Адетокунбо и Лилард неизвесни за натпреварот број 5 од плејофот против Индијана

Голема е веројатноста Милвоки бакс да го одиграат петтиот натпревар од серијата со Индијана пејсерс без своите двајца лидери.

Ѕвездите на тимот Јанис Адетокунбо и Демијан Лилард се очекува да го пропуштат натпреварот поради повреда.

Милвоки губи од Индијана во плејоф серијата од првото коло со 3:1 и е пред елиминација.

Петтиот натпревар ќе се игра во 3:30 часот по полноќ по македонско време.

Лилард има истегнување на Ахиловата тетива, повреда добиена во последната четвртина од натпреварот број 3 во петокот.

Адетокунбо не одигра ниту еден натпревар во серијата поради повреда на потколеницата.

НБА инсајдерот Шамс Шаранија објави дека двајцата играчи имаат непријатни повреди на мускулите кои претставуваат ризик од посериозно оштетување во случај на принудно враќање на теренот.

Салах до Клоп: Ти посакувам среќа и се надевам дека ќе се сретнеме повторно

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах се обрати до тренерот, Јирген Клоп, кој во неделата за последен пат го предводеше тимот од „Енфилд“.

-Беше одлично да ги споделам сите овие трофеи и искуството од последните седум години со тебе. Ти посакувам среќа во иднина и се надевам дека повторно ќе се сретнеме, напиша Салах на социјалната мрежа.

Клоп во голем стил се прости од Ливерпул. Победи и почна да го скандира името на новиот тренер.

Германецот го презеде Ливерпул во октомври 2015 година. Под негово водство, тимот стана шампион на Англија, а воедно и победник на Лигата на шампионите. Покрај тоа, Ливерпул двапати го освои англискиот Лига куп и стана победник на националниот куп.

Сообраќајна несреќа кај Росоман

Сообраќајна несреќа се случила утрово кај Росоман, помеѓу патничко и товарно моторно возило, информираа од СВР Велес.

- Во 07.40 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека кај клучка Росоман се случила сообраќајна незгода, помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(45) од Скопје и товарно возило „ивеко“ со бугарски национални ознаки, управувано од А.З.(59) од Прилеп. Во незгодата, возачот на патничкото возило се здобил со телесни повреди констатирани во болницата во Кавадарци, појаснија од СВР Велес.

Оттаму рекоа дека увидот е во тек, а сообраќајот се одвива нормално и без застој.

СБ на ОН не изгласа предлог-резолуција поднесена од Русија

СБ на ОН не ја изгласа предлог-резолуцијата поднесена од Русија за преземање акција за спречување на распоредувањето оружје во вселената.

Советот за безбедност на Обединетите нации вчера не ја изгласа предлог-резолуцијата поднесена од Русија со која се повикуваат сите земји да преземат итна акција за да го спречат распоредувањето оружје во вселената.

Предлог-резолуцијата доби седум гласа „за“, додека седум земји, вклучително и САД, гласаа против, а Швајцарија беше воздржана. За усвојување на резолуцијата беа потребни девет гласови во советот од 15 нации.

Со оглед на американската резолуција против нуклеарното оружје во вселената која не беше изгласана минатиот месец поради руското вето, американскиот претставник Роберт Вуд ја обвини Москва за манипулативна тактика.

Дебатата во Обединетите нации следи по американските извештаи во февруари за нуклеарните амбиции на Русија во вселената.

притисни ентер