Хуманитарен брод спасил 78 мигранти во близина на брегот на Либија (ВИДЕО)

Хуманитарниот брод ,,Алан Курди” спаси 78 лица од два чамци во неволја во морето крај либискиот брег, јави германската невладина организација ,, Sea Eye”.

Германскиот брод најпрвин прифатил 62 лица, меѓу кои осум жени и седум деца, се вели во соопштението на Sea Eye. По известувањето за уште еден претоварен чамец во неволја , Sea Eye спаси уште 16 лица, од кои тројца биле сериозно дехидрирани поради несоодветниот транспорт.

Потоа крајбрежната стража на Либија, нареди бродот ,,Алан Курди’ да замине.

„Таканаречената либиска гарда ја смета зоната за пребарување и спасување за свое територијално море, малтретирајќи цивили во тек на спасување и издава нелегални наредби“, предупреди Јохана Пол, началник на операциите на бродот Алан Курди, според „ Sea Eye “.

Засега, организацијата не прецизира каде планира да ги пренесе спасените мигранти.

,,Ален Курди’ е активен уште од летото 2018 година и спаси стотици мигранти од бродови на Медитеранот, пренесува „ Sea Eye “.

Хаосот што следеше по падот на поранешниот лидер Моамер Гадафи во 2011 година, ја претвори Либија во најчестата рута за мигрантите од Источна Африка, Сахел и Блискиот исток кон Европа.

Од ИПАРД 2 програмата на располагање 9,2 милиони евра, аплицирањето од денеска до 14 април

Сите земјоделци кои сакаат да ги модернизираат фармите од денеска па се до 14 април 2020 година, ќе може да аплицираат за добивање на финансиска поддршка преку ИПАРД 2 Програмата.

Станува збор, како што соопштуваат од Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, за мерката „ Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства"  од ИПАРД 2 Програмата. Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик изнесува  9.216.693 евра или  568.147.394 денари. Овој повик, појаснуваат од Агенцијата, им овозможува на земјоделските стопанства широк спектар инвестции во примарното земјоделско и сточарско производство, вклучително и инфраструктурни зафати.

-Мерката  е наменета за реализирање инвестиции што се однесуваат на следните приоритетните сектори: растително производство, сточарско производство, преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство на земјоделското стопанство, производство на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка. Во овој повик не се прифатлива инвестиција трактори, изјави Бабовски.

Финансиските средства по поединечно барање се доделуваат како неповратен грант во износ од 60 отсто од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за оваа мерка. Процентот се зголемува до 65 отсто за инвестиции во земјоделски стопанства предложени од страна на млади земјоделци (физички лица на возраст од 18 години до 40 години на денот на поднесување на барањето за финансиска поддршка) и 70 отсто за инвестиции во земјоделски стопанства во планинските области.

Сите кои сакаат да аплицираат треба да имаат комплетна документација и да пополнат и поднесат Барање за користење средствата од ИПАРД Програмата 2014-2020 за мерка 1 – „Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства" и придружна  документација како што е наведена во Јавениот повик. Пополнетото барање за користење на средства по мерка 1 од ИПАРД Програмата 2014-2020 и целокупната документација се доставуваат во затворен плик со назнака на предната страна на пликот во горниот лев агол „НЕ ОТВАРАЈ" за Јавен оглас ИПАРД број 01/2020 и назначување на мерката за која се поднесува барањето. Барањето може да се достави по пошта како препорачана пратка или лично во писарницата на Агенцијата.

-Преку искористувањето на средствата од ИПАРД 2, Република Македонија ќе обезбеди достигнување на стандардите на Европската Унија кои се однесуваат на квалитет и безбедност на храна, јавно здравје, заштитата на животната средина, заштита при работа, здравје и заштита на растенијата и на животните, благосостојба на животните, како и поддршка за одржливо управување со природните ресурси и подобрување на условите за живот во руралните средини и руралната економија во целост, стои во соопштението од Агеницјата. /МИА

ВМРО-ДПМНЕ:Разобличени лагите на Заев на јавна сцена

​Лагите на аболицираниот криминалец Зоран Заев се целосно разобличени на јавна сцена. 

Целата македонска јавност синоќа виде зошто Зоран Заев долго и упорно избегнуваше дуел и се криеше од соочување со Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Заев синоќа во очи на целата јавност призна дека нема официјален документ дека го пријавил случајот „Рекет" ниту се сеќава на тоа, а не се сеќава затоа што тој само ги предупредил неговите рекетари дека ќе се отвори истрага. Не се сеќава на документ за пријава на случајот затоа што вистината е дека тој е главата на криминално рекетарскиот октопод.

Заев синоќа го потврди тоа што го слушна јавноста, односно дека тој е човекот кој го управувал обвинителството и судството преку телефонски разговори и директни средби за тоа какви истраги и кои пресуди да се носат, по принципот на „трас трас без Заев не се може".

Заев синоќа уште еднаш потврди дека е патолошки лажго и без срам се обиде да манипулира дека таткото на неговиот советник Бојан Маричиќ е пензионер, иако вистината е дека тој се уште е виш обвинител во јавното обвинителство каде што токму Заев нарачува истраги против неистомисленици.

Заев синоќа не можеше да каже каде изградил ниту еден километар автопат, ниту пак која инвестиција ја донел во Струмица, затоа што ги нема. Единствено што има е крадење на парите на граѓаните од страна на Заев и неговата криминално рекетарска банда.

Заев синоќа иако не е премиер, повторно ги злоупотреби државните ресурси и на дуелот се појави со државно обезбедување, возила и советници кои не му следуваат како претседател на СДСМ и за кои не постои никаква основа да ги користи.

Затоа Заев упорно бегаше од дуел, се плашеше да се соочи со фактите и реалноста дека целата јавност знае дека ги краде граѓаните и ги користи судството и обвинителството во политички цели. Законот кој Заев насилнички го донесе нема да го спаси за криминалите.

На 12 април на Заев му следува тежок пораз на изборите, а потоа ќе одговара за сите криминали и злодела изминативе три години.

На 12 април следува крај на мафијата на Зоран Заев и доаѓа обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Отстранети 277 непрописно паркирани возила од јавните површини во Скопје

Во текот на изминатата недела со специјалните возила пајак се подигнати 227 возила од јавните површини во Скопје. 

Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 40 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 187 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин,  тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Од Град Скопје информираат дека контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 387 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 40 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг" апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

-Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка, наведуваат во соопштението. /МИА

притисни ентер