Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот народ

Денеска започнува првиот ден од изворната кампања за парламентарните избори. Денеска од тука, паркот во Ѓорче Петров сум заедно со Бојан Стојаноски и Габриела Калкова кои се на нашата листа за кандидати за пратеници.

Од тука сакаме да ги повикаме сите граѓани, не само од Ѓорче Петров, туку од целата ИЕ 2 да ни се приклучат.

Да ни се приклучат во оваа наша кампања, бидејќи ќе ја тераме секој ден една позитивна слика за Македонија ќе понудиме за граѓаните многу проекти и ќе понудиме подобар стандард за сите.

Ни ќе започнеме позитивно, како и секогаш.

Јас како носител во ИЕ 2 од секогаш кажувам дека на народот му треба надеж, му требаат промени, но му треба и позитива да види дека сме различни.

Доста беа црнила, доста беа црни сценарија во последниве седум години.

Видовме дека овие што се на власт ниту работат, ниту мислат добро за Македонија.

Затоа ние во нашата програма предвидуваме многу проекти.

Предвидуваме зголемени пензии уште во првата година за сите пензионери линеарно, но исто така повисоки плати, подобра здравствен систем, подобро образование, се разбира сите дечиња да имаат учебник и се она што секој еден граѓанин го засега.

Но, за да направиме историска победа ни треба поддршка од целиот македонски народ!

Таа победа би била победа за сите граѓани!

Треба Македонија да биде повторно твоја, да биде повторно на сите граѓани!

Затоа ги повикуваме сите ад се приклучат, бидејќи Македонија е во нивни раце!

Промените се во рацете на сите граѓани!

Промените стартуваат од тука, од Ѓорче Петров и насекаде во Македонија!, рече Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 2.

Пронајдено 5-годишното девојче кое се оддалечило во паркот во Сарај

Пронајдено е 5-годишното девојче кое доцна попладнето исчезна во паркот во Сарај.

Детето, чие оддалечување од местото било пријавено нешто по 16 часот од нејзин роднина, било пронајдено по околу два часа во близина на трговскиот центар Сарај, инфомираат од МВР.

Претходно, од полицијата информираа дека се трага по девојче со руса долга коса, облечено во розово фустанче и розови чевли.

Фон дер Лајен: ЕУ требаше да ги послуша предупредувањата на Централна Европа за Русија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека требало да се слушаат што зборуваат земјите од Централна Европа за Русија и порано да се преземат „одлучни акции“.

- Мислам дека требаше подобро да ги слушаме земјите од Централна Европа. Тие имаат многу повеќе искуство со соседството на Русија. Можеби требаше да направиме нешто порано, како што предложија некои централноевропски земји. Денеска можеме да бидеме благодарни и задоволни што имаме толку силна Европа, која може да даде толку силен одговор на Русија, рече таа на прес-конференција во Брисел на прашањето што научи ЕУ од Полска во изминатите 20 години.

Претседателката на Европската комисија истакна дека 20-годишнината од големото проширување на ЕУ бил одлучувачки момент и гледајќи од денешна перспектива, суштински ја промени Европа и ја направи посилна, пренесува полската телевизија TV World. /МИА

На ГП Богородица се чека околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Богородица се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

притисни ентер