Ковачки: Се обврзуваме на реконструкција на пругата Велес-Кочани,....

Се обврзуваме на реконструкција на пругата Велес-Кочани, реконструкција на автопатот Катланово-Велес, нова катна гаража, реконструирање на општата болница во Велес и многу други проекти за велешани.

Ќе ги вратиме сите железнички линии во функција, ќе ја реконструираме пругата Велес-Кочани, ќе ја електрифицираме пругата Велес-Битола, ќе го реконструираме автопатот Катланово-Велес, ќе изградиме нова катна гаража во Велес, ќе ја реконструираме општата болница во Велес. Нови 26 милиони евра од проектот 250 милиони евра за општините.

Велес заслужува да се развива, Македонија заслужува да се развива, затоа ве повикувам сите заеднички да го поразиме овој ненароден режим. На 8 мај заеднички сите да излеземе и да го заокружиме бројот 2, за Гордана Силјановска Давкова за претседател и за Христијан Мицкоски за премиер за Македонија.

Драган Ковачки, носител на изборна единица 3

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Грчки медиуми: Провокација од Сиљановска, ја нарече земјата „Македонија“

Честитки до Сиљановска Давкова стигна и од претседателите на европската комисија и на советот на ЕУ, Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел кои нагласија ја определбата за соработка во продолжување на европскиот пат на земјата. 

Грчките медиуми пак веднаш реагираа зошто Сиљановска не го употребувала уставното име на државата при давањето на заклетвата.

Тоа го направија и од ДУИ, но и мнистерот за правда Кренар Лога, за кого заклетвата на новата претседателка била, како што рече ништовна…За дел од експртите очекувани се реакциите од јужниот сосед….

Еуфорија во Мадрид: Илјадници ја поздравија шампионската екипа на Реал (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид денеска со дефиле по улиците на Мадрид го прославија освојувањето на шампионската титула во Примера, пренесуваат шпанските медиуми.

Реал минатиот викенд ја обезбеди титулата во Ла Лига, но управата на клубот реши да ја одложи прославата за една недела. Тимот од Мадрид стигна до 36-та титула на национално првенство во клупската историја.

Реал синоќа на гостински терен ја победи Гранада со 4:0 во натпреварот од 35.коло во шпанското првенство, а мадридскиот клуб моментално е на првото место на табелата и има 15 бода повеќе од второпласираната Жирона на три кола пред крајот на првенството.

Шампионскиот трофеј му беше доделен на мадридскиот тим на церемонија во клупскиот тренинг центар, а играчите потоа со отворен автобус минаа низ улиците на шпанската престолнина.

Шпанските медиуми потсетуваат дека титулата по традиција се славеше на плоштадот Сибелес.

Реал го победи Баерн со 2:1 во реванш полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите во Мадрид на 8 мај. Клубот од Мадрид победи во финалето на Лигата на шампионите, бидејќи првиот натпревар одигран на 30 април во Минхен беше нерешен, 2:2.

Реал на 1 јуни ќе игра против Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на шампионите на Вембли во Лондон.

Гордана Сиљановска – Давкова и официјално е првата претседателка на Македонија

Гордана Силјановска Давкова во Вила Водно беше пречекана со интонирање на македонската химна, по што заедно со довчерашниот претседател Стево Пендаровски се упатија кон Кабинетот на Претедателот.

Гордана Силјановска Давкова во Вила Водно беше пречекана со интонирање на македонската химна, по што заедно со довчерашниот претседател Стево Пендаровски се упатија кон Кабинетот на Претедателот, каде што се случи примопредавањето на функцијата. , со што почнува нејзиниот петгодишен претседателски мандат.

„Силјановска Давкова и Пендаровски остварија и кратка тет а тет средба, по што претседателката го испрати Пендаровски како вистинска домаќинка, до врата. На заминување му порача дека ќе го бара во иднина доколку и биде потребен негов совет за извршување на државничките работи.“

Примопредавањето на функцијата во Вила Водно го следеа голем број телевизиски екипи, од земјава и регионот.

Пред пристигнувањето во Вила Водно Давкова даде свечена изјава на инагуративна седница во Собранието.

Силјановска Давкова е шести претседател од осамостојувањето на државата.

притисни ентер