Фараж : Меган му ја намали популарноста на принцот Хари

Лидерот на британската опозиција , Најџел Фараж ги критикуваше членовите на кралското семејство и рече дека популарноста на принцот Хари нагло се намалила откако ја сретнал Меган Маркл.

Фараж на конференција на десничарските партии во Австралија рече и дека се надева на долг живот на кралицата Елицабета II , поради ставовите на нејзиниот син Чарлс поврзани со климатските промени. Неговиот портпарол изјави дека ставовите на Фараж не биле кажани во официјалниот дел на конференцијата. Според британски гардијан , на медиумите не им бил дозволен простап на конференцијата во Сиднеј , но вчера се појавиле снимки од делови од говорот на опозицискиот лидер на Британија.

Во врска со принцот Хари рекол дека тој бил еден од најпопуларните претставници на кралското семејство во 100 тина години , се додека не ја сретнал Меган Маркл.

„Го имаме Хари, млад, храбар, огромен, маж, влегуваше во неволји, се забавуваше до бескрај несоодветно облечен, пиеше премногу и предизвикуваше секаков вид на реакции.И тогаш се запозна со Меган Маркл, и неговата популарност се стрмоглави ". рече Фараж .

Од партијата ,,Брегзит” не го коментираат однесувањето и изјавата на нивниот лидер , освен дека ваквиот коментар не бил воопшто важен во однос на крајната цел , а тоа е да се дојде до Брегзит.

Блинкен за неколку дена во Израел, седми пат од почетокот на војната

 Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во вторник ќе го посети Израел, седми пат по терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше како одговор на Израел во Појасот Газа.

Јавниот сервис Кан денеска јави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафа, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држи Хамас.

Блинкен моментално е во посета на Кина.

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа, ние ќе продолжиме да се бориме.

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа.

Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин, за прогресивна и европска иднина на Македонија.

Резултатот на изборите на 8 мај сè уште не е одлучен.

Со десничарите може да се соочиме со мрачни сценарија од минатото, кои ќе стават крај на европските перспективи и кои водат во нова долга изолација и нови поделби во општеството.

Веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество. Тензиите што се сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато.

Затоа е исклучително важно граѓаните да излезат и да гласаат на 8 мај, за напредна држава, држава во која ќе имаме подобар животен стандард.

Нема откажување од иднината!

СДСМ

Јанчев: Се поставуваат сливници и решетки во село Возарци

Во тек е поставување на сливници и решетки во село Возарци, откако претходно беше поставена атмосферска и фекална канализација, објави на социјалните мрежи првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. 

Во тек е поставување на сливници и решетки во село Возарци, откако претходно беше поставена атмосферска и фекална канализација, беа асфалтирани сите споредни улици како и комплетно целата главна улица.

Инвестиција на Општина Кавадарци во висина од 20.000.000 денари, а изведувач е фирмата Жикол.

За убаво Кавадарци. [🍀], напиша Јанчев на Фејсбук.

притисни ентер