Герасимовски: Со видео надзор Општината ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните

Советот на Општина Центар на 35. Седница го прифати предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски во Општина Центар да се постави видео надзор, оппштија денеска од Општината.

Како што појаснуваат оттаму, станува збор за видео надзор поради обезбедување заштита на имотoт и имотните права на општината односно заштита на урбаната опрема (автобуски постојки, опрема во функција на туристички и културни и спортски настани, самостоечки рекламни паноа, детски игралишта, фонтани, чешми, клупи, корпи за отпадоци и други согласно законите), заштита на инфраструктурните објекти (улици, плоштади и други инфраструктурни објекти во надлежност на Општината), заштита на сообраќајни знаци и семафори и друга вертикална и хоризонтална сигнализација, заштита на улична јавна осветлување, броење и евиденција на возила за статистички мерења.

Герасимовски во образложението за дополнувањето на дневниот ред истакнал дека одлуката е преземена и модифицирана од други општини во кои веќе неколку години има поставен видео надзор и каде по поставувањето има намалување на штетите во општината.

-Се обидовме да ја заштитиме урбаната опрема особено детските игралишта, но по сите напори не успеваме да го направиме тоа. Тие не ни траат ниту два месеци, се кршат детските реквизити, обрачите на спортските игралишта, се крши се. Затоа овие снимки може да служат како доказ за нечие дивеење. Но Министерството за внатрешни работи или Јавното обвинителство, исто така ќе може да ги користат при евентуално сторено кривично дело, нарушување на јавен ред и мир, или кршење на друга урбана опрема. Верувам дека снимките ќе ја зголемат и безбедноста во општината. Суштината е снимката да се користи како доказ за евентуална судска кривична или прекршочна постапка со цел да имаме намалување на девијантните појави во општината, рекол Герасимовски на седницата.

Општина Центар ги известува граѓаните дека снимките од надзорот ќе може да се користат единствено само по налог на Јавно обвинителство и МВР и дека не постои никаква можност истите да бидат било како злоупотребени.

Целиот процес ќе биде направен со целосно почитување на Законот за заштита на лични податоци, а актите ќе бидат прецизирани со целосно вклучување на Агенцијата за заштита на лични податоци. Видео надзорот ќе биде поставен на видно место и за истиот ќе биде истакнато Известување дека се врши видео надзор од страна на Општината и ЈП ПОЦ.

Општина Центар, се нагласува во денешното соопштение, има за цел да го заштити јавното добро кое треба долгорочно да им служи на сите граѓани во општината, но и да го намали хулиганското однесување, уништувањето на урбаната опрема и детските игралишта. За реализирање на овој проект општината треба да направи ревизија на буџетот.

Последна претседателска дебата – вечерва по централните вести на Канал 5

Попладнево во Канал 5 се снимаше последната дебата на кандидатите за претседател.

Соочувањето ќе се емитува веднаш по централните вести во 18.30, а самата дебата е поделена на два дела.

Практично на само некоколку часови пред молкот, Канал 5 е местото каде што Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова ќе ги соочат аргументите и ќе ги испратат последните пораки до граѓаните.

Арсовска: Најголем дел од медиумите не ни дадоа можност да ја претставиме нашата програма

Носителката на листата на Нова Алтернатива за изборна единица 1 Данела Арсовска, денеска на прес конференција кажа дека нивната партија освен на две национални телевизии нема можност на друго место да ја презентира својата програма.

Како врз граѓаните влијаеше кампањата за претседателските и парламентарните избори?

Во фото-финишот на изборната кампања, колкаво влијание имаше таа врз одлуката на граѓаните за кого би го дале својот на 8ми мај и дали им се допадна начинот на кој што кандидатите ги презентираа своите програми пред нив? 

Ова е прашањето кое екипата на Канал 5 им го постави на граѓаните.

Дел од нив оценија дека кампањата била добро искористена, иако својата одлука за кого би гласале ја донеле уште пред нејзиниот почеток.

- Ми се допадна и многу беше фино и немаше никакви проблеми.Па треба да се направи промена, претседател да има за сите луѓе во државата, нема врска кој ќе биде само да биде како што треба за сите.

- Добро е искористена кампања како кампања има и позитивни и негативни страни. Воглавно е добро во однос на други некои збиднувања во светот овдека е сосема мирно. Па кампањата не влијае многу кај луѓето сите си се определени уште пред тоа.

- Сосема нормално. Дали ќе влијае врз вашиот глас? Не пошто знам за кого ќе гласам.

Сепак има и такви кои сметаат дека наместо за претставување на реални проекти, кампањата била користена за меѓусебни обвинувања и дека тоа нема да влијае врз нивната конечна одлука.

- Во ништо не верувам, што да ти се допадне од лошите доаѓаат уште полоши.

- Кампањата е досадна и сувишна не знам овие партиите што се замислуваат, јас мислам не влијае на никој тоа.

-По фаците или по програмите кои што ги немаат, по што?

- Не гласам и не сакам да гласам нема за кого да ви кажам искрено едните проверени, вториве и тие се мењаваат 30 години, што ќе гласам.

Инаку, на првиот круг на претседателските избори своето право на глас го искористија 905.958 граѓани, односно излезноста изнесуваше речиси половина.

притисни ентер