Петел за борби го убил својот сопственик

Индиецот Сарипали Чанавенкатешам Рао (50) почина откако бил нападнат и убиен од неговиот сопствен петел на пат кон организирана борба со петли.

Рао, од јужната индиска држава Андра Прадеш, со своите петли редовно учествувал на локалните борби од овој вид. На 15 јануари, тој тргнал да го запише својот петел на следното натпреварување, кога животното се обиде да се ослободи и со канџата на која бил закачен нож, го прободел својот сопственик.

Портпаролот на локалната полициска станица изјави за Си-Ен-Ен дека Рао, татко на три деца, бил пренесен во болница, каде што починал.

Борбите со петли се забранети во Индија од 1960 година. Сепак, тие продолжуваат да се одржуваат нелегално низ целата земја.

„Законите се многу јасни. Борбите со петли не се организираат само за забава, туку се работи за обложување“, рече Гаури Маулеки, шеф на индиската организација „Луѓе за животните“.

„Мислам дека тоа нема никаква врска со нашата култура. Се работи само за желбата да се заработат пари и да се коцка“, додаде тој.

„Гответе со Дракче“ - Оброк со варени јајца

Во четврток (25.04.2024) во емисијата гостин ни беше Благоја Грујовски.

Состојки за денешниот рецепт:

4 јајца

1 лажица јаболков оцет

1 лажица крупна сол

100 гр. рендан пармезан

1 коцка путер

малку бибер

неколку парчиња двопек

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Локалните избори во Србија и изборите во Белград ќе се одржат на 2 јуни

Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, за недела, 2 јуни, распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа во Србија.

Во своето обраќање во српскиот парламент, Брнабиќ рече дека распишувањето на локалните избори за 2 јуни, кога ќе се одржат и изборите во Белград, е резултат на „успешниот дијалог“ и усвојувањето со двотретинско мнозинство во парламентот на измените и дополнувањата на законот за локални избори.

- Среќна сум што испративме порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани претставници сме способни да постигнеме договор и покрај сите наши разлики. Ваквиот договор е победа на сите одговорни луѓе, рече претседателката на српскиот парламент.

Веднаш потоа, претседателот на привремената управа на Белград, Александар Шапиќ, за недела, 2 јуни, распиша избори во 17 белградски општини.

Шапиќ рече дека од денеска почнуваат роковите за спроведување на изборните дејствија.

- Им посакувам среќа на сите учесници на изборите и на граѓаните кои покрај претставниците во собранијата на градските општини избираат и свои претставници за Собранието на град Белград, рече Шапиќ.

Украина ги повлекува американските тенкови „Абрамс“ од првата борбена линија

Украина ги отстрани борбените тенкови „Абрамс М1А1“ од фронтот, потврдија двајца американски воени претставници. 

Ваквиот потег тие го објаснија со тоа што руските беспилотни летала ја отежнале операцијата на тенковите.

Украина ги отстрани борбените тенкови „Абрамс М1А1“ од фронтот, потврдија двајца американски воени претставници. Ваквиот потег тие го објаснија со тоа што руските беспилотни летала ја отежнале операцијата на тенковите.

САД се согласија да испратат 31 „Абрамс“ во Украина во јануари 2023 година по агресивната повеќемесечна кампања на Киев. Украинците тврдат дека тенковите, кои чинат околу 10 милиони долари по парче, се клучни за нивната способност да ги пробијат руските линии.

Пет од 31 тенк веќе се изгубени во руските напади. Висок американски воен функционер, кој сакаше да остане анонимен, истакна дека ширењето на беспилотните летала на украинското бојно поле значи дека „нема отворен терен преку кој можете само да возите без страв дека ќе бидете откриени“.

Дека тенковите се поместени од линијата на фронтот потврди и потпретседателот на Здружениот Генералштаб Кристофер Грејди, но најави и дека Вашингтон ќе му помогне на Киев да подготви нова тактика.

-Кога размислувате за начинот на кој борбата еволуирала, масивниот оклоп во средина каде што се присутни беспилотни воздушни системи може да биде изложен на ризик. Ќе работиме со нашите украински партнери и другите партнери на теренот, за да им помогнеме да размислат како можат да ги користат, во таква променета средина, каде што сè е веднаш видливо, рече тој, додавајќи дека тенковите се сè уште важни.

притисни ентер