Бачев: Залудно е „механичко“ обединување

„Стоиме на ставот за национално и семакедонско обединување“

Време е во Парламентот да влезе изворна Македонска партија што ќе биде балансер помеѓу двете големи партии. Стоиме на ставот за национално и семакедонско обединување, ист став имавме и пред 15 години кога им ја дадовме платформата на Заев и Груевски, бидејќи тоа е спасот за Македонија. Основната брана да се заштитат Македонските интереси против секаква домашна и надворешна закана е националното обединување. Но прашање е како ќе се обединиме. Ако само механички се обединиме, а на Македонија не и оди добр, тоа е залудно. Треба да се наведат принципи во однос на стратешките определби, позициите во однос на Преспанскиот договор, Бугарскиот договор, криминалот и корупцијата, и двојазичноста, ревизија на приватизацијатасето тоа треба да се поништи, рече Јанко Бачев во Само Вистина.

Учителка во второ одделение во САД чувала дрога во училницата, уапсена е заедно со сопругот

Учителка на второ одделение и нејзиниот сопруг се уапсени во Вирџинија под сомнение дека на училиште биле под дејство на дрога.

По нејзиното апсење, властите во нејзината училница пронашле залихи од илегална супстанција.

Кендис Ли Картер (35) била забележана од училишен полицаец во четвртокот во основното училиште во чудна состојба, поради што се посомневале дека е под дејство на дрога, пренесува Индепендент.

По понатамошната истрага, во училницата во второ одделение била пронајдена наркотици, а таа е уапсена.

Нејзиниот сопруг Кристофер Доналд Картер (34) бил пронајден во автомобил на училишна територија и исто така е осомничен дека бил под дејство на наркотици и дека му требала медицинска помош, соопшти полицијата.

Властите во автомобилот пронашле и двегодишно дете, а Картер е уапсен.

Двајцата се однесени во затвор.

Полицијата соопшти дека нема повредени ученици од основното училиште; но, превентивно им е извршен медицински преглед и училницата е стручно исчистена.

Израелците го убиле командантот на Хезболах во јужен Либан

Израелската војска денеска потврди дека нејзините сили убиле висок воен командант на либанската група Хезболах во воздушен напад во јужен Либан.

Во соопштението, израелската војска го идентификуваше командантот на Хезболах како Касем Саклави, кој бил погоден со израелско беспилотно летало во областа Тир.

Се додава дека Саклави е „одговорен за планирање и извршување на ракетни и противтенковски напади“ во северен Израел.

Во меѓувреме, израелската војска, исто така, соопшти дека нејзините воени авиони гаѓале локација за лансирање ракети на Хезболах во областа Рамија во јужен Либан.

Хезболах вчера тагуваше за шестмина свои членови убиени во судирите со израелската армија, со што бројот на загинати од 8 октомври минатата година се искачи на 308.

Тензиите се зголемија долж границата на Либан со Израел поради прекуграничните напади меѓу Хезболах и израелските сили додека Тел Авив ја продолжува смртоносната офанзива на Појасот Газа, во која загинаа повеќе од 35.500 луѓе од нападот на Хамас во октомври минатата година.

Ја спуштил камерата во дупка длабока 340 метри среде пустина- на дното го дочекало чудо (ВИДЕО)

Јутјуберот Др. Тај е познат по своите необични авантури, а пред неколку години објави видео кое сè уште привлекува внимание.

Пронашол необична дупка среде пустина во американската сојузна држава Јута, која решил да ја истражи со помош на GoPro камера.

Дупката се наоѓа во близина на воената база „Дагвеј“, а Јутјуберот ја нарекува „најдлабока на светот“. Веднаш да истакнеме дека оваа титула му припаѓа на ултрадлабокиот бунар Коља во Русија (12.262 метри).

Според достапните податоци, дупката во пустината Јута е нешто повеќе од 340 метри длабока, иако останува нејасно зошто е направена и кога.

Очигледно не може да се спореди со бушотината Коља, но вреди да се спомене дека по висина е идентична со облакодерот Крајслер во Њујорк, пренесува LadBible.

На почетокот на видеото од 2013 година го гледаме јутјуберот како се приближува кон отворот, како и „опремата“ што ја користел.

„Имам GoPro камера, LED фенерче, стиропор ако налетаме на вода, рибарски конец и дупчалка“, објасни тој.

Му требале две минути да стигне до дното, а снимката е главно црна цело време, со слаби појави на светлина и видливи ѕидови на дупката.

За жал, ништо друго не е откриено, па јутјуберот решил да вметне неколку камчиња во отворот. Тогаш сфатил дека не слетале покрај камерата, „туку некаде во далечина“.

„Немам објаснување каде исчезнале камењата. Ми се чини дека слушнав некои чудни, слаби звуци таму долу“, рече тој.

Снимката е малку морничава и може да ги вознемири луѓето кои страдаат од клаустрофобија. Одговорот на прашањето каде завршиле камчињата е непознат и понатаму ги интригира луѓето.

притисни ентер