Костадиновска-Стојчевска: Џезот е дел од македонската музичка традиција

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска го честита Светскиот ден на џезот, со почит и благодарност кон основоположниците на овој жанр, на сегашната генерација џезери и на сите љубители на џез-музиката.

„Џезот е составен дел од нашата музичка традиција, а нашите музичари се гордост по која сме препознаени и кои со својот креативен израз ја афирмираат нашата земја на регионалната и светската сцена“, истакнува Костадиновска-Стојчевска.

Таа додава дека наша заедничка цел е да ги зачуваме талентираните џез-музичари дома, да им овозможиме траен и одржлив ангажман, да им создадеме услови за нивна промоција и за негување на џез-културата низ целата држава.

„Затоа, чест ми е што со наша искрена поддршка, џез-музичарите, со своето активно дејствување и уметничка страст, се изборија за основање на Национален џез-оркестар“, вели министерката за култура, потенцирајќи дека бројната публика на нивните концерти, но и на традиционалната прослава по повод Светскиот ден на џезот, потврдува дека македонската култура е интегрален дел од интернационалното џез-семејство, кое ја слави моќта на слободниот израз, различностите, отвореноста и мултикултурализмот.

Позната е состојбата на повредените во сударот на товарен и патнички во во тунел во Белград

Четири лица се повредени во судар на возови во подземен тунел во Белград.

Тие поради видот на повредите се пренесени во Ургентниот центар, на клиниката за реанимација. Повредени се една жена и тројца мажи, објави Телеграф.

Уште девет лица биле прегледани, но не им било потребно болничко лекување.

За четворицата повредени кои се пренесени се смета дека се тешко повредени, но за среќа не се во животна опасност.

Според првичните информации, во патничкиот воз кој денеска се судри со товарниот воз во подземниот тунел во Белград имало шест патници, како и машиновозачот и кондуктерката. Сите се изнесени од тунелот.

Ристовски: Француската рамка е жива кал

„ Ја охрабрувам претседателката да го преиспита договорот.“

Шизофрена ситуација е по 33 години независност да се правдате зошто сте го употребиле името Македонија. Уште кога се менуваше името посочувавме дека ќе самиот чин ќе предизвика раздор во општеството и дека треба да се стави мораториум, мора да најдеме начин бидејќи прашањето со името Македонија не е безбедносно прашање. Ја охрабрувам претседателката да го преиспита договорот. Не смееме да бидеме наивни дека Софија ќе прифати Македонска автохтона држава, а уште помалку тоа ќе го стори Атина -таа само подипломатски се изразува и во ракавици. Француската рамка е жива кал. Апелирам за поголемо достоинство во меѓународните односи. Коридорите 8 и 10 што минуваат низ државата се важни геостратешки аспекти, рече Љупчо Ристовски во Само Вистина.

Богојески: Ние единствено не сме помрднале напред откако го потпишавме Преспанскиот договор

„Не ни треба соживот, ни треба живот“

Ќе поднесеме барање до претседателката да се разреши зошто Грција не го имплементира Преспанскиот договор, ако не го прифатат ќе поднесеме барање до ОН да назначат надзор за имплементација на договорот во Македонија и во Грција. Ние единствено не сме помрднале напред откако го потпишавме Преспанскиот договор. Треба да инсистираме паралелно со завршување на внатрешните реформи во ЕУ, да се интегрираме во Унијата. Во таа нова Европа Македонија нема да има исто право на глас како Франција.Не ни треба соживот, ни треба живот. Ако земеме дека етничките Македонци немаат гимназија на Македонски јазик, за што зборуваме, праша Петар Богојески во Само Вистина.

притисни ентер