„Само Интервју” со Есад Рахиќ

Во вечерашното „Само Интервју” гостуваше Есад Рахиќ

И при најмала реакција на затворските доктори, веднаш повикувавме брза помош за Бојан Јовановски, одговори директорот на затворот во Шутка, Есад Рахиќ во вечерашното издание на „Само интервју“, коментирајќи ги наводите на адвокатот Сашо Дуковски за здравствената состојба на неговиот клиент. Рахиќ додаде дека Јовановски во затворот е безбеден, редовно ја прима терапијата и се внимава со кој притвореник ја дели ќелијата.

Лага е дека Катица Јанева не била сместена во Шутка, тврди директорот на затворот Есад Рахиќ во најновото „Само интервју“ со Гоце Михајлоски. Рахиќ нагласи дека Јанева „добро се држела“ во притвор и истакна дека писмата, чија содржина се однесуваше на работата и предметите на СЈО, кои ги испраќала од затворот биле напишани рачно, а потоа преку затворската служба биле претпратени до Судот, согласно процедурата.

Јавна тајна е дека на дел од функционерите на ДУИ не им одговара коалиција со СДСМ, потенцира поранешниот пратеник на СДСМ, Есад Рахиќ, во „Само интервју“. Според Рахиќ, исходот од претстојните избори ќе зависи од политичката понуда, а на премиерот Заев треба да му се оддаде признаение што решил тридецениски отворени прашања. Мицкоски е добар партиски лидер, но се уште треба да работи на структурата околу него, затоа ќе е на власт за четири години, заклучи Рахиќ.

Повеќе детали погледнете во најновото издание на „Само Интервју”

Големи протести во Шведска- не го сакаат Израел на Евросонг

Вечерва претставничката на Израел настапува на Евровизија што се одржува во арената Малме во Шведска, што предизвика неколку протести кои денеска се одржуваат во Малме.

„Ќе имаме многу видлива полиција на терен“, изјави портпаролот на полицијата Филип Анас. „Им е дадена дозвола бидејќи оценуваме дека можат безбедно да се спроведат. Доколку има некакво нарушување, ќе се справиме со тоа“, додаде тој.

Во 16 часот започна протестот против учеството на Израел на Евровизија, а организаторите очекуваа до 25.000 луѓе. Од полицијата велат дека се собрале меѓу 6.000 и 8.000 луѓе.

Локалните медиуми јавуваат дека на улиците излегле граѓани од сите генерации, вклучувајќи родители и деца. Демонстрантите удираа со тапани и извикуваа палестински пароли. Некој закачил палестинско знаме на покривот на улична кујна.

„Не се слуша ли детски плач? Не се гледа ли детска крв? Сите деца се еднакви!“

На протестот е и шведската активистка Грета Тунберг.

На друга локација во градот ќе се одржи музичка демонстрација за поддршка на учеството на Израел на Евровизија.

Третиот настан ќе се одржи вечерва во Хили, каде се наоѓа арената Малме. Дури и оној што протестира против мешањето на Израел.

„Треба да биде радосно, ќе играме, ќе се веат знамињата на Израел и Шведска“, изјави претходно за ТТ Јехошуа Кауфман, еден од организаторите.

Третиот протест ќе се одржи вечерва во Хили, каде се наоѓа арената Малме. Ова е уште еден протест против учеството на Израел на музичкиот натпревар.

Авион се излизга на писта и се запали- патниците врескаат во паника (ВИДЕО)

Боинг 737 со 78 патници се излизгал од пистата и се запалил на аеродром во Сенегал.

Несреќата се случила при полетување, кога авионот се излизгал од пистата и завршил во шума.

Авионот се запалил по инцидентот и претрпел сериозна штета.

На интернет веднаш почнаа да кружат фотографии од запален авион кој лета под компанијата Transair.

Сите летови на аеродромот, кој се наоѓа во близина на главниот град, се суспендирани до понатамошно известување.

Итните служби успеале навреме да ги евакуираат патниците.

За среќа нема жртви, но десетина патници се повредени.

Да потсетиме, оваа несреќа доаѓа само еден ден откако друг авион Боинг 767 се урна при слетување на аеродром во Турција.

Русите планираат да постават нуклеарен реактор на Месечината: Почнавме со подготовките

Русија започна со развој на нуклеарна централа за планираната заедничка лунарна станица со Кина, изјави вчера Јуриј Борисов, шеф на руската вселенска агенција Роскосмос, а пренесува агенцијата РИА.

Борисов, поранешен заменик министер за одбрана, во март изјави дека Москва ја разгледува идејата за напојување на централата со нуклеарна енергија. „Русија и Кина ја разгледуваат можноста за поставување нуклеарен реактор на Месечината меѓу 2033 и 2035 година, што еден ден би овозможило изградба на лунарна населба“, изјави тогаш Борисов.

„Сериозно го разгледуваме проектот за испорака и инсталирање енергетски реактор на површината на Месечината заедно со кинеските колеги“, рече тогаш Борисов.

Во Русија моментално се активни 11 нуклеарни централи, додека во Кина се активни 55 нуклеарни реактори. Борисов во март рече дека соларните панели нема да можат да произведат доволно електрична енергија за напојување на идните населби на Месечината, додека нуклеарната енергија би можела.

Тој додаде дека тоа е многу голем предизвик и треба да се направи без човечко присуство. Борисов потврди и дека Русија планира да изгради товарен вселенски брод на нуклеарен погон.

притисни ентер