Има 23 години , 17 трофеи и 22 повреди: Можеби нозете не ми се за фудбал

Новиот рекордер, според бројот на бизарни и чести повреди е еден чуден играч на Баерн - Кингсли Коман.

23-годишниот Французин постигна гол во 14-та минута против Тотенхем во Лигата на шампионите, но мораше да ја напушти играта уште во 27-та минута по бизарна повреда на коленото. Првите информации се дека тој го скршил коленото, а прогнози велат дека младиот фудбалер нема да биде на теренот најмалку 20 дена.

По натпреварот следуваше лавина за поддршка на Коман, која на 23-годишна возраст се здоби со 22 повреди. Скоро нема повреда што фудбалерот на Баерн не ја доживеал во последните пет години, поради што тој е надвор од терените вкупно една година и 25 дена, со 65 натпревари кои ги испуштил.

"Имав досега две операции и тешко би ја преживеал третата. Го пропуштив Светскиот куп каде што сонував да играм и тоа ме фрустрираше. Франција на крајот стана светски шампион без мене, но јас имам волја да се вратам во најдобра форма во националниот тим. Но, ако повторно се случуваат некои сериозни повреди, тоа би било премногу. Јас сум внимателен и вредно тренирам, но ако тоа се случи, тогаш можеби нозете не ми се за фудбал и ќе живеам без него“, изјави  Коман пред една година, не исклучувајќи крај на неговата кариера ако настанат нови проблеми.

Потоа, тој претрпе уште шест повреди минатата година и стана сериозна тема на светскиот фудбал. Неспорно е голем талент , а веќе играше за ПСЖ, Јувентус и Баерн и за француската репрезентација и вреди околу 60 милиони евра. Сепак, поради повредите, доколку продолжи со ова темпо, би можел да го пропушти Европското првенство летото 2020 година.

Интересно е што од друга страна, скромната животна приказна на Коман не е баш како онаа на најголемите фудбалски sвезди. Роден е во Париз, а неговото разбирање за животот открива кој е надвор од теренот.

"Пораснав во предградие на Париз каде животот не е секогаш лесен. И покрај моето потекло од Гвадалупе, секогаш се чувствував французин иако живеам во странство веќе пет години и зборувам повеќе англиски со девојката и германски со соиграчите во Баерн отколку што зборувам француски. Сепак, ми се допаѓа оваа мешавина и мислам дека е убаво да се комбинираат повеќе култури и да се искористи најдобрите од сите земји. Разновидноста може само да ни користи “, рече Коман пред десетина дена во интервју за веб-страницата на Баерн.

Ѕвездата на Баварците, кој досега има освоено 17 трофеи, откри дека планира да ја посети родната Гвадалупе по Божиќ, но тоа сега е под знак прашање по новата повреда.

"Се чувствувам одлично во Гвадалупе. Таму не сум фудбалска sвезда . Луѓето се многу љубезни. Ме препознаваат, но почитуваат и дека сакам да уживам во мир со семејството. Затоа, планирам да одам таму за празниците", изјави Коман.

Расистички повици од навивачи кон фудбалер на Билбао , тој им врати со пцуење (ВИДЕО)

Инаки Вилијамс е нова жртва на расизмот на фудбалските терени.

Темномурестиот напаѓач со беше навредуван од навивачите на Еспањол во дуелот со Атлетико Билбао.

Вилијамс беше заменет во 69-та минута кога неговиот тим реализираше корнер. Додека Муниаин се подготвуваше да изведе удар од аголот, Вилијамс излезе од теренот и се упати кон клупата, а од трибините можеше да се слушне гласно извикување на навивачите на каталонскиот клуб.

Напаѓачот на Билбао одговори со тешки пцовски . „Кучкини синови“, викна тој , по што седна на клупата.

По натпреварот, спортскиот директор на Билбао го осуди расистичкиот чин, исто како и Еспањол кој објави дека почнува истрага.

Валенсија по 12 години ја победи Барселона , општа тепачка меѓу навивачите (ВИДЕО)

Фудбалерите  на Барселона беа поразени од Валенсија на Местаља со 2: 0, во 21-то коло од Ла Лига.

Лилјаците ја освоија својата прва победа над Каталонците по 12 години. Ова е прв неуспех на новиот тренер Кике Сетиен од преземањето на лидерот на шпанското национално првенство.

Пред натпреварот навивачите на Валенсија и Барселона се судрија во близина на стадионот „Местаља“.

Пред околу десетина дена градските власти на Валенсија го окарактеризираа натпреварот како настан со висок ризик, но не успеаја да ја спречат масовната тепачка меѓу навивачите на двата клуба.

Фановите се тепаа со факели, стапови, камења, столчиња и други предмети што им се најдоа на дофат.

Повеќе од сто хулигани од Барселона се приведени и не можеа да присуствуваат на 21. коло од Шпанското првенство.

Засега нема пријавени повредени, бидејќи голем број од навивачите избегаа откако пристигна полицијата.

Норвешка освои бронза по победата над Словенија

Норвежаните собраа сили по синоќешниот шок натпревар против Хрватска во полуфиналето на ракометното Евро и успеаја да ја совладаат Словенија во борбата за третото место со 28:20.

Словенија поведе само еднаш на овој натпревар, 2: 1 на стартот. Предноста се одржуваше до полувремето, кога водството на Норвешка беше +3, но на крајот порасна за да стигне до +8. Норвежаните водеа најмногу во овој натпревар со 9 гола разлика.

Ова е прв медал на Европските првенства во историјата на норвешката репрезентација.

По шокот во полуфиналето против Хрватска, кога Норвешка загуби со 29:28 во вонредна драма по две продолженија , тие сепак успеаја да најдат сила и лутината поради поразот да ја истурат врз Словенците. Словенија загуби од Шпанија со 34:32 во полуфиналето.

До крајот на првенството остана уште еден натпревар. Големото финале во распродадената арена во Стокхолм утре го играат Хрватска и Шпанија со почеток во 16:30 часот.

притисни ентер