На денешен ден

20 април

570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на исламот, според муслиманското верување – „Последниот пророк“. Во 40 година почнал да проповеда нова вера во еден Бог, но во почетокот имал малку приврзаници. Бидејќи не успеал во Мека, по 10 години отишол во Талф, а подоцна во Медина, каде што ја основал првата општина на новите верници.

1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер Кромвел го распуштил Парламентот и вовел лична диктатура како лорд-протектор на Англија.

1657.- Англиската флота, под команда на адмиралот Роберт Блејк ги нападнала и потопила сите 16 шпански воени бродови во пристаништето Санта Круз на Тенерифе, а потоа го уништила градот.

1768.- Умрел италијанскиот сликар Каналето, еден од најдобрите сликари на пејзажи во 18 век. Најмногу ја сликал Венеција, нејзините канали и палати.

1808.- Роден е францускиот цар Шарл Луј Наполеон Трети Бонапарта. Надевајќи се на успех, ја започнал војната против Прусија. Неговата цел била да го спречи обединувањето на Германија, но на 1 октомври 1870 година во битката кај Седан бил заробен и тргнат од престолот, а Франција на 4 октомври 1870 година повторно станала република. По склучувањето на мирот со Прусија, во 1871 година емигрирал во Велика Британија, каде умрел во 1873 година.

1889.- Во Браунау, Австрија е роден Адолф Хитлер, водачот на Третиот рајх и на нацистичка Германија, еден од најголемите злосторници во историјата во човештвото. Откако на Радио Москва ја слушнал веста дека единиците на Црвената армија истакнале црвено знаме на Рајстагот, на 30 април 1945 година, изврши самоубиство во својот бункер, во Берлин.

1893.- Роден е каталонскиот сликар и вајар Хуан Миро, еден од најголемите надреалистички уметници. Тој студирал во родната Барселона, а од 1919 година живеел во Париз. Кратко творел под влијание на кубизмот, но од 1924 година го изградил неповторливиот личен стил заснован на крајно спонтано регистрирање на формата и знаците кои ги евоцираат потсвесните претстави на примарните и елементарните витални состојби.

1893.- Роден е американскиот филмски актер Харолд Лојд, еден од најголемите комичари на немиот филм. Филови: „Сигурноста на последно место“, „Бруцош“, „Чувај се, професоре“, „Луда среда“.

1936.- Трупите на Италија кои во почетокот на октомври 1935 година без објавување војна влегле во Етиопија, презеле решавачка офанзива против етиопските сили и успеале да го скршат нивниот отпор и да ја колонизираат земјата.

1948.- Во близина на селото Богацко, Костурско, Егејска Македонија, во борба против грчките монархофашисти загинал Јани Лукаров, истакнат борец во македонското националноослободително движење и на Демократската армија на Грција. Роден бил во селото В'мбел, Костурско во 1922 година.

1972.- Американското вселенско летало „Аполо 16“ се спуштило на површината на Месечината.

1984.- Велика Британија соопштила дека нејзината администрација во Хонгконг ќе престане да функционира во 1997 година.

1994.- Израел и Палестинската ослободителна организација постигнале Договор за пренесување на власта на Палестинците во областа Газа и во градот Ерихон на Западниот Брег.

2006.- Романските власти наредиле евакуација на 1.000 луѓе поради рекордно високиот водостој на Дунав. Своите домови претходно ги напуштиле околу 7.000 луѓе во 129 населени подрачја, повеќе од 700 куќи беа потопени, а 75.000 хектари земја се нашле под вода.

2020.- На 95-годишна возраст почина легендарниот аниматор и режисерот на цртаните филмови „Том и Џери“ и „Попај“, Џин Дајч. Многу генерации деца израснаа со јунаците од овие цртани филмови, а честопати од нивните мајки беа поттикнувани да јадат спанаќ „за да бидат силни како Попај“. Легендарниот аниматор Дајч, покрај Попај, исто така е режисер и на 13 епизоди на цртаниот филм „Том и Џери“, кој и денес е омилен цртан филм на децата. /МИА

Европски фронт: Економски рамковен договор за еднакви можности, функционален пазар

Кандидатот за пратеник во втората изборна зона, Елми Азири преку пресс конференција го претстави Договорот за економски консензус (Економски рамковен договор), како еден од трите столба на платформата на Европскиот Фронт „Европа 2030“.

Во продолжение целосниот говор:

Почитувани претставници на медиумите

Почитувани граѓани

Економијата и животниот стандард на граѓаните е една од нашите приоритетни определби и ќе биде наслов на владата по 8 мај. Во периодот што го оставивме зад нас, бележивме резултати, покачувања на плати, колективни договори, поддршка на приватниот сектор и граѓаните од социјално ранливите категории, покачување на пензиите и субвенции во повеќе сфери. Ова не е доволно, туку е поставена здрава основа за заживување на економијата на државата и вашите семејни економии.

Ова не е доволно, туку е поставена здрава основа за заживување на економијата на државата и вашите семејни економии. За да постигнеме животен стандард кој е близок, а зошто не и еднаков на другите европски граѓани, ги поставивме економските прашања како еден од трите централни столба на нашата програма Европа 2030.

По Охридскиот договор, Договорот од Преспа и Договорот за добрососедски односи со Бугарија, дојде време за голем договор, а тоа е Договорот за економски консензус (економски рамковен договор).

Овој договор има за цел да обезбеди рамка за еднакви можности во функционална слободна пазарна економија со фер конкуренција и правичен регионален развој и инфраструктура што создава еднакви можности во економијата за сите учесници без разлика на нивната етничка, културна, полова и други групи на општеството.

Договорот за економски консензус ќе обезбеди политички и социјален консензус за развојните приоритети, политики и клучни реформи кои ќе овозможат социјална еднаквост и еднакви економски можности за сите, ќе создадат оптимизам и ќе промовираат забрзан економски раст (над 5% годишен раст на БДП), одржлив и сеопфатен развој за повисок стандард и квалитет на живот на сите граѓани.

Договорот за економски консензус се заснова на стратешката ориентација на земјата за членство во Европската унија и евроатлантската дефиниција на земјата во геостратешки контекст, како членка на НАТО и стратешки партнер со САД.

Договорот има за цел следните приоритети:

-Конкурентна економија и дигитална трансформација;

-Одржлив развој и зелена трансформација;

-Современа инфраструктура и правичен регионален развој;

-Човечки капитал и квалитет на живот; како и активна младина и еднакво општество.

Конкурентната економија и дигиталната трансформација значи забрзан раст и стабилни финансии, добро опкружување за бизнис, борба против монополите и олигархијата, борба против неформалната економија и фер и лојален даночен систем, како и поддршка на бизнисот, паметна специјализација и дигитализација на економијата.

Одржливиот развој и зелената трансформација ќе се фокусираат на чиста и здрава животна средина, безбедна, обновлива енергија и енергетска ефикасност, како и модерно земјоделство и одржлива храна.

Модерната инфраструктура и рамноправниот регионален развој се клучни за мала и отворена економија, имено паневропските коридори 8 и 10 ја ставаат нашата земја на крстопат и создаваат конкурентни предности со современиот транспорт и комуникација, автопатиштата и железницата.

Човечкиот капитал и квалитетот на животот се детерминанти во продуктивноста на економијата преку квалитетно образование, модерно здравство и одржлива социјална сигурност.

Активната младина и еднаквото општество ќе создадат привлечна средина во нашата земја со културна различност, нови можности за млади, спорт и рекреација, како и граѓански активизам во сите области од животот. Исто така, демографијата, миграцијата и дијаспората ќе бидат во вниманието на сите економски и социјални политики за создавање нови перспективи.

Договорот за економски консензус ќе ја направи Северна Македонија пожелно место за живеење на нашите граѓани, за задржување на младите во земјата и за враќање на дијаспората, атрактивно место за туристи и омилено место за инвеститорите.

Почитувани граѓани, со овој договор ќе бидеме самата Европа!

Нејзината реализација останува наша обврска, бидејќи вие на 8 мај со вашиот глас ја потврдувате и продлабочувате големата победа на Европскиот фронт.

Ви благодарам!, се наведува во партиското соопштение.

Мицкоски: Тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд

Не се само информации тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите, имаме и потврден случај тоа е во општина Липково за каде јасно Управниот суд донесе пресуда .

Не се само информации тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите, имаме и потврден случај тоа е во општина Липково за каде јасно Управниот суд донесе пресуда каде јасно се гледа дека волјата на граѓаните не е таа која е соодветна на резултатот, рече претседателот на ВМРО-ДПММЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на општина Бутел.

Мицкоски укажа „ние тоа го зборуваме цело време, затоа апелираме цело време бидејќи имаме индиции дека на уште педесеттина други такви места низ Македонија се полнеле кутии, а излезноста наеднаш по 18 часот се зголемила“.

Оттука, додаде Мицкоски, предупредувам на будност, на внимание.

„Тоа што сведочи од теренот е огромен притисок, обиди да се купи волјата на граѓаните од страна на ДУИ, мислејќи дека ќе направат голем резултат и така ВМРО-ДПМНЕ ќе биде пред свршен чин да мора да седне и да разговара со раководството на ДУИ“, кажа Мицкоски.

Мицкоски вели дека е убеден и верува во граѓаните на Македонија, без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Бошњаци, Роми или останати дека нема да го дозволат тоа.

„Можам да ви кажам примери во градови како Виница, Кочани, Делчево, Берово каде владини функционери во придружба со полицајци кои се идентификуваат како полицајци имале обиди да поткупуваат дури и во верски објект“, изјави Мицкоски.

Мицкоски заклучи дека волјата на народот не е резултатот за Бујар Османи, туку дека таа е многу помала и ќе биде уште помала во периодот кој следи, се наведува во партиското сопштение.

Стопанска комора: Нa компаниите им требаат предвидливи и пазарни услови за работење

Осигурителните компании кои се членки на Групацијата на осигурувањето и на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора соопштуваат дека се изненадени .

Осигурителните компании кои се членки на Групацијата на осигурувањето и на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора соопштуваат дека се изненадени што Комисијата за автомобилска одговорност при Министерството за финансии донела избрзана, непазарна и еднострана одлука без да ги земе во предвид аргументите на сите засегнати страни во осигурителната индустрија.

Од Групација на осигурувањето при Комората сметаат дека Агенцијата за супервизија на осигурувањето со извештаите кои ги доставува до Комисијата за автомобилска одговорност при Министерство за финансии создава хаос и забуна, дека не ги зема во предвид сите аспект на осигурителниот бизнис, влијае на Комисијата при Министерството за финансии и креира погрешна слика за реалноста на цените за авто осигурување.

Членките на Групацијата истакнуваат дека Македонија се стреми да стане членка на Европската Унија, но амбиентот за работа на компаниите и начинот на донесување на одлуките влеваат несигурност во работењето на компаниите.

- Македонија е една од ретките држави каде државата сеуште има функција во утврдување на цената за задолжителната АО и покрај фактот што се работи за пазарна економија. ЕУ секоја година во Извештајот за погресот на земјата, споменува дека оваа државна интервенција е неконзистентна со Европската регулатива и дека цената мора да ја утврдува слободниот пазар, односно да се случи либерализација на овој пазар. За жал, оваа реформа сеуште не е ни отпочната и ингеренциите за утврдување на цената на задолжителната автоодговорност се поделени помеѓу Владата, Комисијата за автомобилска одговорност и компаниите, се посочува во соопштението на Комората.

Од Стопанската комора потенцираат дека со донесената Одлука од страна на Комисијата за автоодговорност се лимитира делот за вршење на дејноста односно трошоците и се воспоставува 100 отсто државна контрола над цените за автоодговорност. Со ова, како што посочуваат, се оддалечуваме и од принципите на Европската Унија и од правилата на пазарната економија.

притисни ентер