Најпознатата плус сајз манекенка објави дека е бремена , фановите во транс (ВИДЕО)

Ешли Греам на својот Инстаграм профил објави дека е бремена , што ги израдува нејзините многубројни фанови.

Најпознатата плус сајз манекенка објави дека наскоро ќе стане мајка , а веста доаѓа на деветтата годишнина од бракот со сопругот Џастин Ирвин.

"Пред девет години, се омажив со љубовта на мојот живот. Тоа беше прекрасно патување со мојот најсакан. Денеска се чувствуваме толку благодарни, возбудени и благословени што мораме да го прославиме проширувањето на семејството . Среќна годишнина. Животот ќе стане уште поубав", напиша манекенката.

Нејзините обожаватели веднаш и честитаа  со добри желби, а коментарите се еуфорични.

„Ајде да направиме живот за овој живот што го создадовме“, напиша нејзиниот сопруг на фотографијата на кој ја бакнува Ешли и држи снимка од ултразвук.

Уште една смртна казна во САД , затвореникот побарал прошка од девојката која ја запалил (ВИДЕО)

Американец од Тенеси, кој бил прогласен за виновен за убиството на својата поранешна девојка откако ја запалил во неговиот автомобил пред скоро 30 години, егзекутиран е вчера на електричен стол во Нешвил, соопштија затворските власти.

Ли Хол (54) беше прогласен за мртов во 19:26 часот по локално време во затворот Ривербенд во Нешвил.

Хол беше осуден на смртна казна во 1992 година за убиството на 22-годишната Трејси Крозиер.

Во средата, гувернерот на Тенеси, Бил Ли изјави дека нема да интервенира во случајот, еден ден откако Хол беше преместен во ќелија веднаш до комората за извршување.

Хол поднел неколку неуспешни поплаки пред државните и федералните судови по неговото осудување за намерно убиство и подметнување пожар во 1992 година. Врховниот суд во Тенеси оваа недела го негираше неговото последно барање за суспензија бидејќи верува оти еден од поротниците бил пристрасен затоа што била жртва на семејно насилство.

Вчера попладне, Врховниот суд на САД  ја одби понудата за 11-часовно одложување на извршувањето.

Хол избра да му биде извршена смртната казна на електричен стол, со што стана четвртиот осуден американски затвореник што е погубен од 2018 година. Во 2014 година Тенеси повторно започна со употреба на електричен стол за извршување на смртна казна, што  се користи доколку некој затвореник го избере тоа или ако смртоносната инекција е недостапна.

Хол го изгубил видот заради глауком и е првата слепа личност што е егзекутиран  во поновата американска историја, пренесува „Дејли меил“.

„Мислам дека луѓето можат да научат да простуваат и сакаат и да го направат светот подобро место“, беа последните зборови на убиецот.

Пред егзекуцијата го добил и последниот оброк ,и тоа чизстејк, пржен кромид, торта со сирење и Пепси, соопштија затворските власти.

По извршувањето, адвокатот ја прочитал неговата изјава.

„Жал ми е за болката што ви ја предизвикав ... Ве молам простете ми“, му напишал убиецот на семејството на несреќната девојка.

Според судските документи, Хол ја полил својата поранешна девојка со бензин и ја запалил во неговиот Нисан ноќта на 16 април 1991 година, по расправија пред домот на неговата баба. Таа претрпела изгореници на 90 проценти од нејзиното тело, а починала по кратко време во болница.

Хол е 20-ти затвореник во САД и трет во Тенеси што беше егзекутиран во 2019 година.

Том Круз претерал со ботокс на лицето (ФОТО)

Според најновите фотографии на познатиот холивудски актер , тешко му е да се насмее , па американските таблоиди заклучија дека претерал со користење ботокс на лицето.

Не е тајна дека многу холивудски sвезди, во обид да го зачуваат својот младешки изглед, прибегнуваат кон естетски интервенции, а меѓу нив е и Том Круз.

Многумина на доделувањето на модните награди забележаа дека актерот има многу затегната кожа, а на фотографиите се гледа дека тој тешко се смее.

Странските медиуми претходно објавија за неговите наводни операции, а „Enquirer“ го објави и мислењето на пластичен хирург.

"Тој изгледа како да има лифтинг на лицето. Веројатно ставил и ботокс на челото. Неговото лице изгледа полно, можеби поради користење филери", изјави хирургот.

Американските научници предупредуваат : Бојата за коса го зголемува ризикот од рак на дојка

Според новата студија на американскиот Национален институт за здравство (NIH), трајните бои за коса и хемикалиите што се користат за да се исправи косата, го зголемуваат ризикот од карцином на дојка, со повеќе од шест пати поголем ризик за црните жени

Студијата набљудувала 46.709 жени и открила дека оние кои ја обоиле косата во период од една година пред да се вклучат во истражувањето , за 9% поверојатно можеле да заболат од карцином на дојка од жените кои не ја боеле косата во тој период.

Откриено е дека црните жени помалку ја бојат косата отколку белите, но ако почант со боење ,  и тие веројатно ќе заболат од карцином, пренесува Си-Ен-Ен.

Постојаната боја за коса е поврзана со 45% поголем ризик од карцином на дојка кај црните жени и 7% поголем ризик кај белите.

Честото боење исто така одиграло важна улога. Црните жени кои ја боеле косата на секои пет до осум недели, имаат 60% поголем ризик за развој на карцином на дојка.

Важно е да се напомене во толкувањето на овие резултати дека студијата забележала поврзаност, а не причинска зависност. Можеби, жените кои учествувале во истражувањето за студијата веќе имале поголем релативен ризик за развој на рак на дојка од некои други причини, како што е семејната историја.

Всушност, студијата го следи здравствениот статус на 46.709 учеснички во друга студија која ги разгледувала жените чии сестри имале дијагностициран карцином на дојка.

Истражување Hair dye and chemical straightener use and breast cancer risk in a large US population of black and white women е објавено во стручното списание International Journal of Cancer..

притисни ентер