„Уапсените се подготвуваа за напад со огнено оружје и експлозив во областа Рајна-Мајна (Франкфурт и околината) со цел да убијат што е можно повеќе луѓе“, се вели во соопштението на обвинителството во Франкфурт.
Биле упасени 24-годишен Германец со македонско потекло и двајца турски државјани на возраст од 22 и 21 година, кои претходно биле познати како симпатизери на ИД.
„Апсењата беа извршени навреме за да се спречи опасноста“, велат од обвинителството.
Засега е непознато дали уапсените веќе избрале одредени цели за нападот.
24-годишниот Германец со македонско потекло е осомничен како набавувач на хемикалии за да биде направена експлозивна направа.
Првиот терористички напад во Германија се случи во Франкфурт на Мајна во 2011 година, при што мигрант од Косово уби двајца американски војници.