Честитка за големата победа на Сиљановска-Давкова од претседателот на Украина, Зеленски

Честитка за големата победа на проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова од претседателот на Република Украина, Володимир Зеленски.

Денеска, 9 мај 2024 година, на социјалната мрежа Х по повод големата победа на професорката Гордана Сиљановска-Давкова на претседателските избори, се огласи ѝ претседателот на Република Украина, Володимир Зеленски. Во неговата честитка упатена до професорката Гордана Сиљановска-Давкова на англиски и на украински јазик, стои:

„Честитки до Гордана Сиљановска-Давкова за нејзината убедлива изборна победа. И посакувам успешен и плоден мандат. Го цениме нашето силно партнерство и ја цениме поддршката на Скопје за Украина во борбата против руската агресија. Со задоволство очекувам да ја зајакнеме нашата билатерална соработка со цел да ги вратиме мирот и стабилноста во нашата обединета Европа.“

Професорката Гордана Сиљановска-Давкова се заблагодари на честитката на украински, македонски и на англиски јазик истакнувајќи го следново:

„Почитуван претседателе Зеленски, денеска кога го славиме Денот на Европа исто така се потсетуваме дека судбината на украинската нација е под закана. Ние ја поддржуваме Украина и ја нудиме солидарноста на сите македонски граѓански за постигнување на праведен мир и вистинска долгорочна безбедност. Ниту една европска нација, која ги споделува и брани заедничките европски вредности, не смее да биде изоставена од европското единство. Очекувам дополнително да ја зајакнеме билатералната соработка и се надевам на брз прием на нашите две земји во ЕУ.“

Целата преписка помеѓу избраната претседателка, Проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот на Република Украина, Володимир Зеленски, може да ја проследите на социјалната мрежа Х на следниот линк:

https://twitter.com/ZelenskyyUa/status/1788619035732521150?t=1USI24YF7Qh2vZeuQZ6rnQ&s=19

Тим на Гордана Сиљановска-Давкова

Во Тексас се собрале 706 мажи со име Кајл, но недоволно - рекордот останува во Босна (ВИДЕО)

Уште еден обид на градот Кајл во Тексас да го собори светскиот рекорд за најголем собир на луѓе со исто име не успеа и покрај тоа што 706 мажи по име Кајл од сите возрасти се појавија во парк во предградието на Остин.

Рекордот го држи градот Купрес во Босна, кој собра 2.325 Ивани во 2017 година, според Гинисовата книга на рекорди, пренесе АП.

Ова не е прв пат мажите по име Кајл да се обидат да го победат Иван.

Минатата година, во градот кој се наоѓа на околу 90 километри јужно од Остин, главниот град на американската сојузна држава Тексас, се собраа 1.490 мажи по име Кајл.

Кајл не е едно од најпопуларните имиња во САД, според Администрацијата за социјално осигурување, која годишно ги следи имињата што им се даваат на девојчињата и момчињата во секоја американска држава.

Најновите податоци покажуваат дека Кајл бил рангиран на 416-то место меѓу машките имиња во 2023 година, додека Иван, за споредба, бил рангиран на 153-то место.

Косовската полицијата со пушки упаднала и затвориле 6 филијали на Поштенската штедилница

Шест филијали на Поштанска штидиница во четири општини на северот на Косово денеска ги затвори косовската полиција, врз основа на извештајот на „институцијата за финансиски мониторинг“.

„Косовската полиција по пријави од институции за финансиско следење, како Управата за финансиско разузнавање и Централната банка на Косово, заедно со Даночната управа на Косово, врз основа на овластување на надлежниот обвинител, спроведува полициско дејствие во трезорот на Поштанската штидилница банка и уште пет филијали на истата, кои незаконски работеа на овој простор на Република Косово“, се наведува во соопштението на косовската полиција на Фејсбук.

Како што се наведува, операцијата „минала без проблеми“, а целта на операцијата е „воспоставување ред и законитост“.

Претходно денеска членовите на косовската полиција со пушки и панцири упаднаа во подружниците на Поштанска штединица во Косовска Митровица, Звечан, Зубина Поток и Лепосавиќ, додека граѓаните се обидуваа да ги подигнат пензиите, социјалната помош и други средства, јави дописникот на Танјуг.

Полицијата упадна и во зградата на Управата за финансии во Косовска Митровица.

Кога полицајците влегле во зградите, странките кои биле во просториите на штедилницата биле исфрлени од зградата, додека работниците биле приведени, а пред сите четири филијали има полицајци вооружени со долги цевки.

Покрај тоа, припадници на специјалните единици се распоредени на неколку точки на улиците кои водат до банките.

Во околината на Поштенската штедилница во Звечан има и полициски службеници на ЕУЛЕКС, како и возило на грчкиот Кфор.

Шокантно сведочење на адвокатот на поранешниот претседател: Ги украдов парите од Трамп

Поранешниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен, призна дека украл пари од поранешниот американски претседател.

„Ѕвездениот сведок“ на обвинителството Мајкл Коен трет ден сведочи на судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за тајни плаќања на ѕвездата од филмовите за возрасни Сторми Даниелс, пишува Дејли мејл.

Адвокатот на Трамп, Тод Бланш, се фокусирал на сведочењето на Коен минатата недела за неговата средба со главниот финансиски директор на Организацијата Трамп, Ален Вајсберг, кога тие сфатиле како да му надоместат на адвокатот-откупител.

Адвокатот го прашал Коен за парите за RedFinch, технолошка компанија ангажирана да манипулира со онлајн анкетите во корист на Трамп.

Коен опиша дека подигнал 20.000 долари од неговата сметка во текот на два дена, а потоа му ги дал парите на шефот на компанијата во кафеава хартија. Тој ѝ должи на компанијата 50.000 долари, но тоа беше доволно за да го „смири“ нејзиниот шеф, изјави Коен.

Меѓутоа, кога беше постигнато спогодба меѓу Вајсберг и Коен, Коен признава дека барал целосна компензација од 50.000 долари.

„Украдовте од организацијата Трамп, нели“, прашува Бланш.

„Да, господине“, рече Коен.

Трамп одмавнал со главата по неговото признание. До тој момент тој не обрнувал многу внимание на сведочењето.

притисни ентер