Меѓународн ден на заболени од ХМЛ

160 луѓе во Македонија имаат ХМЛ или хронична миелоична леукемија.

Состојбата со лекови засега е добра, но она што е потребно луѓето со оваа состојба да ги добиваат новите лекови кои на листата на истражени и дадени лекови се многу.

Од Клиниката за хематологија професор Оливер Каранфиловски објаснува дека новите терапии влијаат и помагаат за одржување на животните нормали функции.

Дел од предавањата беа и дали заболените од ХМЛ можат да продолжат со репродукција? Во Македонија неколку пара без разлика дали мажот или жената се со ХМЛ имаат свои деца и живеат нормален живот, се дел од истражувањата на др. Божидар Кочоски од хематологија.

Светскиот ден е избран 22.09 се поради симобликата на двата хромозома 9 и 22 кои преку својата деформација и дислоцирање на одредените делови се причина за настанување на болеста. За хематолозите не значи дека ако некој од семејството има ХМЛ дека мора да се наследи.

Ковачевски: Ја изборната победа на нашиот политички противник ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски упати честитки и за победата на Гордана Силјановска Давкова во трката за избор на претседател.

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен голем удар, вели Ковачевски и додава дека и тој и сите партиски функционери имаат одговорност.

Мичиген за прв пат во историјата воведе вонредна состојба- 50 луѓе се затрупани во урнатини

Серија моќни торнада го погодија средниот запад на Соединетите Американски Држави, што го натера Мичиген да ја прогласи својата прва вонредна состојба поради невреме.

Како што објави „Дејлимејл“, невремето доведе до уривање на дистрибутивниот објект „ФедЕКС“, по што повеќе од 50 луѓе беа затрупани во урнатините.

Гувернерката на Мичиген, Гретчен Вајтмер потврди дека прогласила вонредна состојба во четири области.

„Моето срце е со сите погодени од невремето во југозападен Мичиген. Екипите за итни случаи се на терен и им помагаат на граѓаните. Ги советувам сите да ги следат предупредувањата на метеоролозите и советите на вработените во итните служби“, рече таа во обраќањето на социјалната мрежа Х, поранешен Твитер.

Таа потврди и дека е активиран државниот центар за вонредни ситуации.

„Ќе ја следиме ситуацијата и ќе ги координираме спасувачките операции во текот на ноќта“, додаде таа.

Како што објави „Еј-би-си њуз“, ова е првпат да се воведе вонредна состојба поради торнадо во Мичиген, повикувајќи се на податоци од 1999 година. Еден од најтешко погодените е градот Портаџ, на југот на државата, каде живеат околу 50.000 жители. Невремето оштети електрични кабли, собори голем број дрвја и оштети многу куќи и згради.

„Штетата е голема, нејзиниот размер сè уште се проценува“, изјави градоначалничката Патриша Рандал за Вашингтон пост.

Најмалку 50 луѓе се затрупани во урнатините на дистрибутивниот центар „ФедЕкс“, кој се урна под налетите на ветрот. Покривот делумно се урнал, а спасувачките екипи успеале да ги лоцираат и извлечат сите работници.

Серија торнада го погодија Мичиген само еден ден откако 15 од нив пустошеа низ Оклахома.

Повеќе од 35 милиони луѓе живеат во зоната на ризик од бура и торнадо која се протега од Чикаго до Нешвил, Тенеси. Метеоролозите ги предупредија граѓаните дека е можно невреме во делови од Илиноис, Индијана, Мичиген, Охајо и Кентаки.

притисни ентер