Мицкоски: СДСМ им ветувала на ДУИ колач од 70 проценти од власта и институциите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Охрид пред граѓаните обзнани едно сценарио, една завера која ја подготвува актуелната власт и со која си се лажат себе си дека ќе им успее.

„А, тоа е, ќе имале СДСМ 28 пратеници, а албанските партии ќе добиеле 33 заедно и ќе правеле влада заедно, замислете каква багра е тоа, и како размислува за иднината на Македонија. Нив не ги интересира иднината на државата, туку иднината на нивните фотелји, нема откажување од фотелјите треба да им е слоганот. Дури и им ветувале на ДУИ дека наместо како до сега 50 проценти од државните институции, СДСМ би се задоволиле со 30 проценти, а ДУИ и останатите партии да преземат се до 70 проценти“, појасни Мицкоски.

Мицкоски ги повика граѓаните да излезат во поголем број на изборите и оваа актуелна власт да ја испратат на буништето на историјата каде што и заслужуваат.

„Затоа ве повикувам во што е можно поголем број да излезете и да им кажете што мислите за ваквите нивни сценарија, да има покажеме сите заедно што е и колкава е силата на Македонија и да ги испратиме на буништето на историјата каде што заслужуваат. Излезете на избори и гласајте“, посочи тој, се наведува во партиското соопштение.

Тухел го критикуваше Ким за примените головите на дуелот со Реал

„Беше премногу алчен и агресивен“.

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел го посочи Ким Мин за неговиот настап на натпреварот против Реал Мадрид.

Баерн вчеравечер одигра нерешено со мадридскиот клуб во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите (2:2).

- Тој двапати беше премногу алчен. При првиот гол против Винисиус премногу рано тргна во дуел па Тони Крос го искористи тоа со додавање. Вториот гол – за жал, тоа беше уште една негова грешка. Ние бевме петмина тие двајца. Немаше потреба да се брани толку агресивно против Родриго и без потреба направи пенал. Токму кога Ерик Дајер сакаше да помогне, Ким го фаулира Родриго. За жал, со оглед на квалитетот на противникот, овие грешки се казнуваат. Но, мораме да продолжиме понатаму, рече Тухел.

Реваншот во Мадрид е закажан за 8 мај. /МИА

Блинкен го посети Керем Шалом, преминот за хуманитарна помош меѓу Израел и Газа

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска го посети Керем Шалом, преминот за хуманитарна помош од Израел до Појасот Газа.

За време на посетата на Блинкен, десетина камиони чекаа да влезат во Појасот Газа додека неколку израелски тенкови беа паркирани во близина.

Посетата на американскиот државен секретар доаѓа во момент кога Израел изрази намера да изврши копнен напад врз Рафа, град на неколку километри од Керем Шалом, кој сега е дом на околу 1,5 милиони Палестинци, од кои огромното мнозинство се раселени поради војната. /МИА

Јојуз: Тврдам дека на крај сите ќе одат на „баци рака' кај Мицкоски

„ВМРО-ДПМНЕ ќе ги потпише уставните измени“

ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие избори, не е камелеон партија, најбројна е и најорганизирана, имаат програма, има економска програма за разлика од сите нив што немаат ниту една и тврдам дека на крај сите ќе одат на „баци рака' кај Мицкоски. Но, тука ќе се отвори Пандорината кутија дента кога ќе победи ВМРО-ДПМНЕ. Во таа Пандорина кутија тие преферираат да имаат коалиција со ВРЕДИ со тоа што цело време ја користат синтагмата „бугарски диктат“ и тука оправдување ќе им биде дека сега е т.н. европски диктат и тоа ќе им служи како изговор. Во политиката нема ништо случајно, рече Агим Јонуз во Само Вистина.

притисни ентер