Кинескиот носач на авиони „Фуџиан“ ги започна своите први поморски испитувања

Третиот кинески носач на авиони „Фуџиан“ утринава ги започна своите први поморски испитувања.

Бродот го напушти бродоградилиштето во Шангај околу 8 часот наутро. Поморските испитувања првенствено ќе ја тестираат доверливоста и стабилноста на погонските и електричните системи на носачот на авиони.

Од неговото лансирање во јуни 2022 година, „Фуџиан“ ги заврши пробите за прицврстување, местење и прилагодувања на опремата. Според кинеската агенција, тој ги исполни техничките услови за почеток на поморски испитувања. /МИА

Најнаселен остров на светот- помал е од фудбалско игралиште, а на него живеат 1.000 луѓе(ВИДЕО)

Островот Мигинго изгледа нереално! Парче земја од 2.000 квадратни метри (половина од просечно фудбалско игралиште) се наоѓа во средината на езерото Викторија во Кенија.

Често се опишува како „школка на џиновска желка“, бидејќи лимените покриви се толку цврсто споени. Но, тоа не е единствената специфичност на ова место.

Ќе звучи неверојатно, но има повеќе од 1.000 жители, па затоа Мигинго е познат како „најнаселениот остров во светот“.

Оваа информација била доволна за режисерот Џо Хатаба од Дубаи, кој решил да преноќи на необичниот остров и да се запознае со локалното население.

Тој фатил лет до главниот град на Кенија, Најроби, по што патувал шест часа со автомобил до малото гратче Кисуму на брегот на езерото Викторија.

Последната делница ја поминал со брод, а патувањето траело два часа, пренесува Daily Mail.

Двајца кениски рибари Далмас Тембо и Џорџ Кибебе тврдат дека тие биле првите жители на островот, односно дека го населиле во 1991 година.

Како што можете да видите, куќите се изградени една врз друга, а до станбениот простор има продавници, кафулиња, аптека и полициска станица.

„Островот изгледа како фатаморгана“, рече Хатаба додека се приближуваше до својата дестинација.

На својата дестинација пристигнал вечерта, која ја искористил за да ја „впие“ атмосферата на едно необично место, за да открие како луѓето се забавуваат.

„Овде сите заедно подготвуваат храна“, истакна тој, додека една жена му објаснила дека „основен оброк“ значи риба и помфрит.

Ноќта ја поминал во куќа на рибар, а утрото морал да ја посети полициската станица бидејќи чамецот со кој допатувал - исчезнал.

Хатаба извесно време поминал во друштво на рибари бидејќи сакал да ги види на дело.

Лога со благодарност до турските власти за екстрадицијата на Палевски

Министерството за правда и министерот Кренар Лога изразуваат голема благодарност до турските власти, особено до министерот за правда на Република Турција , Јилмаз Тунч .

Министерството за правда и министерот Кренар Лога изразуваат голема благодарност до турските власти, особено до министерот за правда на Република Турција , Јилмаз Тунч за нивната брза реакција и преземањето на сите мерки за екстрадиција на Љупчо Палевски.

Целата постапка се спроведе во релативно краток период за неполни пет месеци.

Ова е добар знак за општеството и порака дека правдата ќе ве стигне , каде и да сте! , сооптуваат од Министерството за правда.

Лени Кравиц го објавува својот 12. албум на два дена пред 60. роденден

Триесет и пет години по првиот албум, 60-годишниот музичар Лени Кравиц, кој во март беше почестен со ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд, го објавува својот 12-ти албум.

Тоа е 12-тиот студиски албум на Лени Кравиц наречен Blue Electric Light, кој треба да излезе на 24 мај, два дена пред неговиот 60-ти роденден.

За време на неговата долга кариера, тој продаде 40 милиони плочи и освои четири последователни Греми награди за најдобар машки рок вокал.

На почетокот на годината, поранешниот американски претседател Барак Обама ја вклучи неговата песна Road to Freedom на неговата плејлиста на најомилени хитови од 2023 година. „Обама прави одлични плејлисти, тие имаат смисла“, рече Кравиц, кој свири на сите инструменти на неговите плочи, освен саксофон.

Но, Обама не случајно ја избра таа песна. Лени Кревиц напиша и музика за филмот за Бајард Растин, политички активист за граѓански права и организатор на Маршот во Вашингтон каде Мартин Лутер Кинг го одржа својот познат говор „Имам сон“.

притисни ентер