Црна мечка им влегла дома , а кога излегувала направила дупка во ѕидот (ВИДЕО)

Викендов црна мечка влегла во куќа во американската држава Колорадо и избегала од неа така што направила голема дупка во ѕидот.

Од полициската станица Естес Парк соопштуваат дека мечката влегла во куќата во петокот вечерта , веројатно привлечен од мирисот на кантата за отпадоци.

,,По доаѓањето на службеникот , мечката направи дупка во ѕидот и избега.” , се наведува во полициското соопштение.

Локалните медиуми јавуваат дека никој не бил повреден.

Според полицијата од Колорадо , од 19 јули до 3. август годинава мечките влегле в над 35 возила и во девет станбени објекти , а на жителите им препорачуваат да ги затвораат вратите и прозорците.

Карлеуша објави фотографија од сопругата на Саша Поповиќ во бикини

Директорот на „Гранд“ Саша Поповиќ е со семејството во Опатија а тамо им се придружила и Карлеуша па заедно уживаат во одморот.

Карлеуша денес попладне ја натерала жената на Саша, Сузана Поповиќ да отвори Инстаграм профил. Потоа Карлеуша ја фотографирала во бикини и ја поставила фотографијата на својот профил за да ја промовира.

Фотографијата ги примамила фановите на Карлеуша па сите почнале да ја заследуваат Сузана на Инстаграм.

Анџелина Џоли низ солзи се прости од синот , кој замина на колеџ (ВИДЕО)

Актерката Анџелина Џоли вчера го испрати на колеџ својот најстар син Медокс на Универзитетот во Сеул , Јужна Кореја.

Доаѓањето на славната актерка во кампусот на факултетот предизвика голем интерес на студентите , кои од културна дистанца ја снимаа, но немаа храброст да и пристапат неа или на Медокс.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by jowonnn🦄☂️ (@xx_efu) on

Анџелина призна дека се воздржува да не заплаче , а со колку емоции го испраќа синот на факултет , се гледа на видеото , објавено од еден од студентите.

Во видеото се слуша дека Медокс одбрал да студира биоинженерство и дека ќе живее во студентскиот дом. Анџелина ги разочара фановите во Кореја , кога им кажа дека истиот ден се враќа во САД.

Бела Хадид позира за милион лајкови на Инстаграм (ФОТО)

Откако шокира со новата боја на косата , топ моделот Бела Хадид , ги освои фановите на Инстаграм со фотографиите во монокини.

Една од најпознатите манекенки на светот позираше во секси едноделен костум со исклучително длабоко деколте , а двете фотографии добија од вчера милион лајкови.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 🦋 (@bellahadid) on

Бела позира во градина со цвеќиња , а во коментарите фановите напишаа и дека со новата боја на косата многу личи на сестра и Џиџи.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 🦋 (@bellahadid) on

притисни ентер