Мицкоски за економијата: Поволен кредит од милијарда евра,странски инвестиции и повисоки плати

Преку кредит од странска држава, по принципот Влада со Влада, во вредност од 1 милијарда евра, идниот мандатар Христијан Мицковски ќе се обиде да ја крене на нозе македонската економија.

Вели во првите 100 дена од новата Влада влегуваат со амбициозна еконоска агенда, освен позајмицата, Мицкоски во синоќешното гостување во „Само интервју“ најави и три нови странски инвестиции, од кој една во делот на енегретиката, вредна околу 500 милиони евра.

Според него досегашните економски политики не давале позитивни резултати, вели време е да се сврти нов лист.

„Финансиски пакет, соработка Влада со Влада во вредност од 1 милијарда евра, со исклучително поволни услови, со добар грејс период, со исклучително атрактивна каматна стапка...Тоа би било кредит од друга држава... да на основ Влада со Влада..

„Го напуштаме концептот на ФИТР нема веќе да трошиме пари за Кисела вода, иновативен рецепт за пица, ќе има поддршка за стопанството за сите оние кои ќе вложат во производни линии, до 50 % ќе ја поддржуваме инвестицијата со грантови, нешто што ќе ја зголемува продуктивноста и што ќе ја зголемува вреднсот.“ - изјави Христијан Мицкоски – иден мандатар и претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Со синдикатите кои со месеци протестираат и бараат повисоки плати, вели ќе седнеме и ќе разговараме, се што е во рамки на можностите на Буџетот ќе биде анализиарано. Она што е извесно е дека повисоки пензии во првата година од нивниот мандат ќе има..

„Едното нивелирање ќе биде сега во септември така е законот, а второто ќе биде во март. Владата, ако се биде во ред, се формира таму некаде втора половина на јуни, тоа подразбира дека не за 12 месеци туку за 9 ќе биде испорачано тоа ветување за кое што зборувавме а тоа се 5 000 денари линерано покачување на пензиите,- изјави Христијан Мицкоски – иден мандатар и претседател на ВМРО-ДПМНЕ . “

Во втората половина на месец јули се очекува да биде напаравен Ребаланасот на Буџетот, а веќе во септември да започне реализација на најавениот проект за децентрализација на финансиски средства и инвестиции во општините, кој годинава ќе бидат во вредност од 125 милиони евра.

Јапонските власти со апел да не се оди во шума, откако мечка уби човек

Жителите на североисточниот дел на Јапонија се предупредени да останат во затворени простории ноќе и да не прават никаков шум или бучава, за евентуално да не ги исплашат и налутат мечките кои станаа заканувачки опасност во оваа земја.

Луѓето во североисточна Јапонија се предупредени да внимаваат на диви мечки, откако еден човек беше пронајден мртов со длабоки исеченици, а полицајците биле тешко повредени.

Двајца полицајци биле нападнати во саботата во градот Казуно, во префектурата Акита, додека го извлекувале телото на исчезнатиот маж, објавија јапонските медиуми.

Еден човек бил пронајден мртов откако неколку дена претходно отишол да бара бамбус во планините.

Се уште не е потврдено дали мечка е одговорна за неговата смрт.

Повредите на полицајците, иако сериозни, се верува дека не се опасни по живот.

Во потрагата по мечките се вклучени полициски хеликоптер и автомобили. Пошумените површини во Казун се затворени „на неодредено време“ - со поставени предупредувачки знаци.

Жителите се предупредуваат да не излегуваат навечер и да држат ѕвона или нешто слично во рацете за да ги исплашат мечките доколку наидат на нив.

Тесла ги намали цените поради падот на продажбата, но се појави нов проблем

Tesla работи на смирување на некои европски компании за лизинг откако намалувањето на малопродажните цени на нејзините возила ја намали вредноста на нивните возни паркови.

Напорите на Тесла вклучуваат неофицијални попусти за купување нови автомобили доколку се на залиха и решавање на широко распространетите поплаки за сервисирање, поправка и нарачка, по години во кои менаџерите на возниот парк и лизинг компаниите предупредуваа дека Тесла ги игнорира проблемите, објави Ројтерс.

Тесла ги намали малопродажните цени за да ја зголеми продажбата како одговор на послабата глобална побарувачка за електрични возила и зголемената конкуренција, особено од кинеските производители на електрични возила, како што е BYD. Ова, пак, им наштети на конечните резултати на нејзините најголеми клиенти во Европа.

Лизинг-компаниите купуваат нови автомобили и преговараат за лизинг пресметан според тоа за колку тие веруваат дека можат да ги продадат на крајот на лизингот. Ненадејните падови на цените ја поткопуваат таа резидуална вредност.

Нема „ништо полошо“ од постојан пад на вредноста на средствата на купувачот на возниот парк, рече Ричард Кнбен, извршен директор на групацијата Leaseurope.

Форд запали по 74 години на отпад (ВИДЕО)

Овој Ford Model T запали по 74 години. Може да биде и светски рекорд.

Автомобилот бил во очајна состојба бидејќи никој не го одржувал со години. Корозија го зафатила.

Екипажот во Jennings Motorsports го поправи и тој проработи.

Пред палењето ја снимиле целата процедура за поправка, која не била комплицирана. Сепак, на крајот од ова видео тие не можеле да го возат бидејќи автомобилот се уште имал бројни проблеми.


притисни ентер