Имигрант од Лаос кој се лекува од рак доби џекпот од 1,3 милијарди долари

Еден од добитниците на минатомесечниот историски џекпот на Пауербол (Powerball) од 1,3 милијарди долари е имигрант од Лаос кој боледувал од рак осум години, а минатата недела го имал последниот круг на хемотерапија.

Ченг Чарли Сифан од Портланд на прес-конференција одржана од Лотаријата во Орегон рече дека тој и неговата сопруга Дуанпен ќе ја поделат наградата подеднакво со пријателката Лаиза Чао, која дала 100 долари за да купи неколку билети со нив.

Тие ќе добијат 422 милиони долари по оданочувањето.

Порзингис ќе го пропушти првиот натпревар од финалето на Источната конференција

Центарот на Бостон, Кристапс Порзингис, нема да има време да закрепне навреме за првиот меч од финалната серија на Источната конференција против Индијана.

- Мислам дека тоа ќе биде моментално. Штом се врати во форма и работи на тренинзите и тренинзите, се ќе биде во ред, информира Џејлен Браун, соиграчот на Порзингис.

Дваесет и осумгодишниот летонски репрезентативец целосно ја пропушти серијата од второто коло од НБА плејофот против Кливленд (4:1).

Првиот натпревар од финалето на конференцијата Бостон – Индијана ќе се игра вечер во 2 часот по полноќ.

МД „Илинден"-Тирана со честитка до претседателката Давкова

МД „Илинден"-Тирана со честитка до претседателката Давкова: Имате голема поддршка од Македонците во Албанија.

Македонското друштво „Илинден"- Тирана денеска официјално испрати честитка до претседателката Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот избор изразувајќи и голема поддршка од име на Македонците.

- Со особено задоволство, во името на Македонско друштво “Илинден”-Тирана и во името на македонското национално малцинство во Република Албанија, Ви ја честитам големата победа за претседател на Република Македонија, која ја покажа својата зрелост со одржувањето на мирни и демократски избори, стои во честитката.

Се наведува дека историската победа на претседателските и парламентарните избори, одржани на 8 мај 2024 година „означува ново поглавје за Република Македонија, влевајќи надеж и оптимизам за посветла иднина".

- Имате огромнa поддршка од Македонците во Република Албанија, затоа што напредокот и благодатта на македонскиот народ во Република Македонија претставува поттик за истрајност во напорите за негување и промоција на македонскиот етнички, јазичен, културен и историски идентитет на Македонците во целиот свет. Почитувана Претседателке на Република Македонија, Ви упатуваме изрази на највисоко почитување, се нагласува во честитката на МД "Илинден" потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.

Скарлет Јохансон: обвинува: „Опен-АИ“ го копирала нејзиниот глас без дозвола

Американската глумица Скарлет Јохансон ја обвини фирмата „Опен-АИ“ (OpenAI) дека го копирала нејзиниот глас за еден од гласовните асистенти на „Чет-ГПТ“ (ChatGPT) а не ѝ дозволила на компанијата да го стори тоа. 

„Минатиот септември добив понуда од Сем Алтман, кој сакаше да ме ангажира за да го позајмам гласот за постојниот систем 'Чет-ГПТ 4.0'. Тој ми рече дека верува дека мојот глас може да го премости јазот меѓу технолошките компании и креативците и да им помогне на потрошувачите да се чувствуваат удобно во 'сеизмичката промена' што се случуваше за луѓето со вештачката интелигенција. Тој рече дека чувствува дека мојот глас ќе им биде познат на луѓето“, напиша Јохансон на својот интернет-простор.

Глумицата, „по многу размислување и од лични причини“, ја одбила понудата. Но, кога минатата недела „Опен-АИ“ го демонстрираше четботот „4o“ - најновиот главен јазичен модел на компанијата, „нејзините пријатели, семејството и пошироката јавност“ забележале дека потпрограмата „Скај“ звучи како неа.

Јохансон вели дека е „шокирана, лута и во неверување што Алтман ќе употреби глас што звучи толку морничаво слично на нејзиниот“, така што ни нејзините најблиски не прават разлика.

Алтман, според наводите, контактирал со нејзиниот агент два дена пред компанијата да го открие „ГПТ-4o“ и побарал од неа повторно да размисли, но таа вели дека го претставил системот пред таа да има можност да одговори.

- Гласот на „Скај“ не е гласот на Скарлет Јохансон и никогаш не беше намерата да личи на нејзиниот. Ја избравме „гласовната актерка“ пред каков било контакт со Јохансон. Од почит кон неа, оставивме време пред продолжување на употребата на гласот на „Скај“ во нашиот производ. Ние жалиме што не искомунициравме подобро, изјави претставник на „Опен-АИ“.

Во понеделникот, компанијата „Опен-АИ“ соопшти дека ја става „на пауза“ употребата на „Скај“ како дел од четботот и во подолга објава објаснува како се најмени професионални гласовни актери за виртуелните асистенти. „Опен-АИ“ и притоа одрекува „какви било сличности“ со гласот на Јохансон.

Овој потег, според Јохансон, доаѓа дури откако таа најмила правник кој напишал писма до Алтман и „Опен-АИ“ барајќи објаснување.

„Во време кога сите ние се бориме со ‘дипфејк’ и го штитиме сопствениот труд и идентитет, верувам дека тоа се прашања коишто заслужуваат целосно расчистување. Со нетрпение очекувам транспарентно решение и усвојување соодветен закон за да се обезбеди заштита на индивидуалните права“, додаде Јохансон во објавата.

притисни ентер