Блинкен: Напредок во испораката на помош во Газа

Прекинот на огнот „најефикасен“ за решавање на хуманитарната криза

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен на состанокот на регионалните лидери во Ријад изјави дека најефективниот начин за ублажување на хуманитарните страдања во Газа е да се обезбеди примирје меѓу Израел и Хамас.

Говорејќи во Саудиска Арабија, американскиот државен секретар рече дека има „мерлив напредок“ во доставувањето помош за Газа, но дека е потребно повеќе. Блинкен рече и дека Иран е најголемиот извор на нестабилност во регионот. Тој посочи дека настаните од последните неколку месеци покажаа дека има два можни патишта. Едниот, рече тој, бил обележан со „поделби, уништување, насилство и постојана несигурност“.

Екс вереникот на Лејди Гага се венча со 15 години помлада манекенка

Актерот Тејлор Кини (42), ѕвезда на серијата Чикаго во оган, се ожени со 15 години помладата манекенка Ешли Кругер по две години врска.

Тие имале мала, приватна церемонија во Чикаго, каде Кини неодамна го заврши снимањето на 12-та сезона од серијата на NBC, пишува People.

Кини и Кругер се заедно од 2022 година, а Кини ја сподели својата прва фотографија од Ешли на Инстаграм во март истата година. Тие официјално се појавија во јавноста во април 2022 година на добротворен настан во Јута. Иако парот не зборуваше јавно за нивната врска, тие објавија еден за друг на социјалните мрежи. Кругер се појави и во серијата Чикаго на оган во 2022 година во 11-тата сезона.

Ова е прв брак на актерот, иако претходно беше свршен со пејачката Лејди Гага. Тие ја раскинаа свршувачката во јули 2016 година.

Кругер дипломирал на Универзитетот во Ајова со диплома по новинарство во 2017 година. После тоа, таа работеше во продажба и маркетинг. Кругер моментално работи со скратено работно време како шеф на бизнис развој за Eagle Six Properties. Што се однесува до манекенството, таа има договор со агенцијата BMG Models.

Катимерини: Мицкоски инсистира на името Македонија

Грчкиот весник Катимерини пишува дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски инсистира на коритење на името Македонија.

Лидерот на централно-десничарската националистичка партија ВМРО-ДПМНЕ, Кристијан Мицкоски, инсистира да се користи терминот „Македонија“ наместо уставното име на земјата, по чекорите на новата претседателка, Гордана Силјановска.

Мицкоски го пофали нејзиниот став како „достоинствен“ во нарекувањето на нивната земја како „Македонија“.

„Ако Грција верува дека го прекршивме Договорот од Преспа, нека се жали до Меѓународниот суд на правдата“, рече Мицкоски и додаде: „Не очекуваме односите меѓу двете земји да се засноваат на покажување моќ; Очекуваме добри и одлични меѓусоседски односи“.

Мицковски, исто така, ги повика грчките компании да инвестираат во Македонија, нагласувајќи ја меѓусебната соработка. Тој ги охрабри македонските компании да инвестираат во Грција, промовирајќи ги билатералните економски врски, објави Катимерини.

Полскиот премиер Доналд Туск добил закана по атентатот врз Фицо

Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека добил закани по животот непосредно по атентатот врз словачкиот премиер Роберт Фицo.

Туск на платформата Х напиша дека вчера се случувале многу работи, а неговата објава содржи коментар објавен и на социјалната мрежа во кој се вели дека Словаците им дале пример на Полјаците што да прават со Туск доколку одлучи да не ја реализира инвестицијата на голем аеродром во централниот дел на земјата.

Полскиот веб-сајт Wp.pl денеска објави, повикувајќи се на извор од Државната служба за заштита, органот задолжен за заштита на важни личности во Полска, дека заштитата на Туск ќе биде зголемена по атентатот на Фицо, пренесуваат британските медиуми.

Врз Фицо вчера беше извршен атентат кога постар човек го застрела пет пати, по што премиерот беше опериран и сега е во стабилна состојба.

Атентатот врз Фицо предизвика бран од меѓународни осуди и повици за смирување на политичките тензии во Словачка.

притисни ентер