АБА2: МЗТ Скопје Аеродром поразен од Спартак

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром претрпеа вечерва пораз на домашен терен од Спартак Суботица со 73-78 во првиот полуфинален натпревар од плејофот во регионалната АБА 2 лига.

Актуелниот македонски шампион влезе во завршницата на третата четвртина со предност од 55-50, по уследи пад во играта и серија на противникот од 11-2.

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром не успеаја резултатски да се вратат до крајот на натпреварот и со негатива од пет поени ќе патуваат на реваншот во Суботица идната сабота.

Најефикасен во редовите на МЗТ Скопје беше Војдан Стојановски со 20 поени.

Во второто полуфинале Подгорица триумфираше на првиот натпревар на домашен терен над Војводина со 98-80 пред реваншот идниот четврток во Нови Сад.

Повлечени 104.000 пакувања леб во Јапонија откако во две биле пронајдени траги од глувци

Околу 104.000 пакувања леб се повлечени од продажба во Јапонија, откако во две пакувања се пронајдени делови од стаорци, соопшти производителот на леб „Паско Шикишима“.

Компанијата потврди дека е покрената истрага откако во две пакувања леб биле пронајдени делови од телото на стаорци, пишува Јапан Тајмс.

„Сакаме длабоко да се извиниме што предизвикавме непријатности на нашите муштерии и клиенти“, се вели во соопштението на компанијата.

Се додава дека производството ќе биде прекинато до крајот на истрагата.

Земјата од вечерва ќе биде погодена од геомагнетна бура предизвикана од ерупции на Сонцето

Земјата денеска и во наредните денови ќе биде погодена од силна геомагнетна бура предизвикана од ерупции на површината на Сонцето што се случија претходните денови, соопшти американската Национална океанска и атмосферска администрација.

Силата на оваа бура ќе биде Г4, од која само Г5 е посилна, а се очекува да предизвика проблеми со енергетските системи, вселенските летала, сателитите и радиофреквенциите, пренесува порталот watcher.news.

Ова е прва геомагнетна бура Г4 од 2005 година, а се очекува да почне вечер и да трае до 13 мај.

Израел планира повеќе помали воени операции во Рафа, изјави египетски функционер

Израел планира да започне неколку мали воени операции во градот Рафа во јужниот дел на Газа, изјави неименуван египетски воен функционер за либанскиот весник Ал Акбар.

Тој рече дека Израел планира да го избегне незадоволството на Соединетите Американски Држави и меѓународната заедница кога станува збор за инвазијата на Рафа, пренесува Тајмс оф Израел.

Американскиот претседател Џо Бајден оваа недела предупреди дека ќе престане да го снабдува Израел со оружје доколку израелската армија изврши голема инвазија на Рафа.

Како одговор на американското предупредување, Нетанјаху вчера рече дека Израел „ќе стои сам ако треба“, а денеска изјави дека Израел „нема друг избор освен да го уништи Хамас“.

Израел оваа недела започна операција во источните делови на Рафа, а Тел Авив соопшти дека станува збор за „ограничена операција“.

Повеќе од еден милион Палестинци најдоа засолниште во Рафа од конфликтот во другите делови на Појасот Газа.

притисни ентер