Таа изјавила дека Мараја “постојано шетала гола пред неа“.

Освен тоа, 48 годишната пејачка наводно “извршувала сексуални работи во присуство на Стела“, пишува „TMZ”.

Исто така Булочников наведува дека Мараја Кери има проблем со злоупотребата на дрога, како и тоа дека не ги зема правилно лековите кои се препишани поради биполарното нарушување.

Извори близок до пејачката за „TMZ” изјавил дека тужбата е “непрофесионална и се базира на неосновани тврдења“, од кои Кери ќе се брани “силно и со успех“.

GettyImages





































































Инаку во 2016 година таблоидот Пејџ Сикс тврдеше дека Булочников спрема Мараја Кери не се однесува како менаџерка, туку како “диктатор”.

„Таа практично се пресели кај Мараја и сега знае толку многу работи за неа што може да побара што сака“ – изјави неименуван извор за тој сајт.

„Таа ги влече сите конци, а Мараја прави што и да и рече!“.

Стела Булочников, исто така тврди дека била жртва на “неправедно отпуштање од својата должност во врска со Кери“, како и тоа дека размислува да не поднесе тужба доколку доколку Мараја Кери и исплати одредена сума на пари, пишува „TMZ”.

Датум на објава: вторник, 17 април 2018 во 12:17
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар