Бојмацалиев: Над 603.000 патници на Меѓународниот аеродром Скопје, во првото тримесечје од 2024

Како што соопштија од МВР, делегацијата го посетила терминалот на аеродромот, како и Граничната меѓуагенциска единица (ГМЕ). 

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на БЈБ Сашо Тасевски, и помошник директорот на Одделот за граничи работи и миграции, Сашо Смилески, денеска оствариле работна средба со раководството на полициска станица за граничен проверки „Меѓународен аеродром” Скопје.

Како што соопштија од МВР, делегацијата го посетила терминалот на аеродромот, како и Граничната меѓуагенциска единица (ГМЕ). Притоа, од страна на раководството билеа брифирани за резултатите на оваа организациска единица при Регионалниот Центар Север во рамки на Бирото за јавна безбедност на МВР.

- Во првото тримесечје на Полициската станица за гранични проверки „Меѓународен Аеродром”, во однос на работата на оваа организациска единица бележиме зголемен проток на патници во однос на истиот период лани, со вкупно регистрирани 603.537 од кои домашни 296.728 и странски 306.809 патници, а во фреквенција биле и 2507 домашни и странски воздухоплови. Во однос на регистрирани кривични дела, бележиме два откриени случаи на фалсификувани документи. Поднесени се 65 прекршочни пријави и извршени 92 претреси на лица, лишени од слобода 14 лица, приведени 78 лица”, информирал Бојмацалиев по средбата, се наведува во соопштението.

Воен хеликоптер се урна во Авганистан, најмалку еден загинат и 12 повредени

 Авганистански воен хеликоптер се урна денеска во провинцијата Гор во западен Авганистан, при што загинало најмалку едно лице, соопшти авганистанското Министерство за одбрана.

Урнувањето на хеликоптерот МИ-17 се случило поради технички проблем. Повредени се 12 лица, се наведува во соопштението за печатот.

Хеликоптерот бил во спасувачка мисија откако возило со цивили паднало во река во близина на градот Фероз Кох, главниот град на провинцијата Гор, соопшти Министерството на платформата Икс.

Шаховско првенство: Панчевски се приклучи кон водечката група

 Во 5. коло од Отвореното првенство на Македонија во шах продолжува неизвесноста во борбата за врвот, откако на првите 10 табли дури пет меча завршија со реми.

Може да се истакне победата на ИМ Филип Панчевски (2432) над ФМ Љубомир Илиќ (2051), со која играчот на ШК Алкалоид стигна до 4 бода и фати приклучок кон водечката група, која сега е уште поголема. Имено, ИМ Емил Ристески има тесна предност на врвот со 4,5 поени, а зад него е група од седум шахисти со по 4 поени, во која се уште и ИМ Тони Лазов (2358) и шампионот од 2021 година Филип Михов (2225), кои ремизираа во вчерашниот меѓусебен дуел.

Во шестото коло овие шахисти играат меѓу себе, при што на првата табла во дербито се среќаваат ИМ Ристески и ИМ Лазов.

На првенството за жени немаше изненадувања и сите пет партии завршија со победи на подобро рангираните, кои ја имаа улогата на фаворитки. ЖИМ Габриела Коскоска (1993) го доби дуелот со Лиле Аларова (1757), додека, пак, Леа Ефтовска (1797) ја продолжи низата од успешни резултати извојувајќи значајна победа со црни фигури над тимската колешка од ШК Алкалоид Бонита Јакимова (1523).

На табелата водат Ефтовска и Коскоска со по 4,5 поени од шест кола, додека, пак, третопласираната Жежовска со победата над Ајрадиновска се позиционираше на третото место со 3,5 бода.

На двата турнира денеска е на програмата седмото од предвидените девет кола, со почеток од 17:30 часот.

Претседател на грчка партија од собраниската говорница го искина Договорот од Преспа

Не постои ни северна ни јужна Македонија, Македонија е една и е Грција и го кажувавте тоа на протестите.

Ова е Договорот од Преспа. Ако постоеше кредибилна, национална, патриотска, општествена, народна грчка Влада ќе го стореше ова, рече лидерот на десничарско-националистичка партија Грчко решение Кирјакос Велопулос од говорницата на Парламентот и го искина листот со Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.

На денешната седница во Парламентот на која се дискутираше закон од Министерството за култура, а темата во никој случај не беше грчката надворешна политика, Велопулос се осврна на т.н. национални прашања.

-Не постои ни северна ни јужна Македонија, Македонија е една и е Грција и го кажувавте тоа на протестите. Сега ја нарекувате С. Македонија. Нашиот проблем не е претседателката на Скопје, проблемот е начинот на кој ја учат нивната историја, логиката со која самиот народ избира. Кого? Комитите. ВМРО е најлошото што би можело да го избере еден народ. Фашистичка и нацистичка партија, регуларна нацистичка партија, рече Велопулос.

Во продолжение го извади документот со Договорот од Преспа, рече дека ако Владата не може да го стори тоа, ќе го сторат тие и го скина листот.

Упати остри критики до грчката Влада, повикувајќи ја да ги донесе за ратификација трите меморандуми „за сите партии да гласаат против“.

-Донесете ги меморандумите за соработка со Скопје, сите да гласаме против, бидејќи тие го поништија Договорот, а не ние, рече Велопулос.

Грчко решение е партија која на ланските избори беше шеста со освоени 4,44 отсто од гласовите и доби 12 пратеници, а на последните истражувања на јавното мислење во Грција е со зголемен рејтинг што достигнува и до седум проценти и се движи на четвртата и петтата позиција.

притисни ентер