ОТА следи 159 телефонски броеви со судска наредба

Оперативно техничката агенција – ОТА во моментов следи 159 телефонски броеви, а меѓу нив постои можноста да се и броеви од случајот кој го води ОЈО -  “Рекет”.

Директорот на агенцијата Зоран Ангеловски вели дека согласно законот наредбите од судот за тоа кои телефонски броеви треба да се прислушуваат ги добива со скриен идентитет. Прашан за дел прислушуваните разговори кои излегуваат во јавноста, Ангеловски вели дека очекува тој тренд да продолжи и во иднина.

Од собраниската комисија за надзор над комуникациите кои беа во редовна контрола, велат дека сите прислушувани разговори се следат со барање од соодветна инстанца. Сепак, од таму велат дека за подобро функционирање на агенцијата потребно е и вработување на ИТ експерт.

ОТА започна со работа минатата година, а беше формирана откако во 2015-та година беше откриено дека системите за следење на комуникации се злоупотребувале за приватни и партиски цели, за што СЈО ги води случаите Таргет и Тврдина.

Агенцијата согласно законот го изведува само техничкиот дел од следењето на комуникациите, а снимките се предавани на органот кој го побарал тоа.

Грета ги повика медиумите да посветат повеќе внимание на другите млади активисти

Познатата активистка Грета Тунберг денес ги повика медиумите да посветат повеќе внимание на другите млади климатски активисти.

„Нашите приказни се кажани повеќе пати“, рекла Грета додека говорела на климатскиот состанок на ОН во Мадрид заедно со истакнатата германска активистка Луиса Нојбауер, пренесе „АП“.

„Нема потреба веќе да не слушате“, порача таа и додаде дека луѓето, посебно оние од глобалниот југ, од домородни заедници, треба да ги раскажат своите приказни.

Грета потоа го дала микрофонот на другите млади активисти од САД, Филипини, Русија, Уганда Кина и Маршалските острови.

Во Загреб се отворила дупка на патот, едено возило пропаднало

Возачот е повреден и префрлен во болница.

Како што јавуваат од загребската служба за итни ситуации, околу 17 часот на една улица  во Загреб се отворила голема дупка.

Јавуваат дека се работи за дупка со длабочина од 160 до 180 центиметри и ширина од 250x350 центиметри. Едно возило пропаднало во отворот а возачот е повреден и пренесен во болница.

Улицата потоа е затворена за сообраќај а на терен се загребските пожарникари, брзата помош, полициската управа,  и други тимови за справување со вакви ситуации.

Заев: Стануваме дел од најмоќната воено-безбедносна и политичка алијанса на светот

Премиерот Заев заедно со министерката за одбрана Шекеринска и претседателот на собранието, Џафери, остварија средба со адмирал Џејмс Фого, командантот на американските поморски сили за Европа и Африка. 

Средбата се одржа на носачот на авиони „Хари С. Труман“.

Тоа беше можност одблиску да се доживеат импресивните воени способности на воено поморските сили на САД, кои им служат на американските, но и на сите граѓани на земјите – членки на НАТО алијансата, напиша на Фејсбук премиерот Заев.

притисни ентер