Локализиран пожарот во близина на штипската населба Пребег

Пожарот во близина на штипската населба Пребег е локализиран, информира командирот на Територијалната Противпожарна единица-Штип, Тони Атанасов.

Пожарот е пријавен во 17 часот. Според првичните информации гореше сува трева и ниско стеблеста шума. Околу десеттина пожарникари излезгле на терен, со цел пожарот кој го зафатил ридот да не пристигне до блиските куќи.

Жителите во централното градско подрачје и во штипската населба Ново Село ја почувствуваа миризбата од чадот, што беше разнесен од силниот ветер.

Атанасов вели дека во исто време втора екипа на пожарникари работат на остранување на паднато дрво на локалниот пар кон село Таринци. Дрвото паднало поради силниот ветар, што во моментов се смирува./МИА

Приведени две лица од Дебар кај кои се пронајдени 20-тина килограми марихуана

Тетовската полиција приведе две лица од Дебар откако во возилото со кое се превезувале се откриени 20-тина килограми марихуана.

– Попладнево, околу 17 часот, на улица „Илинденска" во Тетово, полициски службеници запреле патничко моторно возило „Мерцедес" со скопски регистерски ознаки во кое се превезувале две лица. Возилото го управувал 21-годишник, а како совозач бил 27-годишник, двајцата од Дебар. При нивен и преглед на возилото биле пронајдени 20-тина килограми марихуана. Лицата се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово за натамошна постапка, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Возилото е одземено за вештачење, додека увидните активности се уште се во тек. /МИА

Државјанин на БиХ доби 20 години затвор во Австрија

Државјанин на БиХ (55) е осуден во австрискиот град Лебен на 20 години затвор заради обид за убиство на еден брачен пар, пролетта оваа година.

Осуденикот работел на имотот на парот.

Наведениот 55-годишник од градот Муртал, ја полил жената со бензин и ја запалил. Жената се здобила со тешки телесни повреди, а во пожарот е повреден и нејзиниот сопруг.

Осудениот во текот на процесот одбивал да го признае кривичното дело.

Тој вели дека 20 години се грижел за овој пар и дека жената му ветила дека приватно ќе го осигура, а таа тоа не го направила.

Обвинителството успеало да докаже дека обвинетиот се обидел да го убие брачниот пар и дека тоа внимателно го има испланирано.

Несреќа во Унгарија, воз удрил во возило

Тројца жители на Јужна Кореја настрадале во сообраќајна несреќа во Унгарија кога воз удрил во нивното возило.

Несреќата се случила вчера, на железнички премин кој е на 60 киломери северно од Будимпешта. Како што пренесува „Ројтерс“, настраданите со возилото поминале на црвено светло.

Се уште нема потврда од страна на полицијата, дали настраданите биле туристи.

притисни ентер