„Science@FEEIT“ конгрес посветен на ваштачка интелегенција во Скопје

Над 100 студенти од техниките факултети од земјава и регионот ќе учествуваат на научен конгрес “Science@FEEIT”, во Скопје. 

Вештачка интелигенција, машинско учење, техники за длабоко учење и други актуелни теми од областа на инженерските науки се темите кои ќе бидат во фокусот на научен конгрес “Science@FEEIT”, која ќе се одржи од 9-12 мај 2024 година во Скопје.

Над 100 студенти од техничките факултети од земјата и регионот се веќе пријавени на „Science@FEEIT”, кој е во организација на Факултетското студентско собрание (ФСС) на Факултетот за електротехнички и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Во рамките на конгресот покрај најновите научни истражувања, дел од активностите ќе бидат посветени на зајакнување на регионалната соработка помеѓу академските заедници. Покрај тоа, на „Science@FEEIT” ќе се одржат и презентации и работилници од водечките компании во земјава, со што ќе се презентираат можностите за вработување и ќе се придонесе за поголема соработка помеѓу академската и деловната заедница. Годинава Science@FEEIT за прв пат ќе биде организиран на регионално ниво и ќе учествуваат и претставници на техничките факултети од регионот.

Водечките спонзори на “Science@FEEIT”, Македонски Телеком, ЕВН и Инфинеон, во рамките на конгресот ќе имаат свои работилници на кои ќе ги презентираат новите трендови и иновации во своите индустрии, како и можностите за вработување. Поддршка на “Science@FEEIT” даде и Нетцетера, како спонзор и малите спонзори: Цементарница УСЈЕ, Мако Сигре, Витаминка АД, Кнопперс, Тчибо кафе и Смајл гами.

Поддржувачи на конгресот се Универзитетското студентско собрание при УКИМ, Инженерската Институција на Македонија и Китановски & Д2ЕМ.

На конгресот на тема „Преглед на техники за длабоко учење за мрежни системи за откривање на упад“, свое излагање ќе имаат д-р Марко Порјазоски, редовен професор на ФЕИТ и м-р Гоце Стевановски, раководител на лабораторијата за дигитална форензика и наставен соработник на Воената академија „Михајло Апостолски“ и на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. „Сијамски невронски мрежи за следење на луѓе“ е втората тема, а најновите истражувања од оваа област ќе ги презентираат проф. д-р Зоран Ивановски и м-р Елена Василева од ФЕИТ. Давор Тодоровски магистер по комуникациски системи, воедно и архитект на решенијата на Виасат како и ФЕИТ алумни ќе зборува на темата „Од ФЕИТ до вселената: Развивање на нов хибриден комуникациски систем за ултра доверливо поврзување“. За поврзаноста и значењето на „Науката, музиката, спортот и бизнисот како животен стил во инженерскиот свет“ ќе зборува Михаил Китановски, интернационален бизнис и менаџмент консултант и ФЕИТ алумни.

Покрај тоа на конференцијата на посебен панел ќе се дискутира и за исклучително актуелната тема „Етички импликации како пристрасност, приватност, безбедност и алгоритамска транспарентност во системите што користат вештачка интелигенција“. На оваа тема во рамките на панелот ќе зборуваат проф. д-р Христијан Ѓоревски од ФЕИТ, проф. д-р Ѓорѓи Мацаров од ФИНКИ, Александар Камиловски основач и извршен директор на „Карбула“ и Мартин Поповски Tech лидер на генеративна ВИ во Нетцетера.

“Science@FEEIT” е платформа која служи за размена на иновациите во науката, најновите истражувања во областа на техничките науки и зајакнување на партнерствата и соработката помеѓу професорите и студентите. Покрај тоа оваа платформа има за цел и градење на цврсти мостови помеѓу студентите и деловната заедница и поголемо вмрежување. Преку овие активности “Science@FEEIT” придонесува за подигнување на квалитетот на стручни знаења но истовремено се подобрува квалитетот на кадарот на пазарот на труд. Покрај “Science@FEEIT” Факултетското студентско собрание активно работи и на организација на неколку други настани посветени на посебни сегменти од електротехничките науки какo “Tech@FEEIT” и “Applied@FEEIT”, а се работи за препознатливи научни настани со неколку годишна традиција.

Сите спортски настани во Иран се откажани поради смртта на претседателот на земјата

Иранските власти одлучија да ги откажат сите спортски настани во земјата поради смртта на претседателот на земјата Ебрахим Раиси, пренесе агенцијата ИРНА.

Раиси загина во хеликоптерска несреќа. Инцидентот се случи вчера попладне.

Заедно со шефот на државата, во хеликоптерот се наоѓале и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан и други членови на делегацијата. Меѓу нив се имамот на Табриз Мохамад Али ал-Хашем, шефот на провинцијата Источен Азербејџан Малек Рахмати, екипаж на хеликоптер и еден телохранител.

Ирачкиот премиер изрази сочувство до иранскиот народ

Ирачкиот премиер Шија ал-Судани изрази солидарност со иранскиот народ по смртта на Ебрахим Раиси.

„Со длабока тага и жалост ја примивме трагичната вест за смртта на претседателот на Исламската Република Иран, Ебрахим Раиси, министерот за надворешни работи, Хосеин Амир Абдолахиан и нивните придружници, како последица на несреќа во северен Иран“, наведе Ал Судани.

„Изразуваме искрено сочувство до врховниот лидер на Исламската Република Али Хамнеи и до нацијата на Иран, нејзината влада и народ. Ја изразуваме нашата солидарност со братскиот ирански народ и со претставниците на Исламската Република за време на оваа болна трагедија“, додаде ирачкиот премиер.

Мадуро изрази сочувство до Иран за „безусловниот пријател“ Раиси

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро изрази сочувство до Иран и неговиот врховен лидер Али Хамнеи, велејќи дека Ебрахим Раиси е „безусловен пријател“ на Венецуела.

„Топла прегратка од Боливарската Република Венецуела. Ти, Иран, си пример за достоинство, морал и отпор“, напиша Мадуро во објавата на социјалните мрежи.

притисни ентер