Откриени докази за постоење петта сила во вселената

Унгарските физичари открија нови докази за постоење на петтата основна сила во вселената, а досега се знаеше за четири.

Атила Крачнахоркај од Институтот за нуклеарни истражувања „Атомки“ и неговите колеги со години го проучувале радиоактивното распаѓање на нестабилниот изотоп берилиум-8, а во 2016 година објавија дека направиле необичен наод - дека можеби е предизвикана од непозната честичка.

Сега, истиот истражувачки тим откри друга аномалија, овој пат во енергетската транзиција во возбудена состојба на јадрото на хелиумот и веруваат дека тоа укажува на постоење на истата, мистериозна честичка, пишува New Scientist.

Во физиката, денес традиционално се разликуваат четири основни интеракции, односно четири основни сили: гравитациони, електромагнетни, слаби и силни нуклеарни сили. Првите две одамна се познати и лесно се забележуваат дури и на долги растојанија. Другите две се видливи само на растојанија во атомски размери.

Унгарските физичари пресметале дека новата честичка има маса од околу 17 мегаелектрони, што е околу 33 пати поголема од масата на електронот. Честичката затоа беше именувана - X17.

Теоретскиот физичар Џонатан Фенг, од Универзитетот во Калифорнија, верува дека честичката X17 може да реагира само со неутрони, во спротивно таа би била откриена порано во други лабораториски експерименти.

Физичарот Крачнахоркај сега чека други, независни научни групи да го потврдат постоењето на оваа честичка.

„Доколку се утврди дека постои, тоа ќе отвори нова насока во физиката на честичките. Имено, X17 би можел да биде врска меѓу обичната и темната материја“, рече Крачнахоркај.

Шпанија ќе испрати мал број ракети „Патриот“ во Украина

 Шпанија ќе испрати мал број ракети „Патриот“ во Украина, објави денеска весникот „Ел Паис“, повикувајќи се на неименувани добро информирани извори.

Весникот наведува дека Шпанија ја отфрлила можноста за испорака на противвоздушни лансери на Украина, но ќе испрати проектили во Киев.

Шпанија има три системи „патриот“ кои ги купи од Германија во 2004 и 2014 година, потсетува весникот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им кажа на членките на НАТО претходно овој месец дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ или други напредни системи за воздушна одбрана за да ги одврати руските воздушни напади, барајќи од нив да ја засилат воената помош за Киев.

Министрите на ЕУ пред неколку дена изјавија дека разгледуваат како да обезбедат повеќе оружје за противвоздушната одбрана на Украина.

Сончево и потопло, утре попладне дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во планинските подрачја. 

Потоа следува период на стабилно и топло време, а дневните температури ќе бидат повисоки за три до пет степени.

Како што соопшти УХМР, во следните три дена ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Минималните темпеартури ќе бидат во интервал од два до 12 степени, а максималните од 20 до 28 степени.

Четири европски авиокомпании ќе ја шират идејата за Европа пред евроизборите

Четири авиони на авиокомпании кои се дел од групацијата на „Луфтханза“ во наредните недели ќе ја шират европската идеја за со натпис на нивните трупови: „Да за Европа“. 

Станува збор за авиони од типот „Ербас А320“ на авикомпаниите „Луфтханза“, „Еуровингс“, „Аустриан Ерлајнс“ и „Брисел Ерлајнс“ кои ќе имаа задача да служат како амбасадори на европската идеја непосредно пред изборите за членови на Европарламентот.

Четирите авиони на 13 мај „ќе се сретнат“ на аеродромот во Брисел, симболично манифестирајќи го европското единство.

Инаку, ова не е првпат „Луфтханза“ да ја манифестира својата посветеност на Европа. Сличен поддршка на Европа „Луфтханза“ организираше и пред евроизборите во 2019 година.

притисни ентер