Фифти Сент ја тужи поранешната девојка за клевета

Повеќе од еден месец откако беше обвинуван за силување и физичко малтретирање од поранешната девојка Дафне Џој Нарваез - додека биле врска во 2011 година, раперот Куртис Џексон, попознат како  Фифти Сент, сега ја тужи за клевета.

Поднесокот од 6 мај наведува дека јавните обвинувања за злоупотреба на интернет-просторот на Нарваез во март произлегуваат од обидот на Џексон да добие единствено старателство над нивниот 11-годишен син Сајр, откако раперот дознал дека е именувана како една од сексуалните работнички во тужбата на Родни Џонс против Шон Комбс - „Пи Диди“.

Нарваез ги негираше тие врски со Комбс.

Ова не е прв правен спор на двојката. Кога во 2013 година раскинаа по тригодишна врска, Нарваез го обвини Џексон за семејно насилство, тврдејќи дека ја удрил со нога и уништил имот од повеќе од 7.000 долари. Според наводите, Џексон се изјаснил дека нема да оспорува едно обвинение за вандализам, додека три исти други такви и една точка за семејно насилство се отфрлени.

Во Охрид допатуваа и првите туристи кои организирано ќе летуваат преку холандска агенција „ТУИ“

Со чартер-лет од Амстердам денеска на охридскиот аеродром допатуваа првите туристи од земјите на Бенелукс кои организирано преку пакет аранжмани на туристичката агецнија „ТУИ Аркетравел“ ќе летуваат на охридската ривиера.

Со првиот лет сезонава до Охрид допатуваа 138 туристи кои ќе бидат сместени во некои од сместувачките капацитети со кои соработува „ТУИ“.

Предвидено е во текот на летната сезона до крајот на септември агенцијата „ТУИ“ да реализира 62 лета на до Охрид, со можност за воведување дополнителни летови зависно интересот.

На 12 мај исто така со лет од Амстердам веќе допатуваа и првите туристи кои имаа закупено аранжмани преку агенцијата „Корендон“, која за оваа сезона засега има предвидено да реализира 32 лета од Холандија за Охрид.

Холандските туристи се меѓу најбројните на охриската ривиера, во голем дел благодарение на холандскиот писател А. Ден Доолард која во својот роман „Свадбата на седумте цигани“, кај нас преведен како „Свадба во Охрид”, пишува за неговиот престој во Охрид и неговата богата историја и културно наследство.

Поевтинуваат бензините и дизелот

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ се намалува за 1,50 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 1,00 денар по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе биде 83,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС - 98 ќе се продава за 85,50, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 73,00, а Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) за 72,50 денари за литар.

За 0,306 денари поевтинува Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 42,629 денари.

Петрова: Владата во заминување не „зауздува“ со трошењето

Ниту силината на изборниот пораз не ги "заузда" владините функциононери во заминување во трошењето буџетски средства, одење на службен пат во странство, правење гала прослави...

До 15 мај 2024 год. поминавме два викенди, три празнични неработни денови и еден изборен неработен ден. Колку потроши Владата во преостанатите седум работни денови, додека треба да се пакува за да ги испразни кабинетите?

Вкупните буџетски расходи од 367 милиони евра во календарскиот период 01/05-15/05/2024 год. се:

само за 9% помалку од вкупните буџетски расходи за ЦЕЛ месец мај во 2023 год.

поголеми во просек за 11% од вкупните буџетски расходи за ЦЕЛ месец мај во 2022 год., 2021 год. и во ковид-годината 2020.

Во овој календарски период 01/05-15/05/2024 год. новосоздадениот буџетски дефицит т.е. негативна разлика меѓу помалку наплатените буџетски приходи и повеќе исплатените буџетски расходи изнесува 189 милиони евра и е:

во просек за 250% поголем од буџетскиот дефицит создаден во текот на ЦЕЛ месец мај во претходните четири години (2020-2023)

поголем за околу 170% во споредба со буџетскиот дефицит создаден во текот на ЦЕЛ месец мај во кризната-ковид 2020 год.

Новата политичка влада на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери наскоро ќе биде назначена. Ќе дојдат нови луѓе кои одговорно ќе ги водат државните органи и тела, ќе ги насочат јавните финансии за создавање долгорочни бенефити за македонските граѓани, но и од првиот ден ќе ги "отворат сметките", ќе ги разоткријат и ќе иницираат сакционирање за сите досегашни незаконски и штетни трошења од Буџетот.

Кабинет на заменик-министерката за финансии во техничката Влада Елена Петрова

притисни ентер