На која возраст треба трајно да се престане со алкохол?

Ричард Рестак открива: Во која доба треба трајно да се престане со алкохол?

- Многумина повремено уживаат во алкохолни пијалоци... Но, некои луѓе често знаат и да претераат, што не е добро за нивното целокупно здравје. 3атоа, неврологот и невропсихијатар Ричард Рестак открива: Во која доба треба трајно да се престане со алкохол?

Во својата книга „Како да се спречи деменција“, неврологот ја образложува врската меѓу алкохолот и можноста за појава на одредени болести. Тој вели дека алкохолот е „директен невротоксин“, што значи дека редовното пиење големи количини алкохол може да биде штетно за мозокот, а оттука и за другите органи.

- Запрашајте се: „Зошто пијам?“ Ако одговорот е: „Алкохолот ми помага да си го подигнам расположението и да ја намалам анксиозноста“, можеби сте изложени на опасност и веројатно е најдобро да престанете целосно со алкохолот, објаснува д-р Рестак.

Советот гласи: Откажете се од алкохолот по навршувањето 65 години.

- На таа возраст вашиот мозок веројатно веќе консумирал алкохол колку што му е потребно на вашето тело. Кога алкохолот го оштетува мозокот, тоа влијае и на агилноста на телото, а можноста и за паѓање е поголема, појасни лекарот.

Наводите говорат: Стапката на смртност од пад е во раст - особено кај повозрасните мажи. Пиењето може да биде особено опасно за оние луѓе кои веќе се погодени од мускулна атрофија, проблеми со рамнотежата или користат одредени лекови. /МИА

Мислеле дека ја снимиле „поларната светлина“- епското промашување го виделе 6,3 милиони луѓе

Две млади момчиња неодамна шетале по улиците на британски Норич и ги здогледале „светлата на Аурора“. Секако, веднаш ја вклучиле камерата на телефонот.

Ако не ви е познато, Аурора Бореалис е видена над поголемиот дел од Европа, по силната соларна бура. Единствениот проблем е што Карим Ахтар и неговиот пријател Сули не биле сведоци на оваа природна појава.

Момчињата уживале во својата прошетка, а нивното внимание го привлекла особено силната (виолетова) светлина, која ја осветлила целата област.

Тие биле возбудени, а потоа доживеале невидено разочарување, пишува Дејли Стар.

„Мислевме дека ја видовме поларната светлина, но светеше од блискиот хотел“, велат тие.

Видеото од „епско промашување“ се појави на интернет и привлече големо внимание. Само на TikTok има повеќе од 6,3 милиони прегледи.

@paakkz We thought we missed them in iceland but saw them in norwich 🤣🤣 #fyp #viral #zyxcba ♬ original sound - Pakkz

„Истото ми се случи пред супермаркет“, „Ова навистина ќе ме налути“ и „Барем убаво си поминавте“, гласат дел од коментарите.

Управен суд одлучува по тужбата на коалицијата ВРЕДИ, Џафери со апел до судиите

Управниот суд  пред околу триесетина минути ја почна седницата на која се одлучува по тужба на коалицијата ВРЕДИ..

Таму е Михајло Видимлски. Михајло има ли некаква одлука во мегувреме и за што се расправа на седницата на Управнито суд

Невообичаено, но непосредно пред седницата на Управниот суд прес конференција во владата одржа техничкиот премиер Џафери кој обвинува за изборен инженеринг, и смета дека тој е одговорен за успешност на изборниот процес.

Шефот на канцеларијата што го штити Фицо бил со него во моментот на атентатот, откри детали

Шефот на Канцеларијата за заштита на уставните функционери, Павол Крејчи, присуствувал на атентатот на словачкиот премиер Роберт Фицо, објавија словачките медиуми.

„Тој беше со премиерот. Целиот костум му беше облеан во крв“, одговори министерот за внатрешни работи, Матус Шутај Ешток.

Тој додаде дека не гледа причина шефот на канцеларијата да биде одговорен и да биде сменет од функцијата. Полицискиот инспекторат ја проверува безбедносната постапка.

Крејчи е претседател на Словачката џудо асоцијација, во 2023 година се кандидираше за партијата Хлас.

Тој ја води Канцеларијата што ги штити владините претставници од ноември 2023 година, кога владата на Фицо веќе беше на власт неколку недели. Хлас е една од двете партии во коалиција со партијата Смер на Фицо.

Да потсетиме, по атентатот, премиерот со хеликоптер беше префрлен во болницата во Бањска Бистрица и неговата состојба по операцијата е сериозна.

притисни ентер