Ковачевски: Ги повикувам сите прогресивни граѓани да гласаат ЗА европска иднина на државата

Во обраќање пред присутните граѓани на вечерашниот митинг на СДСМ и Коалицијата во Драчево, општина Кисела Вода, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, порача дека СДСМ е цврста и силна партија.

Во обраќање пред присутните граѓани на вечерашниот митинг на СДСМ и Коалицијата во Драчево, општина Кисела Вода, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, порача дека СДСМ е цврста и силна партија, која ќе се бори за демократските вредности и европската иднина на државата.

„СДСМ не прифаќа условувања и со никого нема да прави политички дилови. Ова е прашање на иднината на државата и со неа, нема тргување. Фокусирани сме на тоа да го постигнеме најдобриот резултат на престојните избори на 8-ми мај и повикуваме на мобилизација на сите демократски и прогресивни сили за да се спречи враќањето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ“, посочува Ковачевски.

Ковачевски додава идека СДСМ е единствената политичка партија која никогаш нема да се откаже од својата инклузивност и која во континуитет придонесува за мултиетничкиот карактер на Македонија.

„ Деновиве, за жал, слушам опасни наративи кои може лесно да разгорат меѓуетничка нетрпеливост. Лидерите на ВМРО и на ДУИ и претседателскиот кандидат Давкова се однесуваат во најмала рака неодговорно и кон државата и кон граѓаните. Им порачувам на Мицкоски и на Ахмети и на Давкова – граѓаните се свесни за вредноста на мирот и стабилноста што ги гради СДСМ, граѓаните знаат дека на сите нѝ треба европска иднина, а не враќање 20 години во закопаното минато. Престанете да се препукувате со штетни скандирања и закани, кои никому не му носат добро“, изјави претседателот Ковачевски и порача дека тие како политичари, треба да се грижат за иднината, а не за враќање кон минатото.

„Ние нема да ви дозволиме да си играте со европската иднина на нашите деца! Граѓаните нема да ви дозволат да се коцкате со нивната иднина“, порача од митингот Ковачевски.

Ковачевски додаде дека доколку десничарска партија како ВМРО-ДПМНЕ добие преголема моќ, тоа ќе ги „убие“ ЕУ перспективите на државата.

„Затоа, ги повикувам сите прогресивни граѓани кои ѝ мислат добро на државата, да излезат на изборите на 8-ми мај и да изберат европска иднина со СДСМ и коалицијата, да гласаат ЗА Стево Пендаровски за Претседател и да им кажат одлучно НЕ на деструктивните сили кои заговараат внатрешни конфликти, поделби и надворешни изолации и блокади“, заклучува Ковачевски од митингот во Драчево, се наведува во партиското соопштение.

Фицо е свесен и комуникативен

Премиерот на Словачка Роберт Фицо е свесен и комуникативен, а последователно му беше извршена томографија, соопштија денеска неговите лекари.

- Истовремено се преземаат натамошни чекори за подобрување на неговото здравје, соопштија од болницата во словачкиот град Банска Бистрица, каде што премиерот се заздравува по атентатот.

Вицепремиерот Роберт Калинак пред два дена изјави дека Фицо е надвор од животна опасност, иако се уште е во премногу сериозна состојба за да биде префрлен во болница во Братислава. /МИА

Бербок го обвини Путин за терор насочен врз украинските цивили

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок го обвини рускиот претседател Владимир Путин за терор насочен врз инфраструктурата и цивилното население во Украина.

„Фактот дека овој терор врз инфраструктурата продолжи и по зимата покажува дека рускиот претседател сака да ја уништи земјата, сака да ги уништи животите на луѓето овде“, рече Бербок денеска за време на посетата на една од најголемите електрани во Украина.

Таа беше информирана од украинскиот министер за енергетика Герман Галушченко за ситуацијата во електраната, која беше уништена минатиот месец.

Галушченко рече дека Русија истрелала вкупно 11 проектили на локацијата. Од нив, само шест беа соборени од украинскиот систем за противвоздушна одбрана бидејќи немаше повеќе на располагање противвоздушни ракети.

Германската министерка апелираше „до меѓународните партнери ширум светот дека треба да се зајакне воздушна одбрана за да ги заштитат не само големите градови, туку и инфраструктурата“.

„Дури и во топлите пролетни денови, снабдувањето со електрична енергија во Украина мораше да се намали бидејќи централните електрани на јаглен беа погодени од целни напади“, рече Бербок. /МИА

Младиот велешанец кој излета на автопатот Велес-Скопје, вон животна опасност

Изутрината во  06.15 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот А-1, делница Велес – Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 31 годишниот велешанец П.К., излетало од коловозот.

Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во велешката болница, информираат од СВР Велес.

Како што изјави за МИА, Марина Андова портпарол на ЈЗУ Општа болница на повредениот кој во велешката болница бил донесен во 7:00 часот, веднаш ми била укажана лекарска помош и бил испратен на одделот за Радиодијагностика и томографија и била констатирана скршеница на лева натколеница и бил оставен до 11 часот на посматрање во одделението за Хирургија,ортопедија и трауматологија при велешката Општа болница. Поради сериозноста на повредата потоа со возило на Итна помош бил препратен на понатамошно лекување во скопските клиники.

Како што информираат од СВР Велес, за настанот бил известен јавен обвинител и по негово овластување, полициски службеници извршиле увид на местото на настанот.

притисни ентер