Лицето на ова девојче го избезуми жирито (видео)

 Никој не го очекуваше она што се случи, во студиото завладеа тишина! 

Сè падна во втор план кога таа заблеска.

Танцот е еден од најстарите начини на изразување емоции. Танцовите жанрови исто така се менувале низ историјата на човештвото. Бројните натпревари се можност танчарите да ги покажат своите вештини. На еден од бројните натпревари се појави девојче од едвај 10 години кое го воодушеви жирито со своите танцувачки вештини.

Меѓутоа, во желбата да биде поинаква и забележана, ова девојче прибегнало кон драстичен трик, па своето лице за настап го нашминкало како да оди на Ноќта на вештерките. Кога таа се појавува на сцената со нашминканото лице, сите занемуваат, особено членовите на жирито.

Десетгодишната Сидни Абот најпрво се претставува пред жирито облечена во тренерки, а со првите звуци на музиката ги соблекува и останува во црно трико. Нејзиниот настап е проследен со музика како од хорор филмовите, а таа со своите танцувачки вештини како да сака да евоцира сцена достојна за најстрашните хорор филмови. Судејќи по реакциите на членовите на жирито, но и на публиката во студиото, малата Сидни успеа во тоа.

@gottalentglobal Don't Let Her Cuteness Fool You! #contortionist #creepy #kid #dancer #canadasgottalent #gottalent #howiemandel #LillySingh #TrishStratus #kardinaloffishall ♬ original sound - Got Talent Global

За време на настапот таа изведе неверојатни акробации, па затоа доби громогласен аплауз и од членовите на жирито и од публиката.

Видеото привлече големо внимание на Тикток, а луѓето беа воодушевени од нејзиниот талент.

- Се прашувам како го открила овој талент.

- Земете ја за актерка во хорор филмови.

- Имаш совршен талент!

- Дали само јас се преплашив од ова?

- Ова е претерано за мене, особено затоа што се работи за мало девојче.

- Танцот е совршен, но ваквата шминка е претерана, не би сакал да ја сретнам во некоја темница.

-Би сакала да ги видам нејзините родители и да знам зошто дозволуваат едно дете да настапува облечено и нашминкано вака.

- Ми треба за скриена камера - беа дел од коментарите.

Многумина признаа дека целото шоу го изгледале во еден здив. Иако многумина забележале дека девојчето е многу младо и има огромен талент, сите се согласиле дека „ѕвездата е родена“. Но, имаше и такви кои веруваат дека на децата не им се потребни вакви изведби и дека родителите не треба да ги насочуваат кон вакви работи, дури и да се работи за уметничко изразување.

Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот

Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Жоргињо може да го напушти клубот.

Според „Standard“, за 32-годишниот Италијанец силно се заинтересирани Јувентус, Лацио и Наполи. Во исто време, лондонскиот клуб се надева дека играчот ќе ги одбие понудите и ќе го продолжи договорот со Топџиите.

Оваа сезона Жоргињо одигра 35 натпревари, постигна гол и две асистенции.

Се шпекулира дека одлуката дали Жоргињо ќе остане во Арсенал во голема мера ќе зависи дали неговиот тим ќе ја освои Премиер лигата. /МИА

Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата

На територијата на државава во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 130 санкции за брзо возење.

Од нив, како што информираа денеска од Министерството за внатрешни работи, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 53 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место.

Санкционирани 157 возачи под дејство на алкохол

МВР информира дека вчера, во акциска контрола, се санкционирани 157 лица кои возеле под дејство на алкохол.

Контролата била спроведена од 16.00 до 22.00 часот на територијата на Република Северна Македонија.

Според МВР, санкционирани се и 183 други видови на сообраќајни прекршоци.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведува Министерството.

притисни ентер