Инфлацијата во април зголемена за 0,7 проценти во однос на март

Инфлацијата во април споредбено со истиот месец минатата година е повисока за 4 проценти покажуваат најновите податоци на статистика.

За една година најголем раст е забележан кај овошјето и зеленчукот. Млечните прозиводи, рибата и морските плодови, шеќерот, џемот, чоколадите. Според статистика од март до април годинава зголемувањето на инфлацијата е минимално од 0.7 проценти. Граѓаните најмногу пари месечно трошат за храна и пијалаци.

Во следните месец, два цената лебот и останатите прехрамбени производи ќе остане стабилна – тврдат од агробизнис комората, но каква ќе биде состојбата по овој период останува неизвесно.

Првиот човек на комората, Горан Ѓорѓиевски вели забележан е раст на цените на житото на светските берзи, кој засега не ја менуваат сликата кај нас, но неизвесна е ситуацијата и поради војната на Блискиот Исток, која влијае на цената на нафтата.

„Догледно е можеби период од месец, два, потоа пак ќе се прави анализа, знаете турбуленциите што се случуваат на Блискиот Исток, покачување на цената на нафатата, еве утрово чиват инфомрација дека можеби Израел ќе го нападне оној дел Рафа се викаше исто палестински дел, повторно започнување на војна, директно таму имплицира зголемување на цена на нафта, раст на нафта повторно имате потенцијални можни нови повисоки цени на суровини од прехрамбената индустрија. Од општо целата индустрија, “изјави Горан Ѓорѓиевски – Агро-бизинс комора при ССК.

Во април минималната синидкална кошничка надмина 60 илјади денари, или е за 1 200 денари повисока од март. Според пресметките на ССМ, едно четири члено семејство месечно само за храна и пијалаци троши нешто над 22 илјади денари, вредност што е речиси идентична со една минимална плата во земјава.

Сафади: Јордан бара меѓународна истрага за можни воени злосторства во Газа

Јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади денеска соопшти дека неговата земја бара меѓународна истрага за наводните бројни воени злосторства извршени за време на војната меѓу Израел и Хамас во Газа.

Сафади, кој денеска во Аман се сретна со шефот на Агенцијата на ОН за помош за палестинските бегалци (УНРВА) Филипe Лазарини, на заедничката прес-конференција рече дека одговорните за документираните злосторства треба да бидат изведени пред лицето на правдата.

Минатиот месец, Советот за човекови права на Обединетите нации усвои резолуција со која Израел се повикува на одговорност за можни воени злосторства и злосторства против човештвото во Појасот Газа.

За резолуцијата гласаа 28 земји, 13 беа воздржани, а шест гласаа против резолуцијата, вклучително и САД и Германија.

Резолуцијата ја нагласува „потребата да се обезбеди одговорност за сите прекршувања на меѓународното хуманитарно право и меѓународното право за заштита на човековите права со цел да се стави крај на неказнивоста“. /МИА

Пронајдени мигранти од Ирак и Турција

Полициски службеници од ОВР Неготино пронашле тројца мигранти, двајца од Република Турција и еден од Ирак, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Мигрантите се пронајдени рано утрово, во 02.15 часот, на автопатот А1 кај Неготино по што се предадени на Полициската станица за граничен надзор Михајлово за натамошна постапка.

Британскиот министер за надворешни работи, Камерон ќе ја посети Тирана

Поранешниот британски премиер Дејвид Камерон, сега државен секретар за надворешни работи во Владата на премиерот Риши Сунак, во средината на идната недела се очекува да допатува во Тирана.

Дипломатски извори во Лондон и Тирана за Топ чанел изјавиле дека оваа посета на лордот Камерон се очекува да се случи на 22 мај, доколку нема промена на агендата во зависност од случувањата во Велика Британија.

-Во фокусот на посетата не е некое конкретно прашање, туку продолжување на британската поддршка за Албанија. Во Тирана се очекува лордот Камерон да ја оцени координацијата со Министерството за внатрешни работи во спречувањето на илегалната имиграција и соработката на СПАК со НЦА против организираниот криминал, додава телевизијата.

Според истиот извор, премиерот Еди Рама деновиве имал телефонски разговор со неговиот колега Риши Сунак, под притисок на јавното мислење и неговото внатре во Конзервативната партија за минување на Ла Манш со гумени чамци на илегални имигранти.

Во 2022 година со моторни чамци на британско тло пристигнале 13 илјади албански граѓани, оваа бројка е намалена за 90 отсто во текот на 2023 година кога заминале само 900, а во периодот јануари-април годинава само 20 албански граѓани. /МИА

притисни ентер