Беше најубавата холивудска блондинка , а сега не се препознава (ФОТО)

Ким Бесинџер важеше за најубавата холивудска блондинка во 80 тите години , а сега не може да се препознае по бројните пластични операции.

Во 1986 година, убавата Ким Басинџер облече црна јакна и бела кошула за жешката секси сцена со Мики Рурк во легендарниот еротски филм ,,Девет и пол недели”. Поминаа повеќе од 30 години од тоа снимање, а актерката остана со сличен стил на облекување.

Го избегнува гламурот, а на синоќешната добротворна забава посветена на борбата за правата на животните, таа носеше бел костум и бели „старки“.

За жал, бројните интервенции на лицето ја направија девојката на Бонд од филмот „Никогаш не кажувај никогаш“ речиси непрепознатлива.

Таа беше рангирана на 12-то место на списокот „Плејбој“ на Сексипилните жени од 20 век и тогаш ја одби улогата во хитот „Raw Passion“.

Најголемата популарност беше проследена со кризи во приватниот живот, мешање алкохол и дрога, а поради промашената инвестиција од 20 милиони американски долари за купување на градот Браселтон, таа банкротираше.

Во тоа време, се омажи со Алек Болдвин, со кого има ќерка Ирланд. Откако се породи, се повлече од јавноста, сè до нејзината понуда за филмот „Л.А. доверливо” за што доби Оскар. Благодарение на оваа улога, таа стана една од најплатените холивудски актерки, но наскоро се повлече од јавноста и нејзиниот брак се распадна.

Последниве години, таа е посветена на борбата за правата на животните и нивната грижа и спасување.

Ковачевски: Македонските граѓани се суверенот кој одлучува како понатаму

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, денеска го оствари своето гласачко право на вториот круг на претседателски избори и на парламентарните избори.

Во изјавата за медиуми, Ковачевски посочи дека денеска граѓаните одлучуваат во кој правец ќе се движи државата и дека очекекува да донесат одлука која за државата ќе значи напредок и просперитет.

„Денеска македонските граѓани се суверенот којшто одлчува за иднината на државата. Нивниот глас денеска ќе ја определи иднината на државата во наредната декада. Ние во текот на изминатите повеќе од 40 дена ја презентиравме пред сите граѓани нашата програма за европска иднина, при што ги презентиравме сите предности на Македонија земја членка на ЕУ до 2030 година. На крајот на денот граѓаните ја имаат финалната одлука за тоа во кој правец ќе се движи државата, дали ќе биде држава којашто до 2030 година ќе стане земја членка на ЕУ со претседателот Пендаровски и со Коалицијата за европска иднина и СДСМ или повторно ќе се враќаме назад во едно минато време коешто го гледавме цела една декада во државата. Но, во секој случај очекувам граѓаните слободно да го дадат својот глас како што доликува на земја членка на НАТО и земја којашто отвори преговори со ЕУ и очекувам да донесат одлука со којашто ќе обезбедиме сигурна и просперитетна иднина и животен стандард којшто доликува на македонските граѓани и македонската држава“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, се наведува во партиското соопштение.

Зиков во отворено студио на Канал 5: Овој ден беше круна на демократијата во Македонија

Во отвореното студиот на Канал 5 по повод двојните избори во Макеоднија, Љупчо Зиков нагласи дека партиите вечерва би требало да бидат достоинтвени и во победата и во поразот.

Тој очекува поздравување и честитање.

Зиков потенцираше дека овој ден беше круна на демократијата во Македонија.

Џафери: Граѓаните ќе одлучат која политичка опција е најдобра за нив и за државата

Претседателот на техничката Влада, Талат Џафери, денеска го оствари своето гласачко право во родното Форино и гласаше на вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори. 

Премиерот Џафери, во изјава за медиумите посака мирен и фер изборен ден, во кој граѓаните ќе можат со својот глас да одлучат кој ќе ги носи одлуките што се суштествени за земјата и кои се за остварување на нашите стратегиски цели.

„Очекувам изборите да бидат слободни и демократски. Граѓаните можат слободно да ја изразат својата волја, впрочем, тоа го покажаа и на 24 април.

Очекувам денот да заврши исто како и на 24 април, односно мирно, со можност секој граѓанин да го искористи своето уставно право и да го направи изборот за кој што мисли дека е најдобар за него и за државата.“, изјави претседателот на Владата, Џафери, соопштуваат ор Владата.

притисни ентер