Така, вкупниот број на смртни случаи во Кина се искачи на 2.888, според Националната здравствена комисија.
Од коронавирус починаа најмалку 2.800 луѓе ширум светот, огромно мнозинство во Кина. Заразата е проширена на секој континент, освен на Антарктикот.
СЗО објави ново предупредување за коронавирусот. Нивниот портпарол рече дека инфекцијата од коронавирус може да се прошири во поголем дел од светот. Досега, повеќе од 50 земји пријавиле случаи на инфекција со коронавирус.
Јужна Кореја има најголем број случаи надвор од Кина, со 2022 заразени.
Во Италија, од коронавирус починале 17 лица.
БиБиСи известува дека еден Британец починал на крузерот „Diamond princess“, каде што има тројва Македонци. Информацијата е потврдена од јапонското Министерство за здравство, додека британските служби сè уште немаат официјални информации. Ова е шести починат на бородот и прв починат Британец.
Јапонската префектура Хокаидо прогласи вонредна состојба, пишува Би-Би-Си.
Во Шпанија се потврдени 18 нови случаи на инфекција со коронавирус.
Swiss Blick известува дека е потврден уште еден нов случај на инфекција во Швајцарија, во Женева. Заразен е 55-годишен Италијанец кој се вратил од патувањето во Милано и работи за меѓународна организација во Женева.
Од Швајцарија доаѓаат и добри вести. 70-годишник од Тичино, првиот познат случај на инфекција во Швајцарија, е пуштен од болница. Приватната клиника во која семлекувал, пријавила дека тој си заминал здрав и дека ниту еден од нивните пациенти или вработени не е во опасност.
Во Швајцарија во моментот се ставени во карантин околу 100 луѓе.
Според италијанска Ла Репблика, во текот на ноќта биле хоспитализирани 51 лице од областа Лоди во Ломбардија. Весникот тврди дека 17 од нив се на интензивна нега.
Најголемиот и најстар саем за автомобили , оној во Женева е откажан, јавуваат швајцарските медиуми. Ова се случува за прв пат во 79 година.
Си-Ен-Ен пишува дека околу 600.000 луѓе секоја година го посетуваат салонот во Женева.
Голем број други јавни настани низ Швајцарија, исто така, се откажани откако бројот на случаи на инфекција со коронавирус се искачи на 15. Уште еден случај е потврден утрово во Цирих.
Анса објави дека папата ја откажал официјалната аудиција закажана за попладне. Но, ова утро, тој се појави на мисата и на крајот ги поздрави сите. Папата вчера го откажа учеството во мисата затоа што „не се чувствувал добро“, соопшти Светата Столица.
Првиот случај на коронавирус е потврден во Велс, што е 17-ти потврден случај во Велика Британија. Станува збор за пациент кој се вратил од Италија.
Монголскиот претседател е во карантин. Според странските агенции, тој и службените лица кои биле со него во Кина вчера од претпазливост биле сместени во 14-дневен карантин. Претседателот Батулга Калтма вчера се состанал со кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг.