„Тигрите” ќе го пречекаат Палчо на Аеродром

Првоосомничениот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски, веројатно на аеродромот во Скопје ќе го пречека специјалната единица „Тигри“.

Според досегашната пракса на екстрадиција на високоризични затвореници, Палевски, би требало во присуство на турската полиција да биде спроведен до авионот со кој ќе патува, а таму ќе го пречекаат припадници на македонската безбедносна служба. Тие ќе бидат задолжени за него за време на летот. Веднаш по слетувањето, под силно полициско обезбедување, веднаш ќе биде транспортиран во истражниот затвор ,,Скопје”, бидејќи му е одредена мерка притвор.

Професорот за безбедност, Методи Хаџи Јанев, не очекува никакви проблеми при спорведувањето, но предупредува дека мора да бидат запазени сите човекови права, во спротивно осомничениот би можел тоа да го употеби во своја корист.

Во пресрет на екстрадицијата, политичката партија Десна на својот официјален Фејсбук профил, објави наводно писмо од својот поранешен лидер Љупчо Палевски. Тврдат дека тоа било упатено до министерот за правда Кренар Лога, пишувано лично од Палчо, на 29 април, а следниот ден му било испратено преку службениот маил. Тој во писмото го обвинува министерот за правда Кренар Лога дека правел калкулации и застој со екстрадицијата поради изборите во земјава.

Барањето за екстрадиција доаѓа по неговото апсење на 5 декември во Турција, откако ден претходно беше распишана меѓународна потерница по него како осомничен за две кривични дела – „грабнување“ и две убиства на свиреп начин.

Бекутанова работилница за родители во Загреб

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ со д-р Диана Пужевски, д-р Натко Бек, Мирна Медаковиќ Степинац, со Стјепан Вукадин, Фабијан Павao Медвешек и со првиот бренд-амбасадор на „Бекутан“, Тарик Филиповиќ

Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

Загреб, 9 мај 2024 – Родителството, несомнено, е најважната и најубавата животна улога, проследена со голем број предизвици со кои се соочуваат мајките и татковците од раѓањето на бебето. Таа улога е толку драгоцена со сите свои предизвици, што, иако акцентот за грижата и за негата околу новороденото бебе, главно, е на страната на мајката, сѐ повеќе се согледува важноста на татковците, па се истакнува значењето на нивното активно учество во развојот на бебето од неговото раѓање. Татковците на некој посебен начин се поврзуваат со новороденото бебе, па со своето присуство создаваат нераскинлива поврзаност, која трае цел живот. Сето ова беа темите на овогодишната Бекутанова работилница за родители, која се одржа во прекрасната Magnolia Slastice, со познати татковци и со голем број мајки. Сѐ за најубавата улога во животот, татковската улога, ни раскажаа Стјепан Вукадин, Фабијан Павао Медвешек и д-р Натко Бек, заедно со д-р Диана Пужевски, со модераторот Мирна Медаковиќ Степинац и со специјалниот гостин Тарик Филиповиќ, кој по раѓањето на својот син покажа неизмерна доверба во „Бекутан“ и стана негов горд бренд-амбасадор.

Колку е важна, но и најубава улогата на татко нагласи Тарик Филиповиќ, првиот бренд-амбасадор на „Бекутан“: „Велат дека е лесно маж да стане родител, но треба многу повеќе за да стане ТАТКО! Фигурата која јас ја паметам како најголем морален и човечки авторитет и пример. Сето пропуштено при растењето на детето тешко можеш да го надоместиш, а детето кога ќе стане возрасен човек, ќе памети многу од она што не си го пропуштил. И тоа неретко го формира како личност и го насочува понатаму во животот. Но, со сета должна почит спрема нас татковците и спрема нашите татковци, мојот наклон оди за едната и единствена – МАЈКАТА!“

Значењето и важноста на рамнотежата во родителството ги нагласи д-р Натко Бек: „Сите ние правиме грешки, но и учиме од грешките и се трудиме да го направиме најдоброто во дадениот момент. Важно е да се едуцираме и да увидуваме каде грешиме бидејќи тоа нѐ прави подобри татковци! Важен е балансот во родителството. Татковците и мајките треба рамноправно да учествуваат во растењето на детето од неговото раѓање.“

„Овогодишната Бекутанова работилница ја имаше темата за улогата на татковците во растењето на децата од првите денови, со акцент врз предизвиците што ги носи родителството, а во контекст на поттикнување позитивно и рамноправно родителство. ’Бекутан’, како и секогаш, е во чекор со времето, па покани и познати татковци за да ги споделат своите искуства со породилното отсуство, но и за да кажат збор-два за поврзувањето со своите деца. Сите беа согласни дека улогата на таткото во растењеето на детето е неизмерно важна“, изјави реномираниот педијатар д-р Диана Пужевски.

АЛКАЛОИД АД Скопје

Северна Кореја лансира „неидентификувана балистичка ракета“

Северна Кореја истрела најмалку една „неидентификувана балистичка ракета“, соопшти денеска јужнокорејската војска.

Северна Кореја истрела неидентификувана балистичка ракета во правец на Источното Море, наречено и Јапонско Море, соопшти началникот на Здружениот генералштаб на Јужна Кореја.

Додека јапонската јавна телевизија НХК, повикувајќи се на државни извори, најверојатно проектилот бил со мал дострел.

Лансирањето на проектилот се случи неколку часа откако Ким Јо-јонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, негираше дека Северна Кореја и испорачува оружје на Русија. /МИА

Расчистено разбојништво во Штип, одземеното вратено на сопственичката

Џ.С. била задржана во Полициската станица и во службен разговор го признала делото. 

Штипската полиција вчера во 16.00 часот на ул.„Христијан Карпош“ во Штип, ја лишила од слобода Џ.С.(23) од Кочани, која се сомничи дека на 15 мај годинава извршила кривично дело „разбојништво“ над Л.М.(69) од Штип, при што физички ја нападнала и ѝ ја одзела чантата со пари и документи.

Како што информираат денеска од МВР, Џ.С. била задржана во Полициската станица и во службен разговор го признала делото. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственичката. По целосно документирање на случајот, против Џ.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.

притисни ентер