Од таму велат дека детето е свесно и контактибилно, и дека нема потреба од оперативен зафат врз него.

Оваа трагедија предизвика лавина реакции од граѓаните. Жителите на Ѓорче Петров револтирани, велат дека низ улиците се вози многу брзо, бараат зголемено полициско обезбедување и поставување на повеќе семафори.

Вчера по несреќата жителите на населбата во знак на револт  поради брзото возење на улиците, пред основното училиште “Мирче Ацев” ги превртеа контејнерите и го блокираа сообраќајот. Протести се најавени и за денеска, во попладневните часови.

Обвинувања до локалните власти за несреќата пристигнаа и од политичката партија ВМРО ДПМНЕ.

Од Град Скопје и општина Ѓорче Петров соопштија дека на критичното место ќе биде поставен семафор. Преку соопштение градоначалникот Александар Наумоски изрази жалење за незгодата. Повика на совесност кај возачите кои сообраќаат по таа улица, но и на разумност кај родителите и смирување на тензиите поврзани со овој настан.



Датум на објава: понеделник, 16 април 2018 во 14:38
Михаела Димовска
Обновено во: 15:08

коментари

остави коментар