Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри

 Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада.

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека очекува во следните 48 часа, седница на Претседателството на Српската напредна странка, на која нејзиниот претседател Милош Вучевиќ би презентирал кого предлага за министри во новата Влада.

Рокот за нејзино избирање во Собранието е 6 мај, така што ќе работиме следната недела, изјави таа, пренеесе Бета.

Според неа, Србија ја чекаат големи и тешки битки за националниот интерес и претстои „тежок мај“.

Земјата ќе биде погодена од геомагнетна бура предизвикана од ерупции на Сонцето

Земјата денеска и во наредните денови ќе биде погодена од силна геомагнетна бура предизвикана од ерупции на површината на Сонцето што се случија претходните денови, соопшти американската Национална океанска и атмосферска администрација.

Силата на оваа бура ќе биде Г4, од која само Г5 е посилна, а се очекува да предизвика проблеми со енергетските системи, вселенските летала, сателитите и радиофреквенциите, пренесува порталот watcher.news.

Ова е прва геомагнетна бура Г4 од 2005 година, а се очекува да почне вечер и да трае до 13 мај.

Џафери: Спроведовме европски избори и придонесовме во европското поведение на земјата

Спроведовме европски избори во слободни, мир, фер и демократски изборни процеси во двата изборни круга. 

Со тоа, со право можам да оценам дека придонесовме во европското поведение на земјата, која што стреми да биде членка на ЕУ, порача на денешната прес-конференција техничкиот премиер Талат Џафери.

Тој на прес-конференцијата на којашто се осврна на работата на Владата во изминатите 100 дена, посочи дека овие избори ќе се спомнуваат по тоа како може и како треба да се работи во интерес на граѓаните и државата.

-Се обврзав пред граѓаните дека ќе овозможиме слободно изразување на граѓанската волја на претседателските и парламентарни избори. Ова е обврска доверена согласно Уставот и законите и јас како премиер и Владата доследно ја исполнивме.Потврда на моите зборови се и честитиките и изразите на почит на нашите европски партнери. Ако по нешто се оценуваат европските и демократските капацитети на една власт, тогаш тоа се изборите, рече Џафери.

Тој изрази благодарност до институциите и до граѓаните затоа што, како што рече, беа на висина на одговорноста и придонесуваат кон заложбите државата да напредува според европските вредности.

-Токму вака, на дело се работи за големата европска идеја. Очекувам овој процес да го следи и следниот владин состав, затоа што иднината на Македонија, мирот, спокојот и перспективите на граѓаните се директно поврзани со напедокот во евроинтеграциите и реализацијата на полноправното членство во динамичен процес до 2030 година, додаде Џафери.

Според Џафери, сега треба и мора да се продолжи по европскиот пат, со преточување на граѓанската волја во новата извршна власт.

-Граѓаните очекуваат реализација на ветеното, но и стабилно, предвидливо и стабилно општество, во кое ќе се чувствуваат сигурно и во чекор со развиениот демократски свет. Со чист образ, мирна совест и можна почит кон сите граѓани можам да оценам дека тоа што го најавив кога стапив на должност дека ќе работам во интерес на сите граѓани и државата, и го спроведов. Потврдив дека моето именување за премиер, како прв премиер Албанец е уште еден придонес во демократијата. Продолживме по стратешки евроантлански колосек, реализирав бројни средби на значајни меѓународни настани, додаде Џафери.

Како што рече, ги донеле сите други потребни одлуки кои се значајни за квалитетот на животот на граѓаните, согласно надлежностите од Уставот и законите.

-Овде мислам на решенија кои ги изнајдовме за приоритетните проблеми, и во таа насока, спроведена е ефикасна координација со и помеѓу институциите. Доаѓајќи од Законодавниот дом, имав прилика да се насочам и на прашањата кои што беа иницирани од поодамна, а за кои имав можност да најдам решение во својство на премиер, потенцираше Џафери.

Фото: Најпознатата хрватска навивачка, фан на Реал Мадрид

Најпопуларната хрватска навивачка атрактивната Ивана Кнол покажа дека е и голем фан на Реал Мадрид.

Ивана , веројатно најпопуларната навивачка на фудбалот, во средата во живо го следеше полуфиналето од Лигата на шампионите во Мадрид помеѓу Реал и Баерн.

Сексапилната Ивана привлече големо внимание поради тоа што носеше црни хеланки, кратка маичка кои ги истакнаа нејзините бујни облини.


Ивана, логично, поради нејзиниот славен сонародник Лука Модриќ навиваше за Реал.

притисни ентер