Миа Калифа откри дека не заработила речиси ништо во порно индустријата, за три месеци додека снимала филмови за возрасни.
"Луѓето мислат дека пливам во милиони заради порно филмовите. Тотална невистина. Заработив вкупно околу 12,000 американски долари во индустријата и после тоа никогаш повеќе не видов ниту цент. Тешкотиите да најдам нормална работа потоа беа ... ужасни", рече Миа на Твитер.
За многумина, оваа бројка од околу 12 000 долари беше неверојатна, па коментираа дека Миа сигурно стекнала пари од нејзиното име. „Сега имате 2,7 милиони следбеници, па очигледно сè уште заработувате пари“, „Ајде, кариерата ви заработува пари“, коментираа некои.
"Да разјаснам, тие никогаш не ми ветија милиони, ниту пак ги очекував. Само сакам да ги расчистам вообичаените заблуди за мене и порно индустријата", напиша Миа на Твитер, додавајќи дека за нејзините филмови се зборувало скоро пет години откако таа се пензионирала и дека ова е причината зошто многу луѓе мислат дека таа сè уште е во бизнисот.
Инаку, Миа се повлече од порно индустријата во 2015 година, откако доби смртни закани поради порно филмот што го снимаше со хиџаб.
"Целиот Блискиот исток беше против мене. Либан се откажа од мене. Моето семејство се откажа од мене и претпоставувам дека секој Муслиман на Твитер беше против мене", рече таа.
Миа вели дека добивала закани од Исламската држава , кои на почеток не гио земала за сериозно. Но , откако и стигнала порака дека ќе и ја исечат главата со слика од Гугл од нејзиниот стан , се преселила од страв и живеела во хотел.
Таа сега ги користи своите облини како спортски коментатор , а има и 17 милиони следбеници на Инстаграм.