Мицкоски до Османи:Слоганот не е шовинистички- значи дека ќе ја вратиме Македонија на народот

Додека од власта зборуваат за интеграции, ја купуваат „Соравија“ додека тие се колнат лажно во европските вредности, им течат тендери и набавки, додека тие се обидуваат со лаги и празни зборови да ве плашат .

Додека од власта зборуваат за интеграции, ја купуваат „Соравија“ додека тие се колнат лажно во европските вредности, им течат тендери и набавки, додека тие се обидуваат со лаги и празни зборови да ве плашат дека ние сме биле против Европската Унија, а тие за Европската Унија, и дека живеете најубаво во Југоисточна Европа, Македонија сѐ повеќе тоне, а тие беозбразно се богатат“, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНе Христијан Мицкоски од митингот во Радовиш и додаде:

Секогаш кога ќе ја кажеме вистината за ДУИ, дека тие грубо ја злоуотребуваат судбината пред се на Албанците, и нивната мака, за да се богатат и крадат, кажувањето на таа вистина од ДУИ ја толкуваат како напад врз албанците. Тоа во суштина е заштитниот чадор со кој тие сакаат лажно да се престават за некакви борци за каузата на Албанците додека истите ги оставаат во сиромаштија, без патишта, без работа, без вода за пиење, без канализација, без основни услови за живот.

Мицкоски упати порака до Бујар дека слоганот не е шовинистички, туку слоганот Македонија повторно твоја означува дека Македонија ќе ја вратиме на народот, истиот тој кој власта безимислосно го краде и осиромашува.

„Па така Бујар Османи ќе обвини дека слоганот Македонија повторно твоја бил шовинистички слоган. Тоа може само да го каже неук човек кој е вистинси шовинист и кој Македонија не ја чуствува за своја татковина, затоа што јас кога ќе кажам Македонија мислам на сите граѓани кои живеат во нејзе. На Македонците, но и на Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњацитеи сите останати. Кога Бујар Османи ќе каже Македонија тој не ја чуствува за своја татковина иако бил министер во сите можни влади на Македонија. Иако црпи пари и плати од државата која не ја признава за своја татковина. Е тоа е шовинизам на дело. Да ги признаваш парите што ги земаш, но и државата која те плаќа. И лицемиерието е поголемо што токму Бујар е министер за надворешни работи и од него се очекува да ги брани интересите на Македонија пред светот. Македонија е и твоја држава, сакал или несакал да признаеш. Мојата борба е Македонија да ја вратиме на народот, истиот тој кој безимислосно го крадете и осиромашувате“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски истакна дека времето на Артан и Бујар помина а доаѓа ново време кога Македонија се враќа во рацете на народот.

„Времето на Артан и Бујар престанува. Доаѓа ново време кога Македонија се враќа на народот. Ковачевски треба да престане да ја бара вината во сите други само не во себе. Доцна се сети дека ДУИ ќе биде јамката околу него која ќе му ја заврши и неговата кариера. Но си ја продаде душата за грст привилегии и тендери. Е сега го плаќа цехот. Ако нешто не му е јасно нека ја види разликата од над 180 илјади гласови. Тоа е кога народот на Македонија некому му вели доста е“, нагласи Мицкоски, се наведува во партиското соопштение.

МВР: Ќе се преземат соодветни мерки за дислоцирање на реквизитите за забавен парк во Каропш

 Надлежни институции, постапувајќи по допрен глас дека се поставуваат реквизити за забавен парк без соодвети дозволи и документација на локација во општина Карпош, вчера излегле на терен. 

По направениот увид се најавуваат конкретни мерки во насока на отстранување на неправилностите, престанување со вршење на активноста, како и дислоцирање на реквизитите.

-Постапувајќи по допрен глас дека во Скопје, на подрачјето на Општина Карпош, поточно пред спортскиот центар Борис Трајковски без соодветни документи и потребни дозволи се поставени реквизити за забавен парк меѓу кои и панорамско тркало, на 20 мај 2024 година единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје во координација со службени лица од Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и градежен инспектор од Општина Карпош излезе на лице место и презема конкретни соодветни мерки и активности од делокругот на својата надлежност и овластувања, информираат денеска од МВР.

Оттаму појаснуваат дека од страна на инспекциските служби по преземените мерки и активности и констатираната фактичка состојба изготвени се записници за констатирана состојба, додека од страна на овластен градежен инспектор од Општина Карпош поведена е постапка за констатираните неправилности.

По ова велат од МВР, ќе бидат преземени конкретни мерки во насока на отстранување на неправилностите, престанување со вршење на активноста, како и дислоцирање на реквизитите.

МВР: Амбер Алерт Европа стартува со кампања низ цела Европа

МВР: Амбер Алерт Европа стартува со кампања низ цела Европа со совети како да се постапи во случај на исчезнато дете.

Проверете. Размислете. Пријавете.“ е насловот на кампањата која ќе биде активна во 16 држави на 14 јазици по повод Меѓународниот ден на исчезнати деца. Министерството за внатрешни работи на Република Македонија во почетокот на 2024 година потпиша Меморандум за разбирање со Фондацијата Амбер Алерт Европа и со тоа и нашето Министерство и држава се дел од ова кампања и систем за случаи поврзани со исчезнати деца, информираат денеска од МВР.

За Меѓународниот ден на исчезнати деца, Амбер Алерт Европа, Европскиот центар за исчезнати деца почна со кампањата „Проверете. Размислете. Пријавете“, велат од МВР и додаваат дека оваа иницијатива насочена кон родителите и негувателите, овозможува сеопфатни совети „чекор-по-чекор“ што да прават во случај на исчезнато дете.

-Кампањата ќе почне заеднички во 16 земји, од министерствата за внатрешни работи, националните полиции и водечките непрофитни организации посветени на заштита на децата. Името на кампањата го дефинира нејзиниот основен совет: „Проверете“ за да го потврдите отсуството на детето. „Размислете“ за да се потсетите на најважните детали и да ја процените ситуацијата и „Пријавете“ за да ги алармирате надлежните итно, појаснуваат од МВР.

Годишно, се вели во соопштението, илјадници семејства ширум светот ја доживуваат траумата од исчезнато дете. Во такви моменти, информираноста какви чекори да се преземат е многу важна.

Препознавајќи ја оваа потреба, Амбер Алерт Европа соработуваше со експерти од областа на исчезнати личности за да ја развие кампањата „Проверете. Размислете. Пријавете“.

-Секоја година, 300.000 деца исчезнуваат во Европа. Кампањата „Проверете. Размислете. Пријавете“ е клучна пресвртница во нашите постојани напори да ги заштитиме децата и да ги поддржиме семејствата во време на такви кризни ситуации, вели Френк Хоен, претседател и основач на Амбер Алерт Европа и додава дека целта е да се подобри времето на реакција и да се зголемат шансите за безбедно и брзо повторно обединување на исчезнатите деца со нивните сакани и најблиски.

Кампањата „Проверете. Размислете. Пријавате“ ќе биде споделена во Албанија, Австрија, Белгија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешката Република, Италија, Литванија, Малта, Холандија, Република Македонија, Полска, Португалија, Словенија, Шпанија и Обединетото Кралство.

Повеќе информации за кампањата и совети за реагирање во случај на исчезнато дете погледнете на овој линк - https://www.amberalert.eu/check-think-report/mk

Амбер Алерт Европа, Европски центар за исчезнати деца е фондација која се стреми да ја унапреди заштитата на исчезнати деца и да превенира исчезнување на деца преку нивна едукација и создавање свест за темата на исчезнати деца и основните причини за нивно исчезнување. Амбер Алерт Европа поврзува експерти од над 45 владини организации, попрецизно министерства за внатрешни работи и полиции и невладини организации од 28 земји со крајна мисија нула исчезнати деца во Европа.

„Гответе со Дракче“ - Пилешки крилца во соја сос

Во понеделник  (21.05.2024) во емисијата гостин ни беше Раде Рогожаров.

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. пилешки крилца

100 мл. вода

1 лажица сода бикарбона

2 лажици шеќер

2 лажици масло за јадење

1 лажица црвен пипер

1 лажица соја сос

3 чешниња лук

малку сол, бибер и зачини по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер