Патот под нозе и право на шетање! – Идеално растојание за да си ја вратите формата!

Едноставни здрави навики кои може да го променат нашето здравје.

Иако многумина мислат дека салите за вежбање и трчањето се начин да се добие добра форма, витка линија и генерално, добро здравје, факт е дека пешачењето носи многу придобивки. Ова е еден од најпристапните начини за вежбање, а малкумина се свесни за неговото влијание не само врз согорување на калориите, туку и за неговиот позитивен ефект врз физичко и ментално здравје.

Прошетката го „чисти“ мозокот

Пешачењето честопати е во сенка на интензивните активности, но сепак тоа е еден од најефикасните начини да го подобрите целокупното здравје. Покрај тоа што го разбиструва умот, го подобрува кардиоваскуларното здравје и помага во регулирање на тежината.

Колку пешачење е потребно дневно?

Не постои совршено растојание кое може да се помине за еден ден. Не постои универзален стандард кој важи за секого подеднакво, бидејќи пешачењето треба да биде прилагодено според здравствената состојба на лицето и целта што сака да ја постигне. Затоа, треба да се земе предвид следново:

- Луѓето со вишок килограми согоруваат повеќе калории на поминат километар бидејќи тежината влијае на тоа колку треба да пешачите.

- Ако сте почетник, почнете постепено со прифатливо темпо и растојание, а потоа постепено зголемувајте го растојанието и темпото.

- Поставете си јасни цели, односно, остварливи. Ако целта ви е да изгубите одредени килограми, тоа ќе бара подолги прошетки.

- Усогласувањето на пешачењето со урамнотежената исхрана е клучно. Тоа може да го забрза вашиот напредок кон целта.

Идеално растојание за пешачење

Иако барањата варираат од личност до личност, некои општи упатства сугерираат дека поминувањето 10.000 чекори дневно е оптимално, што е околу 7-8 километри, при што се согоруваат 300 до 400 калории, што е еднакво на половина килограм губење на тежината неделно, доколку имате балансирана исхрана.

Како да се случи тоа?

Во денешниот брз начин на живот, мисловна именка е да поминете толку километри ако сте зафатени со работа, ако работите седејќи и користите превоз до работа, до град и слично. Еве неколку упатства како да го интегрирате пешачењето во вашиот динамичен живот:

- Поделете ги вашите прошетки - прифатливо е во текот на денот да имате пократки, а почести прошетки, на пример, утрински, попладневни и вечерни.

- Транспортот заменете го со пешачење - најидеално е, доколку е изводливо, да пешачите до работа наместо да возите или да користите јавен превоз.

- Користете ги скалите - иако многумина ќе ги превртуваат очите на овој предлог, факт е дека лифтовите иако ни го олеснуваат патот до станот, не се добри за нашето здравје.

- Наместо во кафуле, одете на прошетка – наместо секогаш да седите во кафуле, може да пешачите со пријателите, тоа секако ќе има позитивно влијание на вашето физичко здравје.

Паразити се најдени во водоводен систем во Британија- расте бројот на заболени во болниците

Бројот на луѓе кои страдаат од криптоспоридиоза, болест предизвикана од паразит, се зголеми во Велика Британија откако паразитот е пронајден во водата на градот Бриксам.

По пријавувањето на првите случаи на зараза, властите апелираа до граѓаните да ја зовриваат водата во овој град и околните места во регионот на Девон, но денеска е потврдено дека бројот на заболени е повеќе од двојно зголемен – од 20 вчера на 46 денеска.

Според британските здравствени власти, повеќе од 100 луѓе пријавиле симптоми слични на оние на пациентите.

Повеќето од пациентите се жалеле на повраќање и дијареа.

Медиумите јавуваат дека траги од паразитот се откриени во два резервоари со вода, од кои се снабдуваат неколку населени места, откако биле пријавени првите случаи на криптоспоридиоза.

Експертите велат дека пациентите можеле да ги почувствуваат ефектите и до еден месец по инфекцијата. Тие наведуваат дека не постои „одреден третман“ и дека симптомите можат да траат со недели без можност за олеснување.

Здружението на судии со реакција за притисоците врз судиите во Управниот суд

Во правец на денешната реакција на Управниот суд, Здружението на судии ја искажува својата загриженост по однос изјавите на поединци со кои директно или индиректно се врши притисок врз судиите и судиското постапување и одлучување.

Припадноста кон одредена политичка партија и можноста за идно владеење односно учество во извршната власт, не смее да се користи за коментирање, заканување или влијание врз судиското одлучување. Таквите изјави се штетни пред се за политичките субјекти кои ги пласираат во јавноста, а истовремено може да се разберат и како обид да се поткопа непристрасноста и интегритетот на судиите.

Во однос на неоснованите обвинувања кои беа упатени на адреса на Претседателот на Управниот суд, како Здружение на судии даваме целосна поддршка на колегите од именуваниот суд и напоменуваме дека секој избран судија е независен во своето одлучување и таа независност му е Уставно загарантирана. Па во тој правец и при најмал сомнеж за евентуален обид за притисок или влијание врз неговата работа, без разлика од кого доаѓа, е должен да ги извести надлежните судиски инстанци. Воедно, сите останати општествени чинители, а особено претставниците на политичките партии се должни да ја почитуваат загарантираната судиска независност што е во духот и на демократскиот развој и Европскиот просперитет на земјата.

Здружение на судии

На аргентинскиот јунак од СП во Катар му се заканува затвор поради силување

Аргентинскиот фудбалер Гонзало Монтиел (27) добил наредба да биде подложен на психијатриски прегледи, откако против него во март беше поднесена кривична пријава за тешка сексуална злоупотреба и силување.

Монтиел е обвинет дека дрогирал и сексуално злоставувал девојка со која во тоа време бил во кратка врска на 1 јануари 2019 година, на прославата на неговиот роденден. Деталите се откриени во видеото минатиот месец од страна на жртвата.

„Јас сум Каролина, модел и водителка која преживеа групно силување чиј главен сторител беше Гонзало Монтиел, човекот кој го постигна последниот гол на Светското првенство во 2022 година.Се славеше неговиот роденден и ме повика кај него дома.Се запознавме, а потоа ме дрогираа, додека не изгубив свест.Во истрагата се докажа дека врескав за време на забавата. Долго барав адвокат бидејќи никој не сакаше да оди на суд со мене", рече таа.

Монтиел тврди дека не сторил кривично дело, а неговото судење е закажано за 17 и 20 септември во Буенос Аирес. Монтиел моментално игра во Нотингем Форест, каде што е позајмен од Севиља, а е запаметен како херој на Аргентина на Светското првенство во Катар, каде го постигна победничкиот пенал во престрелката во финалето против Франција. Една година претходно, тој ја освои Копа Америка со Аргентина.

притисни ентер