Фото: Сексипилната сопруга на поранешниот втор пик на НБА драфт, контроверзниот Миличиќ

Најдобро рангираниот кошаркар од овие простори на некој НБА драфт, српскиот центар Дарко Миличиќ пред скоро две децении беше избран од Детроит од втората позиција.

Иако сите очекуваа тој да направи завидна кариера во најсилната лига сепак тоа не се случи. Контроверзниот Дарко наместо по игрите во дресот на Детроит на кошаркарскиот терен беше запаметен по неговите екцеси и испади.

Поранешниот центар на Детроит сега живее мирен живот на огромниот имот во близина на Нови Сад во Србија и многу често се појавува во балканските медиуми каде раскажува за своите инциденти. За како што тој самиот вели „глупостите што ги правел и за трошењето пари на скапи автомобили“.

„Лудиот “ Дарко дури влезе во во рингот за да се проба и во боксот???.

Но на јавноста и е интересна и сопругата на Дарко, атрактивната Зорана Миличиќ.

Сопругата на Дарко Миличиќ, кој неодамна во големо интервју зборуваше за „глупостите што ги правел“ и трошењето пари на скапи автомобили „за да биде забележан“, објави серија предизвикувачки фотографии на Инстаграм.

Зорана која на Дарко му роди два сина и една ќерка, е вистинска спортистка и многу активно се занимава со фитнес и екстремни спортови, поради што има истакнати стомачни мускули и тело на кое би позавиделе двојно помладите девојки.

На Инстаграм ја следат повеќе од 100 000 следбеници кои се воодушевени од нејзиниот изглед и од нејзиното совршено тело.

Дарко заработи милиони настапувајќи за НБА екипите на Детроит, Минесота и Бостон иако не ги достигна височините кои од него се очекуваа, кои сега му обезбедија мирен и луксузен живот заедно со една од најубавите и најатрактивни соприуги на некој спортист од Балканот, велат воодушевените следбеници на Зорана.

Во март 321 одобрение за градење, од 1013 предвидени станови 607 во Скопје

Илјада и тринаесет станови се предвидени за изградба со издадните  321 одобрение за градење во март годинава, а повеќе од половина од становите, 607, се во Скопскиот регион, покажуваат податоците што ги објави денеска ДЗС.

Бројот на одобренијата за градење во март годинава е за 22,7 проценти помалку во однос на истиот месец од лани. Предвидената вредност на објектите изнесува 5 855 367 000 денари, за 4,8 проценти повеќе споредено со истиот месец од претходната година.

Најмногу одобренија се издадени во Скопскиот регион, 101, по што следуваат Полошкиот, 65, Југоисточниот, 41, Источниот 34, Југозападниот 25, Вардарскиот, 22, Пелагониски, 21. Со најмалку одобренија, 12, е Североисточниот регион.

Од вкупниот број одобренија, 193 (60,1 процент) се наменети за објекти од високоградба, 56 (17,5 проценти) од нискоградба и 72 (22,4 проценти) за објекти за реконструкција.

На 200 објекти (62,3 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 121 (37,7 проценти) инвеститори се деловни субјекти.

Како што наведува ДЗС, во извештајниот период е предвидена изградба на 1 013 станови, со вкупна корисна површина од 72 506 метри квадратни. Од 607-те станови предвидени во Скопскиот регион, 487 се во Општина Ѓорче Петров, 44 во Општина Петровец, 43 во Општина Гази Баба, 19 во Општина Аеродром, а по четири стана во Центар и во Сопиште.

Статистичките податоци од почетокот на годинава покажуваат дека во јануари годинава биле издадени 256 одобренија за градење, со предвидена изградба на 615 станови, а во февруари 387 одобренија за градење, со предвидени 951 стан од кои 606 во Скопскиот регион

Пленковиќ го доби мандатот за состав на нова влада на Хрватска

 Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ денеска му го додели мандатот за формирање влада на претседателот на партијата Хрватска демократска заедница (ХДЗ) и технички премиер Андреј Пленковиќ.

„По поднесувањето на потписите на 78 избрани пратеници на 11-от состав на хрватскиот Сабор, ми беше доверен мандатот за формирање на хрватската влада. И во третиот мандат продолжуваме да работиме за добробит на Хрватска“, најави Пленковиќ на социјалната мрежа Икс.

Пленковиќ утрово му ги предаде на претседателот Милановиќ потписите потребни за формирање влада согласно уставната процедура за доделување мандат. По кратката средба во кабинетот на претседателот немаше изјави за новинарите.

Пленковиќ вчера соопшти дека ги има потребните 76 потписи на пратеници за формирање на третата влада, откако ХДЗ се договори за формирање парламентарно мнозинство со десничарското Татковинско движење.

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ ја свика првата седница на Парламентот за четврток, 16 мај.

Филмски грабеж во стриптиз клуб во Атланта - крадците „оперирале“ два часа и однеле куп пари

Крадци се качиле на покривот на стриптиз клуб во Атланта, се спуштиле низ дупката што ја издупчиле и украле 250.000 долари од сефот на објектот.

Провалниците, облечени во ски-маски и ракавици, успеале да упаднат во „Onyx Gentlemen's Club“ во Атланта без да го активираат алармот, објави Вашингтон Тајмс.

Двајцата осомничени со себе донеле електрични алати и откако се прикрале во сефовите, ги отвориле со електрични алати, соопшти полицискиот оддел на Атланта.

Полицијата во Атланта не соопштила како крадците се качиле на покривот.

Тие поминале низ таванот правејќи дупка, според ТВ-ВСБ.

Исто така, банкоматите во клубот биле превртени и оставени наопаку, но полицијата соопшти дека машините не биле оштетени и дека не им биле одземени пари.

Осомничените го напуштиле местото на настанот по околу два часа откако упаднале, повторно без да се вклучи алармот.

притисни ентер