанок на руски и украински претседател во пет години.

Намалена видливост на неколку патни правци

Намалена видливост поради појава на магла до 30 метри има на патниот правец Попова Шапка – Гајре – Тетово, до 150 метри на Плетвар, Кичево и Македонски Брод, од 50 до 100 метри во Крива Паланка и до 50 метри во Тетово – Групчин.

-Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево./МИА

притисни ентер