Еве на каков животен простор се одлучило ова момче за да избегне плаќање станарина! (видео)

Го споил убавото и практичното, и го живее својот сон.

Цените на недвижностите од година во година се зголемуваат, како за купување, така и за изнајмување. Ова секако е голем проблем за поголемиот дел од светската популација, но има и такви што се обидуваат, ако е можно, да се снајдат на друг начин и да избегнат плаќање кирија.

Видеото што го објави корисник на Тикток по име Џејк во кое тој го открива својот животен простор воодушеви многумина и им се допадна на околу 1,7 милиони лица. Имено, Џејк открива дека порано живеел во стан, кој потоа го заменил со брод, па сега плови по океанот и ужива во оваа необична авантура. Иако на прв поглед изгледа како обичен чамец за едно лице, и тоа само за обично пловење, Џејк всушност покажува како изгледа неговиот „дом на вода“.

Откако се спушта во чамецот, тој го покажува својот мини-дом во кој се наоѓа сè што му е потребно – соба во која престојува, кујна каде приготвува оброци, спална и бања. Секако, сето тоа е далеку потесно од животниот простор на кој навикнал, но е сосема доволен за неговите основни потреби.

Џејк во видеото објаснува дека бродот има и соларни панели кои се полнат на сонце и му обезбедуваат струја за основните апарати на бродот. Покрај сè што му е потребно, тој има и велосипед што го користи секој пат кога ќе се најде на копно и сака да се повози. Партнер во овој необичен животен стил му е неговата мачка.

@jakesvan Rent free since 2023 | #boatlife #sailboat #tinyhome ♬ original sound - Jake

Авантурата на која Џејк е навикнат долго време е желба на многумина што го погледнале неговото видео на Тикток. Очекувано, секому му е сон да се ослободи од сметките, но и од секојдневните нервози во сообраќајниот метеж низ градот, а ова момче живее токму така.

Сепак, неговиот животен стил не го поддржуваат сите, многумина на мрежата изразиле загриженост поради временските неприлики што не може да се избегнат.

-Што ќе правите кога ќе има ураган?

- Ова е супер за живеење.

- Таа нема да каже „не“.

- Попрво би плаќал кирија.

- Ова е магично – беа дел од коментарите.

И додека некои го фалеле момчето завидувајќи му на ваквиот начин на живот и велејќи дека вака сигурно ќе заштеди, други признале дека лесно може да се живее во таков простор во Филаделфија, каде е сончево речиси цела година.

Еден корисник се пошегувал, па прокоментирал дека е интересно што мачка живее на океан без да го знае тоа, а коментарот им се допаднал на преку 52.000 лица.

НЛБ Рамка за помош - Бест онлајн асистент

Проектот поттикнува еднакви можности за вработување за сите, преку вклучување на лицата со попреченост во работен процес, обезбедувајќи им платена работа и достоинствен труд.

Интервју со Елизабета Јовановска од Бренд Солушн за проект Best online assistant

НЛБ Банка како дел од регионална Групација која оперира на 6 различни пазари во рамки на регионот на Југоисточна Европа (Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија), веќе четврта година по ред го реализира проектот „Рамка за помош“. Станува збор за иницијатива која има за цел да ги помогне и промовира иновативните проекти кои го подобруваат и збогатуваат нашето општество и овој пат решаваат предизвици како што се на пример: прекумерна употреба на дигитални технологии кај младите луѓе, врсничко насилство, кршење на човековите права, родова еднаквост, сиромаштија, како и предизвици поврзани со деменција и други болести на стареењето на населението.

Веќе четврта година НЛБ Банка успева да одржи континуитет во рамки на еден цел регион. Нивната порака е дека единствено заедно можеме да се справиме со клучните предизвици со кои се соочуваме во општеството, односно дека секој треба да соработува и активно да придонесе за решенија.

Во рамките на „Рамка за помош“, оваа година се даде одлична можност на оние кои работат за доброто на луѓето, односно беа избрани 10 финалисти од нашата земја, но и на секој поединечен пазар каде што работи НЛБ Групацијата, а секој од нив ќе биде награден со финансиска и комуникациска поддршка.

Потоа, регионалната комисија ќе избере 3 победници на проектот, од 60- те финалисти од Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија. Добитниците ќе бидат објавени на 9-ти мај 2024-та година во Љубљана, а ќе добијат значајна финансиска поддршка која ќе им овозможи полесно да ја реализираат својата визија и да почнат да ги менуваат општеството и светот на подобро.

Во продолжение, Ви ја претставуваме Елизабета Јованова со проектот Бест онлајн асистент од Бренд Солушн

Best Online Assistant е платформа за едукација, кариерен развој и различни видови на вработување на лица со попреченост (full-time, part-time, remote or freelancers) а од оваа година и сертифицирани за "Disability management" обуки за пресонал и адаптација на простор на компаниите.

Како функционира: Лицата со попреченост се пријавуваат на курсевите кои ги нудиме, или пак на обуките со однапред договорени работодавачи. После обуките, отвараат профил на нашата платформа и ги нудат своите вештини како фриленсери или пак прикачуваат CV доколку бараат работа. Потоа ние ги поврзуваме со компании кои имаат потреба од кваливикуван кадар со бараната вештина. Сите активности за лицата со попреченост се целосно бесплатни.

Курсевите за различни видови ДИГИТАЛНИ вештини кои лицата со попреченост ги посетуваат кај нас се верификувани од Центар за образование на возрасни, а во процес сме на добивање на акредитација од МОН.

Од друга страна, компаниите пребаруваат лица за вработување од нашата платформа или пак бараат услуги за обуки за персоналот и адаптација на нивниот простор за работа со лица со попреченост. Компаниите плаќаат за нашата услуга, а покрај поврзувањето со кадар добиваат и други маркетинг услуги за нивната Социјална одговорност, консалтинг за подршка на добивање бенефити од државата како и можност за беџ за ISO стандард.

Зошто е меѓу избраните?

Проектот поттикнува еднакви можности за вработување за сите, преку вклучување на лицата со попреченост во работен процес, обезбедувајќи им платена работа и достоинствен труд. Проектот овозможува и едукација и до-едукација и до-квалификација за подобри работни места за лицата со попречености.

Буфон: Доколку би можел да одберам натпревар кој би го одиграл повторно, тоа е финалето од 2012

Поранешниот голман на Италија и Јувентус, Џанлуиџи Буфон именуваше натпревар кој би сакал да го повтори.

- Доколку треба повторно да одиграм еден натпревар во кариерата, би го избрал финалето на ЕП 2012 против Шпанија. Не го заслуживме овој резултат, бевме исцрпени. Не барам изговори, но натпреварот го одигравме во невозможни психофизички услови. Да ни беше даден дополнителен ден за одмор, можевме да играме поинаку. Така како што беше не можевме да направиме ништо против Шпанија, изјави Буфон за „La Repubblica“.

Во финалето на ЕП 2012, репрезентацијата на Шпанија ја совлада Италија со резултат 4:0. Головите ги постигнаа Давид Силва, Жорди Алба, Фернандо Торес и Хуан Мата.

Тоа Европско првенство беше последно на учествуваа 16 репрезентации. /МИА

Стојаноска: Со платформата 1198 како идна влада ќе имаме широк дијалог со синдикатите

Жестока борба со корупцијата и економска трансформација од која сите ќе бидат задоволни.

Денес унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Брвеница во дворот на црвата Св. Никола во Челопек организираше одличен настан во кој учество имаа земено и млади девојки во поречка носија оттука го честитаме први мај меѓународниот ден на трудот и се обврзуваме како идна влада со програмата платформа 1198 дека ќе имаме широк дијалог со синдикатите, дека ќе направиме економска трансформација од која ќе бидат задоволни сите граѓани на Република Македонија. Ветуваме жестока борба со корупцијата и секако конечно завладејување на правото. Македонија мора повторно да биде твоја и повторно да биде горда.

притисни ентер