Европски фронт: Први го најавивме митингот во Тетово, албанската опозиција да избере друг ден

Со длабоко жалење, Европскиот фронт и штабот на Европскиот фронт ја изразуваат својата загриженост и разочарување поради ненадејната одлука на албанската опозиција .

Со длабоко жалење, Европскиот фронт и штабот на Европскиот фронт ја изразуваат својата загриженост и разочарување поради ненадејната одлука на албанската опозиција да организираат во ист ден во исто време, на исто место, завршен митинг, за кој штабот на Европскиот фронт претходно доби потврда и дозвола од Секторот за внатрешни работи да ја одржи завршната средба на 6 мај на плоштадот "Илирија".

Оваа ненадејна одлука на албанската опозиција не дека е во спротивност со принципите на взаемно разбирање и соработка за да има слободни и демократски избори, туку претставува и провокација да се наштети на јавната безбедност и мирот, затоа апелираме до нив да ја преиспитаат својата одлука знаејќи дека Европскиот фронт, кој на 9 април поднесе барање за одржување на оваа завршна средба до Секторот за внатрешни работи, испрати известување до Општина Тетово, до Противпожарната служба и до Брза помош, институции кои треба да се заложат за успехот на еден ваков величествен собир.

Но, тоа што се случи по поднесувањето на нашето барање, дури на 22 април, замислете 10 дена откако СВР Тетово го прифати нашето барање, опозицијата на 22 април се обрати со барање, со кое СВР Тетово како надлежен орган кој дава дозволи за вакви активности, ги известува дека не можат да организираат ваков собир, направиле три обиди да остварат контакт и да избегнат ваква ситуација која би можела да ја ескалира ситуацијата, но претставниците на ВРЕДИ не реагирале, па дури и во писмена форма тие беа поканети да одржат координативен состанок.

Апелираме до албанската опозиција уште еднаш да ја преиспита својата одлука, нека се определат за друг простор или некој друг ден, сите заедно нека придонесат за слободни и демократски избори по европски стандарди кои и ние и тие ќе имаме можност да ги презентираме своите програми пред граѓаните со собир од ваков тип, се наведува во партиското соопштение.

Маринакис: Во никој случај нема да ги ратификуваме меморандумите

Портпаролот на грчката влада Павлос Маринакис и во најновото интервју за Тв Скај, упатил критики до Сириза за одлуката да ги донесе меморандумите од Преспанскиот договор во Парламентот.

Тој го повторил ставот дека владата е против носењето на овие меморандуми.

Палевски се очекува да биде донесен пред судија на претходна постапка

Во секој момент се очекува пред судија на претходна постапка во Кривичнииот суд да биде донесен од затворот во Шутка, првоосомничениот за убиството на Вања и Панче, Љупчо Палевски Палчо.

Таму е Елизабета Дамјановска Спасеновска.

Бети се очекува Палевски да се изјасни за притворот кој му беше одреден во отсуство?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

ЕУ обвинета за финансирање операции за отфрлање мигранти во Сахара

Европската унија денеска соопшти дека е „тешка ситуацијата“ откако новинарски конзорциум објави дека Тунис, Мароко и Мавританија се вклучени во операции за отфрлање мигранти во пустината - со директна помош од фондовите на ЕУ.

„Ова е тешка ситуација. Тоа е ситуација која брзо се движи и ние ќе продолжиме да работиме на тоа“, рече портпаролот на Европската комисија, Ерик Мамер.

Тој одговараше на истрагата објавена од Lighthouse Reports во соработка со изданија како „Монд“ и „Вашингтон пост“.

Во извештајот се вели: „Европа поддржува, финансира и е директно вклучена во тајните операции во северноафриканските земји за носење на десетици илјади црнци во пустината или оддалечените области секоја година за да ги спречи да дојдат во ЕУ“.

Во него се опишува „систем на масовно раселување“ што се „водеше благодарение на парите, возилата, опремата, разузнавачките и безбедносните сили обезбедени од ЕУ и европските земји“.

Во извештајот се вели дека бегалците и мигрантите во Мароко, Мавританија и Тунис „се апсат врз основа на бојата на нивната кожа, се товарат во автобуси и се возат често до сушните пустински области“, без вода и храна.

Други, наводно, биле однесени во пограничните области каде што, наводно, биле „продадени од властите на трговци со луѓе и банди кои ги мачат за откуп“. /МИА

притисни ентер