Фудбалскиот тренер на Барселона, Чави Ернандез, ќе остане во каталонскиот клуб до крајот на договорот, односно до јуни 2025 година, јавуваат шпанските медиуми.
Чави во јануари годинава објави дека ќе го напушти клубот на крајот на сезоната. Шпанските медиуми пренесуваат дека Чави одлучил да остане во клубот до крајот на договорот за време на денешниот разговор со претседателот на Барселона Жоан Лапорте и спортскиот директор Деко.
Чави наводно ги прифатил условите на челниците на Барселона на средбата со клупските челници, а каталонскиот клуб во наредниот период треба официјално да ги соопшти деталите од договорот.
44 годишниот Чави ја презеде Барселона во 2021 година. Каталонскиот клуб е на второто место во поредокот во Ла Лига со 11 бодови помалку од првопласираниот Реал.